Македонија - Полска [23.01.2012 - 16:15 ч.]

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Богдан Вента само така малку од него ( Внимавајте на Болдот):

„Салата ќе биде исполнета до последно место и македонските навивачи ќе вршат голем притисок. Македонците играат со срце, емоции и со агресивна одбрана. Не треба да се внимава само на првокласниот шутер Кирил Лазаров, бидејќи тие имаат и други квалитетни играчи. Ова е уште еден клучен натпревар за нас. Но за разлика од мечот со Шведска, уште од првата секунда мораме да започнеме со полна брзина и да не чекаме 30 минути за да ги загрееме моторите.“

Вента ја истакнува предноста на домашниот терен и вели дека „кога ги гледате натпреварите кога играат Србија и Македонија сфаќате колку е важно да бидете домаќин на едно ракометно првенство. Домаќините се целите во полет и тешко можете да ги сопрете. Да бидеме организатори на едно првенство – тоа е мојата желба.“

Запрашан дали се уште сонува за полуфинале тој вели: „Се разбира дека сонувам, се додека има каква било веројатност, ние ќе се бориме за полуфинале. Мораме да победиме и на двата натпревара. Според мене – со надеж дека ќе ја победиме Македонија – средбата со Германија ќе биде одлучувачка. Но, најпрвин треба да се фокусираме на Македонците.“

Е така е господине Вента играат со срце али и со јајца. Секако дека Македонија не е само Кире Лазаров , мило ми е шо некој тоа конечно го сфати. Многу ми беше смешен у изјавава кога и нас не смести у домаќини али у право си е човекот шо.

 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.800
Поени од реакции
1.547
Тешко ќе биде не е лесен противник незнам која ќе биде потешка оваа или со Србија макр што на втроава ќе има тепачка
 
H

HITCH

Гостин
Тешко ќе биде не е лесен противник незнам која ќе биде потешка оваа или со Србија макр што на втроава ќе има тепачка
Со Србија ќе биде покољ на трибини! Тие ќе не викаат ФИРОМ, ние нив ќе им пееме песни дека им фали Косово. Па, тие ќе ни извадат нас знаме од јужниве, ние нив од Косово... Ќе биде интересно! :pos: Ќе видиме од се` по нешто... :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.636
Поени од реакции
35.175
И покрај несреќните порази, убаво е деновиве да се биде Македонец.
Горда сум и покрај тоа што изгубивме веќе добиени натпревари, горда сум што една Европа може да ни симне капа за пожртвуваност на терен, за тоа како се борди својот национален тим,
Точно изгубивме,но тоа незначи дека нашиот тим е малку квалитетен од тој на Шведска,, Германија, Данска баш напротив, рамо до рамо со светските и европските шампиони, им покажавме дека сме достојни противници и дека несмеат да не потценат.
За Полска,,не е дека ќе ги потцениме туку ќе ги ИЗЕДЕМЕ ЖИВИ
Со малку повеќе среќа, верувам дека нашите златни момци ќе не израдуваат уште со 2 победи, и толку, немора повеќе;)

Без разлика на крајниот исход, тие за нас се нашите херои,,,,,,,,,,,,

ЗА КОГО!!!!!!!!!!

ЗА МАКЕДОНИЈАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА
 
D

dagau

Гостин
луѓе ај некој што повеќе го прати српскиов ракомет и репрезентација нека ми објасни дали она што го играа со германија е нивна просечно солидна партија или беше само лош ден ?? пошто ако вака играат со една шведска која има фантастична 6-0 зона многу тешко ќе даваат голови. само да ги нема оние смешни падови и несериозност во играта на швеѓаните и мислам дека можат влезат во неизвесна завршница. башка скандинавци се во прашање, не ги интересира нив ниту атмосфера ниту ништо (не дека овие прават којзнае каков притисок) тотално се ладнокрвни. камо да победи шведска ќе славам цела вечер! со такво сценарио ни се пружа еден историски двобој со србија, доволна е еуфоријата што ќе се створи за истиот, уживањето, исходот и не е толку битен.

втората варијанта со пораз на германија е многу позаебана, ај во второто коло реално е да се очекува така да испаднат резултатите ама дека во третото и полска и шведска ќе слават над германија/данска тешко.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Само што дојдов од Белград пред некој саат,скоро 9 дена окапавме во Србија,од Ниш директно во Белград.Таму вчера сите беа разочарани,сите навиваа за Македонија,на трибина беа скоро сите познати тренери Вухо Червар и компанија,али тоа е тоа тоа е искуството на Данска.Утре идеме на победа ние сме едноставно бомба за Полјаците очекувам да ги торпедираме,само ако оној тренерот наш не го игра братчето на постариот,Филип вчера беше најголемата пропалица на натпреварот,незнам ни зашто е во репрезентацијата.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Утре треба на терен да се искочи со ладна глава,без никаков притисок,машки без никаков респект (како што беше и до сега ),и со дисциплинирана игра може да се добие Полска.И без Филип Лазаров во почетниот состав,стварно незнам што бара дечкото,невидено ДРВО е :tapp:,али добро сигурно игра ради “селекторот“Кире Лазаров.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.397
Поени од реакции
85.342
Се надевам дека не се уште избедирани од поразот.
Убеден сум дека Лазаров ќе го даде својот максимум ама нз за другите.

Можеме да ја победиме Полска само ако заборавиме на претходниот натпревар.

Напред наши цела нација е со вас !
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Момци само пазете кој ке идете утре,тие четниците се гомно од народ,искрено јас вчера бев испровоциран со уште 3 наши од еден Делије,каде што облекол маица од Грција и јаде бубрези нешто,али го заќутевме така да и да зборат нешто турете им пепел.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
FB статус на Кире Лазаров:

Poljacite ni se stari "musterii"...veruvame vo pobeda gi dobivame!


Така е капитене, само напред со дигнати глави. Се сложувам дека од ова мора да излеземе посилни. Газимеееееееееееееее!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

П.с Сега се сетив на Ања Андересен и нејзиниот победнички менталитет. Ви текнува кога ни беа на гости у Кале со Шлагелсе, тренингот го одржуваа со оваа песна


Мораме и ние да одиме секогаш со победнички менталитет. Респект за секого, али газење на терен. Одиме на втората победа!!!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.397
Поени од реакции
85.342
Кој му е профилот на Лазаров?
Знам го имав за пријател ама одеднаш го снема тој профил.Имаше 4к или така нешто пријатели.Сега најдов друг профил ама на тој има премногу friend requests :(.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Луѓе нашиве репрезентативци дефинитивно се ѕверови....бидејќи до последна секунда играме со последен атом....и заради тоа нашите противници се радуваат ко да одвоиле финале,кога ќе не победат.

Ова го зборам бидејќи денес ги следев Шпанија-Хрватска.....последни минути од натпреварот,а на утакмицава играчиве мува не ги лази,ни едните,та ни другите.....ко да играат пријателска.....и тогаш сфатив дека ние за нив сме лавови....само што немаме среќа,и многу се возбудуваме.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.902
Поени од реакции
7.454
Кој му е профилот на Лазаров?
Знам го имав за пријател ама одеднаш го снема тој профил.Имаше 4к или така нешто пријатели.Сега најдов друг профил ама на тој има премногу friend requests :(.
Повелеле
 

Kajgana Shop

На врв Bottom