Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 20 проценти.

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Имаат проекти за самовработување, мој предлог е први на листата да бидат буџетарите за аплицирање. На тој начин со сопствените мерки ќе им се овозможи да не останат на улица, а бидејќи се паметни ќе придонесат за развој на реалниот сектор. И така за 5 години администрацијата би била преполовена, а реалниот сектор зголемен. Се разбира нема „дали сакаат“ туку „мораат“. Доста го јадеш народот! - Проект на владата на Р.М.
 
Неспособни празноглави ќе се самовработеле? Море стапот на пола и више шо се вработени во тоа паразитско дувло државна администрација. Нека земе воздух буџетот, нека не осободат од триста даноци шо ги собираат за да ја ранат таа раја непотребна.
 
Ај некој што разбира економија, пари, пазар...што би се случило ако во моментов имаше 50% помалку буџетари? Што со даноците, што со давачките, што со пазарот, прометот на приватните фирми, банките, недвижнините, трговијата...? Дали додека имаше многу помал % ај негде 60-70% како што проценуваат некои, давачките беа 30% помали и дали рестото од буџетот одеше во развој/подобрување (инфраструктура, услуги...)?
Или накратко што ќар сте имале како газди на приватни фирми и што ќар имала државата пред 15, 10 години и сега?Дали останувало повеќе па дел сте споделувале со своите работници како награда, 13 плата...?
Ме интересира врз што конкретно се базира размислувањето за мала администрација и просперитет на државата и приватните фирми...овде, во Македонија. Дали некој направил анализа што ќе се деси со пазарот во Македонија, социјалните услови, безбедноста, фирмите, банките... дали некој ги земал предвид 3-4 пати зголемените трошоци на локалната администрација (од 34 на 123 и 84 општини) за објекти, одржување, служби, ... или само нагаѓаме што би било кога би било ;)
 
Ме интересира врз што конкретно се базира муабетот за мала администрација и просперитет на државата и приватните фирми.

Монте Карло на Балканот. Оние вишок административци досега сигурно ќе најдеа начин да заработат, а со создавање на услови за економија во изминатите 15 години денес со 2 милиона народ ќе бевме земја со висок процент на мали и средни фирми. Тие ќе ја движеа економијата, а не владата како најголем работодавач. Плус верувам дека земјоделството ќе беше доста организирано и извозно насочено. Бидејќи ако нема државна работа ќе мора некако да го прехрани семејството, ќе мора да мисли, да создава, а не да лежи и да чека да го вработи некојаќ партија.
Ама остатокот од буџетот да одеше за развој, а не како до денес за перење пари. Вечен суфицит со вакви проценти како што ги наброја. Или барем 5 од гигантите да се трансформираа правилно, барем 5.
 
Ај некој што разбира економија, пари, пазар...што би се случило ако во моментов имаше 50% помалку буџетари? Што со даноците, што со давачките, што со пазарот, прометот на приватните фирми, банките, недвижнините, трговијата...? Дали додека имаше многу помал % ај негде 60-70% како што проценуваат некои, давачките беа 30% помали и дали рестото од буџетот одеше во развој/подобрување (инфраструктура, услуги...)?
Или накратко што ќар сте имале како газди на приватни фирми и што ќар имала државата пред 15, 10 години и сега?Дали останувало повеќе па дел сте споделувале со своите работници како награда, 13 плата...?
Ме интересира врз што конкретно се базира размислувањето за мала администрација и просперитет на државата и приватните фирми...овде, во Македонија. Дали некој направил анализа што ќе се деси со пазарот во Македонија, социјалните услови, безбедноста, фирмите, банките... дали некој ги земал предвид 3-4 пати зголемените трошоци на локалната администрација (од 34 на 123 и 84 општини) за објекти, одржување, служби, ... или само нагаѓаме што би било кога би било ;)
Вештачки форсирање на консумеризам и побарувачка наспроти производство и понуда е голема грешка. Големи дефицити и стимулуси на потрошувачка имаат логика само како краткотреаен лек за време на рецесија на долг рок се смртоносни за економијата и водат кон големи задолжувања и економски крах пример е Грција и САД. Ние сме на крсто пат дали да бидеме како САД консументи и увозници и должници или како Кина производители и извозници и кредитори.
 
Ај некој што разбира економија, пари, пазар...што би се случило ако во моментов имаше 50% помалку буџетари?
Јас не се разбирам во економија туку нешто малку во историја и од таму знам дека штом државата повеќе троши и се задолжува толку повеќе стопанството напредува. За време на Римската империја, Императорите трошеле огронми средства за војска и изградба на патишта, споменици, храмови и тн. Кога во третиот век од новата ера, настапила инфлација и депопулација и реално се намалиле јавните приходи, расходи развојот запрел.
Во 1690 година Англија во поморската битка со Франција и ја изгубила речиси целата флота. Поради тоа е формирана Bank of England, за да државата позајмува пари и ги троши на изградба на нова флота. Од ова време започнува брзиот развој на Британската империја,
Невиден развој на Цивилизацијата, стандардот на населението и науката е забележан од1944, се до 1968 ( додека важел Bretton Woods system ). Фиксните меѓусебни курсеви на парите во земјите потписнички, овозможиле задолжување на земјите, зголемување на јавната потрошувачка и општ развој на општеството.
Затоа не “ гледајте само црно “ во зголемувањето на платите
 
Јас не се разбирам во економија туку нешто малку во историја и од таму знам дека штом државата повеќе троши и се задолжува толку повеќе стопанството напредува. За време на Римската, Императорите трошеле огронми средства за војска и изградба на патишта, споменици, храмови и тн. Кога во третиот век од новата ера, настапила инфлација и депопулација и реално се намалиле јавните приходи расходи развојот запрел.
Во 1690 година Англија во поморската битка со Франција и ја изгубила речиси целата флота. Поради тоа е формирана Bank of England, за да државата позајмува пари и ги троши на изградба на нова флота. Од ова време започнува брзиот развој на Британската империја,
Невиден развој на Цивилизацијата, стандардот на населението и науката е забележан од1944, се до 1968 ( додека важел Bretton Woods system ). Фиксните меѓусебни курсеви на парите во земјите потписнички, овозможиле задолжување на земјите, зголемување на јавната потрошувачка и општ развој на општеството.
Затоа не “ гледајте само црно “ во зголемувањето на платите
Ти изгледа си земаш пензиичка или државна плата па раскажуваш приказни за задолжување за храмови и споменици. Веќе ако се задолжуваш, задолжи се за да вложиш во нешто кое што ќе ти продуцира приход и особено па ако тој приход доаѓа во девизи.
 
Јас не се разбирам во економија туку нешто малку во историја и од таму знам дека штом државата повеќе троши и се задолжува толку повеќе стопанството напредува.

По оваа логика до кога ова би се одвивало? Што кога веќе нема кој да и позајми? Кој го враќа долгот? Преку пример. Ти имаш плата од 1000 денари. Ти си држава сам за себе и за семејството. На син ти му даваш за излегување 500 денари секој викенд, 4 викенда по ред. 1000 денари дополнително ги позајмуваш од пријатели и банки. Следниот месец пак имаш 1000 денари и пак му даваш 2000 на сонот. Он тие пари ги троши во кафич и со тоа кафичот заработува и придонесуваш за реалниот сектор. Третиот месец пријателите ти велат немам веќе пари иди во банка. Земаш кредит со камата. Повторно му даваш плус 1000 денари повеќе од што реално имаш. За некое време иде банката и те исфрла на улица. Немаш леб и немаш дом. На -25 степени во Битола од глад и студ си пријавен за исчезнат :)
Сега замисли ја државата во примеров и согледај за колку време ќе „умре“.
 
Ти изгледа си земаш пензиичка или државна плата па раскажуваш приказни за задолжување за храмови и споменици. Веќе ако се задолжуваш, задолжи се за да вложиш во нешто кое што ќе ти продуцира приход и особено па ако тој приход доаѓа во девизи.
Не земам пензија, немам државна плата, туку со сите сили се борам против рампи зони и пајак возила.
КОлку што знам според Keynesian theory,
Државата треба да се задолжува и позајмените пари најбесмислено да ги троши .
 
По оваа логика до кога ова би се одвивало? Што кога веќе нема кој да и позајми? Кој го враќа долгот? Преку пример. Ти имаш плата од 1000 денари. Ти си држава сам за себе и за семејството. На син ти му даваш за излегување 500 денари секој викенд, 4 викенда по ред. 1000 денари дополнително ги позајмуваш од пријатели и банки. Следниот месец пак имаш 1000 денари и пак му даваш 2000 на сонот. Он тие пари ги троши во кафич и со тоа кафичот заработува и придонесуваш за реалниот сектор. Третиот месец пријателите ти велат немам веќе пари иди во банка. Земаш кредит со камата. Повторно му даваш плус 1000 денари повеќе од што реално имаш. За некое време иде банката и те исфрла на улица. Немаш леб и немаш дом. На -25 степени во Битола од глад и студ си пријавен за исчезнат :)
Сега замисли ја државата во примеров и согледај за колку време ќе „умре“.

Уште подобро е замисли и дека кафиќот е твој. И земаш кредит и си правиш сам на себе промет. На почеток бизнисот ќе ти оди одлично се додека не ти заѕвонат од банката и ќе останеш и без пари и без кафиќ. Подобро е и пофер на сите во МК да има дадат по 1000 евра од даноци и кредити а не само на свои заслужни партиски војници. Дури и бронзени коњи се подобри од плата на административи платата оди во ветер и јадење на увозни производи, коњите остануваат.
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 12:30 ---
Не земам пензија, немам државна плата, туку со сите сили се борам против рампи зони и пајак возила.
КОлку што знам според Keynesian theory,
Државата треба да се задолжува и позајмените пари најбесмислено да ги троши .
Прочитај до крај Кензијанската теорија тоа важи само во рецесија. Дефиците се само лек за болен пациент не храна за секој ден.
 
Не земам пензија, немам државна плата, туку со сите сили се борам против рампи зони и пајак возила.
КОлку што знам според Keynesian theory,
Државата треба да се задолжува и позајмените пари најбесмислено да ги троши .
Убаво ти кажа еден член погоре, во услови на рецесија и на краток рок, плус зависи дали долгот е внатрешен или надворешен. Кејнзијанците наспроти класичарите го имаат поддржано интервенционизмот на државата и централните банки во услови на рецесија или инфлација, за разлика од класичарите кои тврделе дека единствени регулатори на ваквите појави треба да бидат фискалните инструменти односно даноците.

Плус Кензијанците се тие кои што се залагаа за регулација на монополите, што е штетна појава. Не за џабе Маргарет Тачер ја викаат Челичната Лејди, затоа што прво спроведе дерегулација на пазарот, а потоа направи приватизација за пример. Само што приватизацијата во Британија се одвиваше доста долго.
 
Монте Карло на Балканот. Оние вишок административци досега сигурно ќе најдеа начин да заработат, а со создавање на услови за економија во изминатите 15 години денес со 2 милиона народ ќе бевме земја со висок процент на мали и средни фирми. Тие ќе ја движеа економијата, а не владата како најголем работодавач. Плус верувам дека земјоделството ќе беше доста организирано и извозно насочено. Бидејќи ако нема државна работа ќе мора некако да го прехрани семејството, ќе мора да мисли, да создава, а не да лежи и да чека да го вработи некојаќ партија.
Ама остатокот од буџетот да одеше за развој, а не како до денес за перење пари. Вечен суфицит со вакви проценти како што ги наброја. Или барем 5 од гигантите да се трансформираа правилно, барем 5.
Друго ми беше прашањето. Ако фантазираме за некој потег на пример 50% од државните службеници ги отпуштат-како ќе се снајдат нивните семејства (ако воопшто некого го интересира, премногу сме станати себични), како ќе се одрази тоа на социјалната слика во Македонија, како на безбедносната, како на кредитоспособната и платежна моќ...дали нема да настане некој обратен доминоефект кој ќе го почуствуваат сите во Македонија? Друго како ќе се одрази на пазарот односно ако ти на пример имаш фирма трговија или занаетчиска, дали нема да ти падне прометот кога 1/3 од вработените нема да земаат плата. Од друга страна дали давачките како на приватник ти биле помали пред 10 години кога немаше толку државни службеници и дали тие пари ги добивале дел работниците. Трето, дали пред 10 (икс години) кога имало помал број службеници, тој дел од буџетот бил во развојна фаза, дали нешто се движело или се било исто.
Тоа ме интересира, кој ќе е ефектот во сите сфери во државата, како би било реално на терен, што ќе јадат тие 40-50.000 луѓе, на што ќе се одрази сето тоа директно и индиректно т.е. за целосна слика не е битно само дали на газдата ќе му остане за два одмори или викендица. Мислам дека и ти како приватник во РМ ќе имаш последици, без разлика дал ќе ти го намалат данокот...ако воопшто ти го намалат :)
 
Друго ми беше прашањето. Ако фантазираме за некој потег на пример 50% од државните службеници ги отпуштат-како ќе се снајдат нивните семејства, како ќе се одрази тоа на социјалната слика во Македонија, како на безбедносната, како на кредитоспособната и платежна моќ...дали нема да настане некој обратен доминоефект кој ќе го почуствуваат сите во Македонија? Друго како ќе се одрази на пазарот односно ако ти на пример имаш фирма трговија или занаетчиска, дали нема да ти падне прометот кога 1/3 од вработените нема да земаат плата. Од друга страна дали давачките како на приватник ти биле помали пред 10 години кога немаше толку државни службеници и дали тие пари ги добивале дел работниците. Трето, дали пред 10 (икс години) кога имало помал број службеници, тој дел од буџетот бил во развојна фаза, дали нешто се движело или се било исто.
Тоа ме интересира, кој ќе е ефектот во сите сфери во државата т.е. за целосна слика не е битно само дали на газдата ќе му остане за два одмори или викендица.

Погоре дадов решение за вишокот на администрација. Ако ги отпуштиш со овие проценти на невработеност нема никаде да најдат работа. Затоа наместо покачување за 20% во 3 години и дополнителни 300 души во администрација овие три години, тие пари ќе се пренаменат за проекти за самовработување или доостручување на административците. Ќе ви дадат по 5000евра повратен кредит и сите здружно на пазарот ќе се обидете. Тој што ќе се снајде ќе преживее, другите бг пасош и ауф од државата. Така за 3 години реалниот сектор би се здобил со 10% свежи фирми, а администрацијата со -50%. Парите од остатокот на администрацијата ќе одат за разој и инфраструктура. Кога реалниот сектор произведува и троши тогаш економијата се развива. А не кога реалниот сектор произведува, а администрацијата троши. Сликата после 5 години е окрупнување на капитал зошто сам по сам е потешко и создавање на моќни компании во сите области. А со тоа развој.
Значи парите од минусираните административци повторно ќе се слеат во реалниот сектор со инфратсруктурни проекти, со тоа работни места, но тоа се пари создадени, а не позајмени. Сега имаме мал реален сектор кој неможе да ги донесе само платите, а камоли да создава инфраструктура. Затоа сме вечен дефицит и одиме на позајмување.
 
Друго ми беше прашањето. Ако фантазираме за некој потег на пример 50% од државните службеници ги отпуштат-како ќе се снајдат нивните семејства (ако воопшто некого го интересира, премногу сме станати себични), како ќе се одрази тоа на социјалната слика во Македонија, како на безбедносната, како на кредитоспособната и платежна моќ...дали нема да настане некој обратен доминоефект кој ќе го почуствуваат сите во Македонија? Друго како ќе се одрази на пазарот односно ако ти на пример имаш фирма трговија или занаетчиска, дали нема да ти падне прометот кога 1/3 од вработените нема да земаат плата. Од друга страна дали давачките како на приватник ти биле помали пред 10 години кога немаше толку државни службеници и дали тие пари ги добивале дел работниците. Трето, дали пред 10 (икс години) кога имало помал број службеници, тој дел од буџетот бил во развојна фаза, дали нешто се движело или се било исто.
Тоа ме интересира, кој ќе е ефектот во сите сфери во државата, како би било реално на терен, што ќе јадат тие 40-50.000 луѓе, на што ќе се одрази сето тоа директно и индиректно т.е. за целосна слика не е битно само дали на газдата ќе му остане за два одмори или викендица. Мислам дека и ти како приватник во РМ ќе имаш последици, без разлика дал ќе ти го намалат данокот...ако воопшто ти го намалат :)
Lurtz. Значи да јадеме и се веселме додека можеме а за утре некој друг ќе му ја мисли :) Цигани Музика удри :ROFLMAO:
 
Lurtz. Значи да јадеме и се веселме додека можеме а за утре некој друг ќе му ја мисли :) Цигани Музика удри :ROFLMAO:
јок, ја не знам што, прашувам. Како ќе се одрази на состојбите во Македонија. Тоа што го вели Леандра не се сложувам освен ако не се обиде самата практиочно да се пробие на тој начин во некојси икс "бизнис"...како да тебе сега ти дадат чекан и швајцапарат и да ти кажат направи ми кола, а за продажба, не знам кај да ја продадеш...Ти после 5-10-15 години си вон секој занает и наука, немаш луѓе од тој профил, немаш канали, добар капитал и врски.
Знам дека е преголема и пренатрупана, но ако одеднаш се направи рез, ќе испадне уште полошо за нејзе или тебе како приватник. Ако ти имаш пиљарче у зграда и половина маало ти го отпуштат од работа, што ќе се деси? Секој втор ден ќе ти ја обиваат продавницата, а прометот ќе ти се намали па ќе мора и да затвориш. Тоа би било упростено од она што ќе се деси со цела држава на социјален, економски и безбедносен план во крајна линија. Зошто уосталом не сакате да живеете во маало каде има голема невработеност и социјала...претежно северниот дел од Скопје, кумановскиот и велешкиот регион? Нели има музика, се е добро :)
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 13:16 ---
Така за 3 години реалниот сектор би се здобил со 10% свежи фирми, а администрацијата со -50%. Парите од остатокот на администрацијата ќе одат за разој и инфраструктура. Кога реалниот сектор произведува и троши тогаш економијата се развива. А не кога реалниот сектор произведува, а администрацијата троши. Сликата после 5 години е окрупнување на капитал зошто сам по сам е потешко и создавање на моќни компании во сите области. А со тоа развој.
.
Што значи свежи фирми...дали поголема комоција за газда, а за работникот пак минималец? Не ми е јасно ова пошто и сега има успешни фирми кои пак експолатираат до максимум.
Значи парите од минусираните административци повторно ќе се слеат во реалниот сектор со инфратсруктурни проекти, со тоа работни места, но тоа се пари создадени, а не позајмени. Сега имаме мал реален сектор кој неможе да ги донесе само платите, а камоли да создава инфраструктура. Затоа сме вечен дефицит и одиме на позајмување
Ме интересира дали ова се случи кога немаше толкава администрација...дали пред 10 години ја развивме инфраструктурата и работниците во приватно, текстилците, продавачите...добија поголеми човечки плати? По автоматизам тоа се 200.000 луѓе во семејства...кому ќе му продаваш производи во Македонија и колку безбедно ќе живееш и дали нема да двоиш за плус социјални случаи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom