Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Се моли Владата во иднина да не организира вакви работи. :facepalm: Од играчка- плачка излезе работава. Во иднина, кој сака да оди на првенство и на натпревари, нека си плати, нека оди и готово. И нема да има вакви глупости.
 
Не ми се верува каква срамота.

Се надевам има некој сочувано клип да се види се што се правело.
 
Ве жалам дечки, друго не знам што да кажам искрено... Што и да се случи во оваа "држава" не ме изненадува веќе, набрзо ќе дојде време и за купување леб да бараме врски.
 
А да ставеше некој видео а не да ги глеам на Канал 5 како мафтаат со рачињата!

Веке ми изгледа сомнително ова!:cautious:
 
Се моли Владата во иднина да не организира вакви работи. :facepalm: Од играчка- плачка излезе работава. Во иднина, кој сака да оди на првенство и на натпревари, нека си плати, нека оди и готово. И нема да има вакви глупости.


Се моли Владата да организира вакви бесплатни акции заедно со монополите во Македонија кој 20 години го крадеа народот се со цел да им се обезбеди на повеќе граѓани кој немаат можност да бидат дел од „тимот“. Се разбира делот организација треба прво да се разбере, па да се поминат обуки и на крај совршено да се реализира.
 
Овие од 401 до 416 се единствените од сите 1000 на списокот, кај кои после редниот број нема точка. Сите се напишани со кириличен фонт, а има и такви со исти презимиња. Случајност, yeah right. :sneaky:
Не е само точката. Од 401 до 416 имаше грешка при внесувањето во табелата при што беа прикажани имината од табелите во базата покрај името од добитникот. Очигледно дека некој ги внесил одпосле.
А извлекувањето што беше па автоматизирано компјутерски како што се испофалија на МТВ... но комент
 
Сакам да ви пишам за скандалот што се случи пред 2 часа ( писмото е добиено во 7 часот наутро во редакцијата на Плусинфо) пред железничката станица во Скопје. Имаше околи 600 - 700 луѓе и полицијата ги блокираше вратите, па пушташе еден по еден со претресување. Од 4 до 5 часот пуштија само 200 - 300 луѓе, притоа имаше многу свирење и пцуење кон полицијата. Веќе во 5 часот набрзинка пуштија уште 100 - 200 луѓе и ја блокираа вратата до 5 и 30 часот, по што се чу како возот замина. Надвор имаше останато 150 - 200 луѓе кои беа извлечени. Имаше и луѓе од Охрид и Струмица, прашуваа што со нив сега, дали ќе има уште еден воз, но добивме негативен одговор. Кога ни рекоа да си заминеме дојдоа 20 - 30 полицајци и Алфи и сите не растуркаа, а почнаа и да се дерат. Две - три деца ги фатија за алишта и ги залепија за ѕид, а ги предупредија и дека кој ќе се прави паметен тешко него. Кога извадија сите мобилни да снимат што се случи, Алфите и полицијата ги фатија и им бараа да бришат се од него што било сликано и снимано. Јас лично снимив клип кој ми го избришаа. Се надевам дека ова ќе го објавите да знае народот како бевме прелажани да дојдеме од Велес со автомобил, а имаше и такви од Струмица, Охрид, Штип и Битола и за сето време од горе не гледаа луѓе од Агенцијата за млади и спорт. По контактот со луѓето кои влегоа во возот дознавме дека вагоните биле половина празни.
Марко Трајковски
http://www.plusinfo.mk/vest/30691/R...d-otide-prazen-Alfite-ne-turkaa-i-maltretiraa
 
Хм... дека се си било регуларно.... тешко. Ти викам сестра ми и зет ми си имаат карти и без да ги извлечат отидоа (тоа баш и не е регуларно). Бидејќи не се вратија дома претпоставуваме дека се во возот, освен ако не се во полиција (сестра ми 100% не би дала да и се избрише снимката). Е сега се загрижив...
Во секој случај:
Сепак, според директорот на агенцијата Лазар Поповски утрово на перонот се појавиле многу повеќе луѓе од оние што биле извлечени. Лазар Поповски кој е во возот за Белград за Канал5 изјави дека во моментот на поаѓањето немало поплаки, дека добитниците на бесплатните билети биле проверени по списоци и дека во возот останале само 20на празни места.
Ова изгледа се местата на оние што ги извлекле по неколку пати. Хахахха.... луда работа.
 
Јас не бев на железничка, цитирам од мој другар што бил на лице место и испракал пријател за Белград!
"
имаше полиција ОПШТО
за Гужви
а АЛФИ не видов да тепа некој и мaлтретира и ТЕГНАТ
и влечат
си отидоа
избраните
и 3ца нови
за тој дечкото
шо го избрлае 3пати...
Фер ! Мора да има и такви што се лутат, ама не беше до толку напумпано како што кажуваат по медиумиве на нет. Џандарите си ја вршеа работата.
и тие не можат да остават толпа на граѓани без команда, си ја вршеа работата.
поштено беше, возот беше полн
и
тргна во 5.35
"
 
Другарчињава што добија ги нема, ваљда заминале а и никој од форумов што замина го нема да пише.
 
Тие што се бунат, се уствари партиски војници на опозицијата, кои отишле таму за да направат проблеми и да створат конфузија. Ниту биле извлечени, нит' нишо. Отишле таму да го оцрнат доброто дело на нашата милосрдна Влада, која одвои пари од малиот буџет што го поседува, за да може и обичниот граѓанин да осети малце радост и да навива за репрезентацијата. Наместо да бидеме благодарни и ние останатите што воопшто не учествувавме, ние ги поддржуваме овие што се бунат. Срамота.


/sarcasm
 
Јас имам на фајебоок дечки што не се партиски определени па не заминале. Страшно се разочарани
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom