Овие Скандинавците се праени во Гз гарант(исто така и Германците)....
Шо ќе беше бе толку среќа да немаме,или пак обратно нашите душмани да имаат толку среќа во клучни моменти....
Како по некое црно сценарио ни се движеа сите мечеви(освен со Чешка)....
Денес имавме се...буквално се....
Расположен Кире Лазаров,како никогаш досега(барем не во последните неколку години).....
Еден пикер како Столе,па дечкото е чудо невидено,меѓу топ 3 пикери на првенството,ако не е и најдобар...
Дечкото имаше 7/8 ако не се лажам,која реализација е ова за пикер,чудо
Мојсо мрдаше чат пат,Филипче се изгуби во второто,толку му делиле,не е тој крив....
Штета шо Филип има повреда,па не беше во можност да даде максимум,играше со помалку од пола сила....
Ни фалеше уште еден бек..
Крилата си ја завршија работата..
Да не должам,нападот перфектен....
Некаде околу 70% реализација
Одбраната,оф леле
Не убија во поим....ни го одзедоа нашето најсилно оружје....
Прво кучињата данска одлично ја анализирале нашата ротација...
Ние сме можеби репка шо најмногу ротира,влегуваат Митков,Велко,Бранче или Јоноски....+ во зависност од кој игра во напад и Филип...
Значи најмалку 3 измени по секој напад,за ова треба време...
И точно тоа ни го зедоа,баш на почетокот.....кога беше најважно,да го наметниме нашиот бавен стил на игра....
После се распукаа и нашите во напад,и замина мечот по СКАНДИНАВСКИ РЕЦЕПТ...
Се изморија Столе,Кире кои не можеа да се вратат назад кај клупата и мораа да играат и во одбрана....
Ја изгубивме свежината...
Првото полувреме не се виде,но второто беше евидентно....
Ова требаше да го предвидат нашите(ама кој да ја брка оваа работа?
Андон Бошковски?
Хансен...
Па овај не е нормален дефинитивно....кои шутеви ги извади
..
Глеам еден куп коментари требаше фластер..можеби требаше....
Ама ако се извадеше фластер на Хансен,и да се одделечи надвор од 12,13 метри,тогаш имаше друга опасност....
Да ја рашириме ептен нашата зона,а против технички супериорна репрезентација(пред се мислам на играчи кои не прават без врска чекори,пробивања)можеше да имаме ист ефект....
Едноставно Хансен е машина,ако се одеше на него со фластер,ќе играа на блок за него,па ако се ослободеше од него,еве ти чист зицер,или тој шутка,или дава на првиот слободен играч до него,.....ист ефекет ќе имаше....еден куп ситуации видовме вакви,и тоа со 6 наши на линија,како ќе беше да ја развлечевме зоната?
Ова е веќе шо би било кога би било...џабе ќе се прајме стручњаци овде....
Со играчи како Хансен можиш само да се молиш да нема свој ден...
Ако има ќе ти се случи ова шо ни се случи нас денес,вака така тој ќе си го исполни својот просек....
То е..
Можиме да бидиме горди на овие момци,секоја чест.....