?
..........
Гостин
Тадааааааааааааааааааааааааа

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ахахахаха
Да не имаат face-recognition софтвер во агенцијата, па уште и на лоши видео снимки што работи. Сигурно од ЦСИ го земале.
Со ова си докажуваат дека се десило токму спротивното. Кога се обидуваш по секоја цена да си го извадиш задникот, уште толку го укашкуваш.
Оставка на директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазе Поповски
И на железничка кажува дека возот е бесплатен (пошто имало и други што сакале да одат со воз, па не мжеле да ограничат)И да и јас сум про-ВМРО политички настроен ама ова што го дозволуваат стварно е некоректно и неубаво.. дека Самоил Малчевски беше од организаторите и дека не добиваа само оние што навистина земале карти (туку и цели групи дека имало) говори и тоа што баш пред Самоил стоев кога гласно викаше “Кај се дечките од навивачката група Мајмуни од Прилеп“ и еден од оние што чекаа да им прегледаат пасош му вика абе од тебе поголем мајмун има ли
+ На Сител вртело нешто напишано дека ќе има бесплатен превоз а не било баш потенцирано дека се работи за наградна игра, па дел од оние што беа таму што правев муабет рекоа дека разбрале за сите дека ќе биде бесплатно па затоа дошле.
Значи Самоил нешто на своја рака изведувал можеби со поддршка на Лазе Поповски од АМС. Груевски реагирај овие двајцава ти рушат рејтинг за 200 картиииии
Второ прашање: Како ќе ги собере оние + што не беа извлечени?
Па напишав ја што мислам. Ако е вистина тоа што искоментирал некој од форумов треба да се казни Малчевски и плус Поповски ако знаел а би требало да знае. А ова со сликава што ја пратив последна ако сакате можам да отворам друга тема па да коментираме? Или не ти е интересно тоа со чии пари се отидени подмладокот на СДСМ од Струмица 3-4 дена во Белград на две утакмици 50 души?
Најверојатно сметале дека нема сите што ги избрале да се појават на железничка.
Патем, другарче кое не беше избрано, заминал саат и пол време на железничка и влегол. Така да, кој прв дошол ќе си се протнел, независно дали бил избран или не.
Ги жалам само таквите ко патувале цела ноќ за џабе.
Преживеав јас и се вратив од вој бесплатен превоз и карти па ајде да кажам што како беше од мој агол (вистински)
Стасав некаде 03:20/30 во Скопје (железничка) бидејки по мејл тие што добивме ни кажа во 04:00 да бидеме таму требало демек да ги земеме картите и во 05:00 одма да сме тргнеле, кога стасав во 3 и 20 таму имаше не повеќе од 40тина луѓе максимум а до пола саат пред договореното демек тргање според мои проценки немаше повеќе од 500-600 луѓе пред железничка.. но катастрофална организација имаше прво незнам зошто не се пуштаа одма луѓето како идеа да влезат и да си се најдат по списоците (барем тие што добиле) ама очигледно идеата им беше да се направи гужва па во неа да се избуткаат на сила и нивни луѓе да заминат за Белград.. настана хаос пред железничка буткање со полицијата и кој беше малце поупорен успеа да влезе во железничката..
друго иако добив и имав број ме немаше на списокот! списоците беа залепени на ѕидовите на железничката (со кој памет еј!?) и 1-2 листа фалеа минимум па кога го прашав зошто ме нема ми вика почекај мора да те има провери убаво нормално не планирав по 10 пати да ги прегледувам списоците бидејки не сум слеп па отидов и јас нагоре (ок малце со буткање што се вика) важно ако влезеше во железничката дури и да немаше карта те пуштаа оние контролорите што е голем фејл наместо да ги вратат они ги пуштаа нагоре во возот. Инаку 50% од присутните што беа таму па и што заминаа воопшто не ни ги извлекле.
Трето целиот капацитет на возот бил околу 850-900 според кондуктерот во возот а не некои си 1000 луѓе, и последно возот не беше ни експресен ни високо луксузен.. измрзнавме по возот со греење исто како да го немаше и капак на се беше што касневме кога стигнавме во Белград веќе 10 минути на утакмицата. Дури па и автобуси требало да не чекаат да не пренесат до салата а истата не е одалечена повеќе од километар/ипол од железничката, нормално кога еден кажа за тоа се случи стампедо и сите кон салата по главната улица блокирајки го цел сообраќај на тие улици (како животни)
И да Самоил Малчевски не само што е на списокот туку е и еден од поглавните организатори најверојатно, он делеше карти он избираше кои да одат преку ред во возот.. он им наредуваше на тие што пуштаа значи се а незнам кој го назначил. Тоа е тоа накратко, дури сега се враќам пред пола саат поради големата брзина и “не-застанувањето“ на нашиот директен воз на 10-15 станици. За следен пат ни на крај памет не ми паѓа да се пријавувам пак на вакви работи, подобро ќе си платам 50 евра со агенција без нервирање и бар топло ќе биде, ама ајде ептен да не пропаднеше картата што ја добив.