Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Еве го и Јанко дели карти за со Србија..... т.е газдата на Макоил преку емисијата на Јанко.
Штета што и Миленко нема емисија, и он да поделеше по некоа карта :icon_mrgr:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Не беа партиските војничиња таму, ма неее..лага е се ова. Тие што мрзнеа БеЦе лично ги прати да реметат се. Проста маса еј! :tapp:

Инаку еве ви го партиското војниче Самоил:



превземено од VidanaDeSign
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.424
Поени од реакции
16.710
Не беа партиските војничиња таму, ма неее..лага е се ова. Тие што мрзнеа БеЦе лично ги прати да реметат се. Проста маса еј! :tapp:
И оној беше поранешниот директор на АМС, Ивица му беше името.
А и Бучко го прикажаа :icon_lol:
 
O

Orion.

Гостин
Мене највеќе во целава работа ме загрижува бришењето на снимените клипови од страна на џандарите..Па "Где плови овај брод" бе мме ???
А колку и да се обидуваат да спинуваат и да ствараат виртуелна реалност повеќе од јасно е што се случило.
Малку акал да имаат воа партискиве војничиња што тролаат ќе одат во тоа штабот кај шо им го перат мозокот и ќе бараат на тој директорот на агенцијата за млади и спорт и компанијата околу него, да им се шибне по една клоца и да им се забрани да се приближат до било која владина институција.
Само такви како што ги дал господ, многу поверојатно е да се очекува да се соберат да протестираат против сдс :sick:
Тие што се плашеле да снимат со мобилни, или што по наредба на цајканите ги избришале, или пак цајканите лично ги избришале како и да било, испаднаа поглупи од цајканите. Цајкан нема правна основа да забрани да снимаш со мобилен така да слободно можеш да снимаш! Што може да ти се деси? Да те упаси неможе, по кој основ? Да те истепа? Со толку сведоци околу тебе, на суд после сите пари ќе му ги земеш така да.....
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И оној беше поранешниот директор на АМС, Ивица му беше името.
А и Бучко го прикажаа :icon_lol:
Бучко ( без мешање на проста политика) е стандарден на ракомет ( кој е бил знае). Не е фолирант , оди затоа што сака ракомет. Се сеќавам кога игравме со Словенците на Кале, седеше пред мене и се уби од навивање и пцување. Така да извадете го од шеширот за собирање на политички поени.
 
I

Ilindenka

Гостин
Ај уште еднаш прочитај кој е подвлечен и болдиран во мојот цитат погоре.
Читам и што? Одма ќе се извадат на новинарска грешка.
По мене сите засегнати страни се криви:
- власта за организацијата
- овие без карти,како можеле да се пикнат кога гледаат дека возот е само за добитниците
- овие надвор со карти: "стоевме и чекавме да не прочитаат...." јас да бев ќе ги имав испринтано и списокот од оваемакедонија и маилот. Па уште во 4:30 најкултурно ќе прашав што се случува и т.н.
- тепаните од алфите (а бе еден да се најдеше со снимка, вака јас ама баш ништо не верувам)
И доста веќе Бучко-Самоил, ВМРО-СДСМ, СДСМ-ВМРО.... барем Европсково да не оставевте да го изгледаме на раат.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
“Службени лица од Агенцијата за млади и спорт прегледаа некои од видео материјалите кои се снимени изутринава од кои после анализата и споредбата беше утврдено присуство на лица кои воопшто не се наоѓале на листата на добитници. Би сакале да истакнеме дека тие лица се провокатори на организираниот настан од веќе добро познати причини. Тие немале намера да влезат во возот, туку да направат неред, како епизода што следи после анти-навивачката колумна во петочниот број објавена во еден весник“ - се вели во соопштението до АМС.
Агенцијата сепак признава дека одреден број добитници не успеале да се качат во возот бидејќи како што велат „нивните места ги зазеле други лица успевајќи да се провлечат низ контролата, токму поради организираните провокации и нередот создаден од лицата кои имаа единствена цел тоа да го направат“ .
 
М

Мартин`

Гостин
Преживеав јас и се вратив од вој бесплатен превоз и карти па ајде да кажам што како беше од мој агол (вистински) :D

Стасав некаде 03:20/30 во Скопје (железничка) бидејки по мејл тие што добивме ни кажа во 04:00 да бидеме таму требало демек да ги земеме картите и во 05:00 одма да сме тргнеле, кога стасав во 3 и 20 таму имаше не повеќе од 40тина луѓе максимум а до пола саат пред договореното демек тргање според мои проценки немаше повеќе од 500-600 луѓе пред железничка.. но катастрофална организација имаше прво незнам зошто не се пуштаа одма луѓето како идеа да влезат и да си се најдат по списоците (барем тие што добиле) ама очигледно идеата им беше да се направи гужва па во неа да се избуткаат на сила и нивни луѓе да заминат за Белград.. настана хаос пред железничка буткање со полицијата и кој беше малце поупорен успеа да влезе во железничката..
друго иако добив и имав број ме немаше на списокот! списоците беа залепени на ѕидовите на железничката (со кој памет еј!?) и 1-2 листа фалеа минимум па кога го прашав зошто ме нема ми вика почекај мора да те има провери убаво нормално не планирав по 10 пати да ги прегледувам списоците бидејки не сум слеп па отидов и јас нагоре (ок малце со буткање што се вика) важно ако влезеше во железничката дури и да немаше карта те пуштаа оние контролорите што е голем фејл наместо да ги вратат они ги пуштаа нагоре во возот. Инаку 50% од присутните што беа таму па и што заминаа воопшто не ни ги извлекле.

Трето целиот капацитет на возот бил околу 850-900 според кондуктерот во возот а не некои си 1000 луѓе, и последно возот не беше ни експресен ни високо луксузен.. измрзнавме по возот со греење исто како да го немаше и капак на се беше што касневме кога стигнавме во Белград веќе 10 минути на утакмицата. Дури па и автобуси требало да не чекаат да не пренесат до салата а истата не е одалечена повеќе од километар/ипол од железничката, нормално кога еден кажа за тоа се случи стампедо и сите кон салата по главната улица блокирајки го цел сообраќај на тие улици (како животни) :icon_lol:

И да Самоил Малчевски не само што е на списокот туку е и еден од поглавните организатори најверојатно, он делеше карти он избираше кои да одат преку ред во возот.. он им наредуваше на тие што пуштаа значи се а незнам кој го назначил. Тоа е тоа накратко, дури сега се враќам пред пола саат поради големата брзина и “не-застанувањето“ на нашиот директен воз на 10-15 станици. За следен пат ни на крај памет не ми паѓа да се пријавувам пак на вакви работи, подобро ќе си платам 50 евра со агенција без нервирање и бар топло ќе биде, ама ајде ептен да не пропаднеше картата што ја добив.
 
П

Паспарту

Гостин
Сељачиштава секаде се бутнаа, од администрација до тезги на пазар, страшно! Остајте го народот бе бескичмењаци едни ропачки, кај ли ќе ви оди душата...
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 12:07 ---
“Службени лица од Агенцијата за млади и спорт прегледаа некои од видео материјалите кои се снимени изутринава од кои после анализата и споредбата беше утврдено присуство на лица кои воопшто не се наоѓале на листата на добитници. Би сакале да истакнеме дека тие лица се провокатори на организираниот настан од веќе добро познати причини. Тие немале намера да влезат во возот, туку да направат неред, како епизода што следи после анти-навивачката колумна во петочниот број објавена во еден весник“ - се вели во соопштението до АМС.
Агенцијата сепак признава дека одреден број добитници не успеале да се качат во возот бидејќи како што велат „нивните места ги зазеле други лица успевајќи да се провлечат низ контролата, токму поради организираните провокации и нередот создаден од лицата кои имаа единствена цел тоа да го направат“ .
Бранко е крив, он ги пратил 100%...
 
М

Мартин`

Гостин
И да и јас сум про-ВМРО политички настроен ама ова што го дозволуваат стварно е некоректно и неубаво.. дека Самоил Малчевски беше од организаторите и дека не добиваа само оние што навистина земале карти (туку и цели групи дека имало) говори и тоа што баш пред Самоил стоев кога гласно викаше “Кај се дечките од навивачката група Мајмуни од Прилеп“ и еден од оние што чекаа да им прегледаат пасош му вика абе од тебе поголем мајмун има ли :pos:

+ На Сител вртело нешто напишано дека ќе има бесплатен превоз а не било баш потенцирано дека се работи за наградна игра, па дел од оние што беа таму што правев муабет рекоа дека разбрале за сите дека ќе биде бесплатно па затоа дошле.
 
П

Паспарту

Гостин
И да и јас сум про-ВМРО политички настроен ама ова што го дозволуваат стварно е некоректно и неубаво.. дека Самоил Малчевски беше од организаторите и дека не добиваа само оние што навистина земале карти (туку и цели групи дека имало) говори и тоа што баш пред Самоил стоев кога гласно викаше “Кај се дечките од навивачката група Мајмуни од Прилеп“ и еден од оние што чекаа да им прегледаат пасош му вика абе од тебе поголем мајмун има ли :pos:
Прилепчанец е човекот, па и тука ете врски.... А најтрагично е што на еден портал "магистеров, кој не знае голема буква да напише после точка" пишува дека и он имал право да биде избран бидејќи и он плаќал данок во државава... Затоа нема никогаш да не биде како држава, ама баш никогаш! Пак ќе кажам, жал ми е што оние извлечените не отидоа поради вакви нискоинтелигентни безрбетници и амеби.
 
М

Мартин`

Гостин
Прилепчанец е човекот, па и тука ете врски... А најтрагично е што на еден портал "магистеров, кој не знае голема буква да напише после точка" пишува дека и он имал право да биде избран бидејќи и он плаќал данок во државава... Затоа нема никогаш од оваа банана држава да биде ДРЖАВА!
Ете што било врската, незнаев дека бил Прилепчанец ама со ова се потврди значи и тоа ..
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
“Службени лица од Агенцијата за млади и спорт прегледаа некои од видео материјалите кои се снимени изутринава од кои после анализата и споредбата беше утврдено присуство на лица кои воопшто не се наоѓале на листата на добитници. Би сакале да истакнеме дека тие лица се провокатори на организираниот настан од веќе добро познати причини. Тие немале намера да влезат во возот, туку да направат неред, како епизода што следи после анти-навивачката колумна во петочниот број објавена во еден весник“ - се вели во соопштението до АМС.
Агенцијата сепак признава дека одреден број добитници не успеале да се качат во возот бидејќи како што велат „нивните места ги зазеле други лица успевајќи да се провлечат низ контролата, токму поради организираните провокации и нередот создаден од лицата кои имаа единствена цел тоа да го направат“ .
Ахахахаха :pos:

Да не имаат face-recognition софтвер во агенцијата, па уште и на лоши видео снимки што работи. Сигурно од ЦСИ го земале. :D

Со ова си докажуваат дека се десило токму спротивното. Кога се обидуваш по секоја цена да си го извадиш задникот, уште толку го укашкуваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom