Корисник сум на Дуо-Екстрим скоро 3 ипол години. Во првите година-две интернетот беше ептен стабилен како со брзина така и со uptime и пинг. Ама во последнава година ипол стана тешко невидено срање што стварно незнам од кај да почнам да набројувам. Прво го направија да се рестартира на 12 часа (претходно не беше вака), брзината ретко сум видел да биде повисока од 7-8 мбит, згора на сето ова срање пингот почесто рипа до ненормални бројки (120 пинг за скопје.... алоооо!!), и како цреша на шлагот е тоа што РАНДОМ си паѓа интернетот на секој час два и кога се јавив во поддршка, дечкото уште се расправа со мене ми вика еве гледам дека цело време имаш конекција. Кога му реков дека имам log фајл со тоа колку ,,цело време,, е конекцијата се закашла чоекот. Па уште ми вика па исклучи го модемот и нека ти се конектира преку рутер... ЛОЛ! No comment стварно значи какво срање стана нетов од кога го презема ОНЕ... Тешки драми... се мислам да се префрлам на Близоо само ќе треба да се плати 4600 ден пенал за раскинување.