Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Нема логика ова што го зборуваш другар, па вака ако размислуваме ќе дојде време и кога за вселување во нова зграда ќе важи истово.
А што има логика у целава ситуација?
Пред саат време се врати другарчево од Белград со возот, заедно заминаа со еден што беше избран.
Го прашав што направил и ова ми го одговори: ostanja tija pokasno sto dojdoja.. mie porano se protnavmo.
 
Buji Buton

Manijak :P
Член од
4 мај 2010
Мислења
929
Поени од реакции
228
И да и јас сум про-ВМРО политички настроен ама ова што го дозволуваат стварно е некоректно и неубаво.. дека Самоил Малчевски беше од организаторите и дека не добиваа само оние што навистина земале карти (туку и цели групи дека имало) говори и тоа што баш пред Самоил стоев кога гласно викаше “Кај се дечките од навивачката група Мајмуни од Прилеп“ и еден од оние што чекаа да им прегледаат пасош му вика абе од тебе поголем мајмун има ли :pos:

+ На Сител вртело нешто напишано дека ќе има бесплатен превоз а не било баш потенцирано дека се работи за наградна игра, па дел од оние што беа таму што правев муабет рекоа дека разбрале за сите дека ќе биде бесплатно па затоа дошле.
ова не точно од навивачката група мајмуни имаше само 5 души од кој 2ца беа извлечени а 3ца се шверцоваја имам и доказ за тоа позз
 
П

Паспарту

Гостин
А што има логика у целава ситуација?
Пред саат време се врати другарчево од Белград со возот, заедно заминаа со еден што беше избран.
Го прашав што направил и ова ми го одговори: ostanja tija pokasno sto dojdoja.. mie porano se protnavmo.
Па истото го зборувам, не може некој што бил извлечен и имал карта да остане на железничка, а на негово место да оди плакатолепач кој воопшто не бил дел од таквата игра...

Јас никаде не видов дека кажаа КОЈ ПРВ СТИГНЕ ТОЈ ЌЕ ОДИ ЗА БЕЛГРАД.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Па истото го зборувам, не може некој што бил извлечен и имал карта да остане на железничка, а на негово место да оди плакатолепач кој воопшто не бил дел од таквата игра...

Јас никаде не видов дека кажаа КОЈ ПРВ СТИГНЕ ТОЈ ЌЕ ОДИ ЗА БЕЛГРАД.
Инаку другарчево ни одалеку не вмровец :)

Факт е дека цела организација потфрли, треба у најмала рака да им ги платат трошковите за превоз на тие што беа избрани, дојдоа до Скопје и таму останаа.
Да се извинат и НИКОГАШ ПОВЕЌЕ да не покренуваат вакви инцијативи/наградни игри/лотарии и слично, зашто не се способни тоа да го направат беспрекорно. Од толку членство не се најде некој кадарен да им објасни како тоа треба да се изведе за да нема оштетени.

А ако сакале да бутаат свои луѓе, нека кажеле дека ќе бидат доделени билети за 800-900 луѓе па останатите нека си ги поделеле меѓу себе, а не вака...
 
Општо зборев за овие плакатолепачи, за мене сите партии се исти, а со тоа и плакатолепачите. :) Но да организираш ваква работа само за да ќариш некој поен е неетички и пред се педерски. Извинување не поминува, а уште потешко ќе помине кај некој што дошол од Гевгелија/Струмица/Штип/Битола само за да го испрати возот како во време на Тито што ги испраќале учениците на работна акција. Затоа викам, треба најпрво да одговараат оние кои го смислија и организираа сето ова, но одговорност кај нас е мисловна именка, па затоа се ќе се сведе на тоа дека другите партии праќале луѓе да прават проблеми, дечкиве немале карти и сл.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Паспарту слабо ти иде да докажеш дека ова било наместено за да идат според тебе плакатолепачи. Слаба организација да - шверцани неколку луѓе и тоа е тоа. Доста теории на заговор, ете ти од луѓе што биле таму докази а ти се обидуваш партиски да ја свртиш работава.
 
П

Паспарту

Гостин
Кај им дадоа листа од 1000 души на тие што до вчера раководеа со списоци од по 15 :)

--- надополнето: 24 јануари 2012 во 13:53 ---
Паспарту слабо ти иде да докажеш дека ова било наместено за да идат според тебе плакатолепачи. Слаба организација да - шверцани неколку луѓе и тоа е тоа. Доста теории на заговор, ете ти од луѓе што биле таму докази а ти се обидуваш партиски да ја свртиш работава.
Јас се обидувам да ја свртам партиски работата? :pos: Ах ах ах мислење со своја глава е многу потешко отколку мислење со онаа на шефот... Инаку не се обидувам да докажам дека било наместено, најди еден пост каде што кажувам дека е наместена награднава игра? Јас зборувам за сосема 10та работа од онаа што ти си ја ставил во својата глава и што се обидуваш на беден начин да ја протнеш тука...

Нека биде по ваше, сигурно и ваучери од по 100 евра им давале пред граница. Бидете среќни сега, но ќе ви се удри еден ден од глава ваквото форсирање на неписмени потрчковци.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Е да да и сендвичи и сок :) Еве се разоткри кој праел мали фрки, ќе се среди тоа ВНАТРЕ у партија без гајле. Инаку целата идеја е за поздравување тоа треба да се истакне ама организацијата беше слаба така да за друг пат или да се организира добро или нека нема вакви работи.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Паспарту слабо ти иде да докажеш дека ова било наместено за да идат според тебе плакатолепачи. Слаба организација да - шверцани неколку луѓе и тоа е тоа. Доста теории на заговор, ете ти од луѓе што биле таму докази а ти се обидуваш партиски да ја свртиш работава.
Неколку... стотина - две... шака народ бе. :tapp:
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Неколку... стотина - две... шака народ бе. :tapp:
Да не ги броеше? Ова го кажав врз основа на луѓето што се бунеа дека не влегле и врз основа на изјавите од тие што се возеле со возот. Од кај ги извади 100-200 не знам.
 
П

Паспарту

Гостин
Е да да и сендвичи и сок :) Еве се разоткри кој праел мали фрки, ќе се среди тоа ВНАТРЕ у партија без гајле. Инаку целата идеја е за поздравување тоа треба да се истакне ама организацијата беше слаба така да за друг пат или да се организира добро или нека нема вакви работи.
Проблемот е што не требаше да дојде до тоа да се средуваат работите ВНАТРЕ во партија, таа вчера не требаше да има никаква улога, а излезе дека без неа ништо...
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Па и немаше! Имаше делување на своја рака на поединци кои злоупотребиле позиција. Затоа ќе се среди внатре.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Да не ги броеше? Ова го кажав врз основа на луѓето што се бунеа дека не влегле и врз основа на изјавите од тие што се возеле со возот. Од кај ги извади 100-200 не знам.
Од самите тие што викаш дека изјавиле тука дека не влегле. Истите велат дека биле околу 100-200 луѓе што останале надвор. Плус логика бре брачко, логика.

Самата изјава на канал 5 од Агенцијата за Млади и Спорт, дотичниот одговорен (не му знам име) кажа дека во воз влегле еднаш 600 еднаш 700, па еднаш 800 луѓе. Од 1000 извади 800 колку останува !? ;)
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Таруно па и самиот кажа дека место за 1000 луѓе во возот не ни имало, така да...грешката е на организацијата како што кажав. А не дека имало 100-200 шверцани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom