- Член од
- 10 септември 2009
- Мислења
- 149
- Поени од реакции
- 65
На висока резолуција ќе играм пошто имам 22" на 1920x1080 и да сакам на помала нема да можам...Абе види се ќе иде у најдобар ред, али може да се јават spikes во фрејмрејтот, поради тоа што процесорот не е доволно брз да одржи темпо со графичката во извршување инструкции.
На пр. игра ти иде со 70-80фпс, и наеднаш паѓа на 20-30фпс, па пак тера со истиот фрејмрејт, т.е. минималниот фрејмрејт ќе страда. Ако сакаш можеш да пробаш да клокаш за да колку толку го намалиш ботлнекот, али ако не си клокал досега и е си сигурен, не пробувај.
Исто така ако играш на висока резолуција, клучен фактор ќе игра графичката при високи резолуции па таа ќе почне да се гуши кога на 1080p ќе уклучиш AA/AF во Crysis или BF3 на пр.
и тоа што го кажа последно го имам прочитано и по странскиве форуми, само незнам колку држи вода... демек на 1080p и повисоки резолуции, поголема улога има графичката него процесорот, демек графичката би покажала послаби перфоманси на тие резолуции, а со тоа и помал фрејмрет, и помалку работа тогаш би имало за процесорот отколку на пониски резолуции, кога процесорот би требал да процесира доста повеќе фрејмови и тогаш би се јавил посериозен Bootleneck од страна на процесорот.
Би било добро доколку е вистина.
А за клокање не сум клокал досега, ниту планирам некогаш да го правам тоа поради, “муабетот“ дека со клокање се намалува животниот век на тоа што се оверклокува...
А со оглед на тоа дека процесорот ми е стар веќе 2ипол години... незнам дали би издржил, иако многу добро се покажува за клокање.... од 2.5ghz без проблеми тера до кај 4ghz па и повеќе.
Ептен ако видам дека сериозно ми прави процесорот проблеми со графичката... е тек тогаш зимам нов кулер, и би го клокнал до кај 3.5 ghz
И така има доста видеа и туториали како се прави тоа и општо за сите, па и посебно за мојот CPU ... само тоа ептен ако ствара проблеми при игриве со hd6870