мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 18.884
- Поени од реакции
- 23.283
еве како што ветив слики.
прво и основно принципот на секундарното согорување
тоа што го гледате од задната страна на каминот( десно) е секундарниот воздух, кој пред да влези во комората одгоре се предзагрева од самиот оган. ако тој е ладен нема да дојди до секундарно палење.
од предна страна ви е примарниот воздух( долу лево).
како што се гледа на сликата чадот директно се меша со загреан секундарен воздух кој не го потрошил кислородот како примарниот, и доаѓа до палење на истиот и ослободување на дополнително количество на топлина. инаку чадот само ке заминеше низ оџакот и евентулано ке се налепеше на него и порано или покасно ке го затнеше. со самото палење на истиот уште повеќе се загрева секундарниот воздух, уште повеќе се загрева комората и доаѓа до многу добро и целосно соговрување на горивото, кое резулира со повеќе топлина, чисто стакло и шамотни тули, почист оџак и помалце пепел.
кај мене е изведено вака.
како што се гледа на сликата лево и десно се шамотните тули( кои се со жолтеникава боја поради чистото согорување и не се црни и налепени со гареж), а најназад тие се извадени и на нивно место е направен воздушен џеб од лим со дебелина од 5 мм, за да има каде да помини секундарниот воздух и при тоа да се загрее пред да влези горе над горилникот.џебот е направен така да швајцовав рамка од цевки и на нив ги заштрафиф плочите. и го наместив на местото каде што беа тулите.тие се со дебелина од 3 цм, така да цевките и плочите да не ви ја надминваат таа дебелина. сето тоа го направив да дихтува со стаклена плетенка и го заштрафив за самиот камин. многу е битно тука да не ви бега воздухот, затоа обрнете внимание добро да го задихтовате. исто така тука се ствараат големи топлини така да обрнете и на тоа внимание. ако ставите послаби плочи или се обидете да го задихтувате со некаков кит, по некое време плочите ке се извиткаат а китот ке падни и ништо не сте направиле.
плочата која се гледа горе го носи жешкиот воздух точно над пламенот. и таа е шуплива, а воздухот го зема од отвор кој е направен на плочите претходно( на сликата не се гледа ама таму е). и да заборавив потребно е да му отворите посебен отвор на каминот одзади преку кој би влегувал секундарниот воздуџ и по можност тој да се регулира со некоја клапна за да можете да го доведете до оптимално ниво. ако е малце нема да има целосно соговрување, ако е многу нема да биди доволно загреан за да дојди до палење. е тука малце ке си експериментирате.
ова е плочата над горилникот од каде секундарниот воздух излегува точно над огнот. како што се забележува е избушена за да има воздухот од каде да излези.
овде од друг агол за да имате претстава како изгледа.
слика поблиску до задните плочи и спојот со горната плоча. тоа што се гледа белото помечу спојот на горната плоча и задните плочи е стаклена плетенка за дихтовање.тука се наоѓа и отворот за воздух преку кој тој поминува од задните во горната плоча.
палење на каминот. тоа лево се кесите со талаш, за да имте претстава како изгледаат а и целосна слика на каминот( тука си се фалам со каминот )
и на крај ако е се во ред ке го добиете ова. секундарно согорување. забележувате дека отворите за примарниот воздух се скоро затворени, а внатре има голем пламен. е тоа чадот гори кој инаку ке заминеше низ оџак , а во меѓувреме ке исцренеше се внатре вклучувајки го и стаклото.
уххх ми се смачи.
ај приквечер ке ставам уште некоја слика како гори со талаш и ако најдам и со бор.да видите смолата како гори и како ја витка горната плоча на каминот од жештина.