Договорени нови санкции – Иран го затвора Ормускиот теснец

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

img74368252.jpg
ЕУ вовела ембарго на увоз на иранска нафта, Техеран најавил затворање на Ормускиот теснец, а САД тоа не го дозволува.​

Европската унија официјално вчера вовела санкции на иранската нафта и го замрзнала имотот на Иранската централна банка. Техеран одговорил дека, како што ветиле ќе го затворат Ормускиот теснец, најважната рута за транспорт на нафта во светот. Кога ќе се случи тоа, расправијата во светски рамки ќе биде неизбежна, бидејќи САД и сојузниците најавиле дека нема да го толерираат затворањето.

Дипломати од сите 27 држави членки на ЕУ во Брисел се договориле на Иран да му воведат ембарго, кое веднаш стапува во сила и се однесува на новите договори за сирова нафта и нафтени деривати, додека пак претходно склопените договори ќе важат до јули оваа година. Во ЕУ исто така е одлучено да се замрзнат паричните средства на Иранскaта централна банка во странство.

Иран тоа го очекувал, па на санкциите одговорил со закани.

"Ако се случи било каков прекин во врска со продажбата на иранската нафта, Ормускиот теснец дефинитивно ќе биде затворен.", изјавил Мохамед Косари, заменик претседател на Одборот на иранскиот парламент за надворешни работи и национална безбедност.

Инаку, низ Ормускиот теснец поминуваат повеќе од третина нафтени танкери на глобално ниво и петина од вкупната количина на нафта произведена во светот. Иран е вториот светски произведувaч на нафта, пред кого е единствено Саудиска Арабија која е сојузник на САД на Блискиот исток.
 
Американскиот носач на авиони со придружбата помина и влезе во персискиот залив.
Да ги видам сега персијците дали се луѓе од збор или само чатали фрлаа.
Америте им фрлија ракавица во лице,тие сега мора да одговорат.
Ако не го затворат персискиот залив тогаш одговорот е јасен, ако го затворат тогаш се спрема големо невреме на блискиот и среден исток со намера да зафати и многу поголем простор.
 
Инаку, низ Ормускиот теснец поминуваат повеќе од третина нафтени танкери на глобално ниво и петина од вкупната количина на нафта произведена во светот. Иран е вториот светски произведувaч на нафта, пред кого е единствено Саудиска Арабија која е сојузник на САД на Блискиот исток.

И кој би ќарил од зголемувањето на цената на нафтата? Колатерална штета би можеле да бидат неколку илјади Иранци при воздушни напади. И после све ќе се смири, цената на нафтата демек ќе се смали за 10% откако ќе рипне за 60%. Ќе измислат нова приграма слична на таа „Нафта за Храна“ во Ирак. На запад ќе се интерпретира тоа како голема победа на демократијата. Во Персија ќе се интерпретира како голема победа на Иран, во стилот немаа гз САД копнено да влезат им фуфка.

Сите среќни и весели :)
 
Е сега дефинитвно ја наебале!
 
Америте кај другите поминаа "лесно", ама со Иран не верувам дека ќе биде едноставно како со друите земји што ги окупираа и во името на "демократијата" .
 
Америте кај другите поминаа "лесно", ама со Иран не верувам дека ќе биде едноставно како со друите земји што ги окупираа и во името на "демократијата" .
Види, ова ти е доста интересна тема, зошто набргу ќе се видат резултатите и ако човек се истрчува со анализи, треба да биде спремен и на критики во евентуалните погрешни проценки.

Али тоа е тоа што ја прави темата интересна :)

Еве јас на што типувам.
САД најдалеку што ќе отидат ќе биде ограничена воена воздушна интервенција и евентуално превземање на контрола врз теснецот. И тука све ќе заврши. Режимот во Иран нема да биде чепнат воопшто.
 
Иран можеби нема да биде чепнат додека не се среди ракетниот штит над Европа. А можеби и ќе идат на ризик. Ако е така Европа е на мета, Иран во секој случај ќе возврати.
 
Иран можеби нема да биде чепнат додека не се среди ракетниот штит над Европа. А можеби и ќе идат на ризик. Ако е така Европа е на мета, Иран во секој случај ќе возврати.
Јас не мислам дека има моќ да возврати нешто сериозно. Значи најлошо сценарио што може Иран да изведе е урбана герила. На пример каде што има Иранци низ светов, да направат по некоја беља, што не е врзано со ракетниот штит. Исто така зголемена активност на Хамас и Хезболах врз Израелски цели. Можна е некоја провокација во Азербејџан, каде што Иран има влијание врз дел од населението. Во Авганистан ситуацијата е ептен извртена, пошто тие што ги подржуваат САД, се истовремено блиски со Иран, така да таму може све да се очекува :). Ништо не е подобра ситуацијата во Ирак, каде што Шиитите се моментално партнери на САД исто како и Курдите, кои се пак блиски со Иран.

Не гледам зошто САД би си ставале трн у здрава нога. И затоа реков, преку сила, максимумот е ограничена воена акција, сведена на воздушни напади и превземање контрола врз теснецот.
 
Нема копнено да се напаѓа, ке тргнат со авиони и.......................разбиче их ко циган малу сестру.Не е спорно али така нема да ја завршат работата.

Лично мислам дека нема да има напад, Американците не им треба окупација на уште една држава полна со бомбаши самоубици а ако нападнат со авиони имаат два проблеми:

1 - како ке бидат 100% сигурни дека ги онеспособиле реакторите и дека ги погодиле сите?
2 - што ке биде со 60% шиити во Ирак кога Иран ке им ја засили помошта во експлозиви и пари а да не зборам за Хезболах?

А ако го затворат Иранците теснецот од каде ке ја извезуваат својата нафта од која нели зависат?
 
И јас мислам дека нема да има напад, но мислам дека си грешка кога збориш дека Иранците извезуваат бомбаши самоубијци.
Мислам дека сосема е инакво размислувањето и делувањето на Иранците во однос на ова прашање. Доста се посуштински од арапите.
Ако воопшто има самоубијци во Хамас или Хезболах или некоја Шиитска милиција во околијата на Израел, мислам дека тоа сепак е влијание заостанато од арапите. Надвор од ова, мислам дека шиитите не практикуваат самоубиствени напади.
 
Види, ова ти е доста интересна тема, зошто набргу ќе се видат резултатите и ако човек се истрчува со анализи, треба да биде спремен и на критики во евентуалните погрешни проценки.

Али тоа е тоа што ја прави темата интересна :)

Еве јас на што типувам.
САД најдалеку што ќе отидат ќе биде ограничена воена воздушна интервенција и евентуално превземање на контрола врз теснецот. И тука све ќе заврши. Режимот во Иран нема да биде чепнат воопшто.
Ок,мене повеќе ме интересира како тоа би се одразило евентуално врз глобалната економија.Треба ли да очекуваме драстично зголемување на цената на нафтата и во колкав временски период би се решила целата ситуација?
 
Види ја нафтата на светските берзи денеска и ќе ти стане јасно. :)
Што подолго трае кризата повеќе ќе тријат раце нафтените гиганти, вклучувајќи ја тука и Русија и Иран.

Финтата е што во последните 20 години (од првата војна во заливот, па до денес), решавањето на кризите (како што викаш ти ситуациите) сами по себе на довеле до драстично намалување на нафтата на цените од пред кризата. Така да во иднина(како и до сега) можеме да очекуваме вакви кризи, и решенија што сами по себе не се решенија. :)

Кога ќе размислам малце подлабоко, цела оваа ситуација и дава доста стратешка предност на Русија(но и на Иран) која е богата со природен гас. Па така да можеби играта за поскапување на нафтата е воедно и качување на гасот една скала нагоре како стратешки енергенс.

Цела финта со меѓународната политика за една мала држава како нас е како да се вклопиме со текот на настаните. Во моментов, Рускиот гас ни се наметнува како одлична алтернатива. А и треба да се научиме малце повеќе да возиме точаци :)
 
Plus neizbezen e faktot deka osven toa sto imaat naftena sila...postoi i atomska sila koja e vo posed na Irancite.
Potpolno se slozuvam so mislenjeto deka Amerite mozda najebat na Iran. Baska toa sto od Evropska strana i Turcija pravi problem.
2012 navistina pocnala ubavo. Se haresavme. :D
 
Истава тактика на блогади,санкции и сл. Америте ја применуваа кон Јапонија во Втората светска војна што доведе до реакција од Јапонија и нападот во Перл Харбор,а Америка имаше причина да влезе во војната.
 
Plus neizbezen e faktot deka osven toa sto imaat naftena sila...postoi i atomska sila koja e vo posed na Irancite.
Potpolno se slozuvam so mislenjeto deka Amerite mozda najebat na Iran. Baska toa sto od Evropska strana i Turcija pravi problem.
2012 navistina pocnala ubavo. Se haresavme. :D
Баш ме интересира на што го базираш ова размислување. Ок еве и да имаат атомска бомба, 100 да имаат ќе ги употребат? На кого ќе ги употребат? Колкав дострел имаат? Мислиш Русија ќе дозволи некој во комшии да мавта со нуклеарно вооружвање?

Второ, како можат Америте да наебат во Иран. Не ми е јасно како можат да наебат. Како пример како наебале го често го даваат Виетнам кај што Американците изгубиле 58.000 војници а Виетнам 1.200.000. Ако така наебат и во Иран, тешко на Иран.

И трето, каква пак сега улога има Турција со Иран. Турција ќе го брани Иран? Па дечко, Турција е 100 пати поголем непријател на Иран од САД и од цела западна коалиција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom