Дада таа карта за парите е без конкуренција, многу добра карта.
Ako ti e takov planot mozes slobodno da ja kupis taa graficka.
Момци имам сличен проблем како Војводава (од пред некој ден). Станува збор за компјутерот на брат ми, а он сака нешто подобро за играње. Бидејќи нема доволно пари за прилично солидна машина во моментов (според наши пресметки околу 40-50к денари), монитор има нов, 23" 1920х1080, би сакал да ве прашам вас за мислење. Конфигурацијата е следната:
MB ASUS P5LD2-X/1333
CPU Intel(R) Core(TM)2 Duo CPU E4500 @ 2.20GHz Socket 775LGA
RAM Kingston 4GB (Max bandwidth PC2-6400)
VGA Saphire AMD Radeоn 4670 1GB DDR3 RAM HDMI, DVI, VGA (Core Clock 750MHz, Memory Clock 800 MHz, Total bandwith 25,6 GByte/s)
HDD WD 250GB 7200rpm WD2500JS-22NCB1
Значи компјутерот функционира одлично за сега, но брат ми сакал да му одат игрициве подобро.
1. Дали може ова куќиште да се продаде со горенаведената конфигурација за некоја цена (претерувам ако кажам 200€?).
2. Ако не може да се продаде куќиштето како такво, дали мислите дека може да се продаде само графичката (купена е минатата година од Анхоч за околу 4.500к), или пак на делови компонентиве да ги продадам.
3. Горенавадената графичка за сега се покажа како одлична, па повторно гледав AMD Radeon (Sapphire во Анхоч).
6770 е 6.190ден;
6790 е 7.550ден;
6850 е 8.675ден и
6870 е 10.325ден.
Ако условно можам да го продадам куќиштето, тогаш најверојатно ќе одам со i5-2500k процесор (LGA1155 матична, 16 мега рам, солидно напојување CM) и 6850 или 6870 графичка. Ова го пишувам од причина што ако сега купам само графичка, за пола година веројатно би купил нови делови освен графичка која би ја земал сега. Дали мислите дека горенаведените 4 графички би одговарале за конфигурацијата (постоечката) која ја опишав и која најдобро според вас.
Извинете за долгово мислење и благодарам однапред.