Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе доста мрчите , среќата ке не прати во следните 2 натпревари имам некое опасно предчуство , србите реално се 3 класи послаби од нас , а со пољаците ке биде да се биде или не... така да очекувам тесна победа над србија со оглед на тоа што се домаќини а со пољаците ке биде да се биде или не, да се надеваме дека ке се повтори истото ко со чешка :D
 
ајде малку и пооптимистички да гледаме...
добиваме врвен пикер, подобар од ванчо или било кој шо сме го имале досега
добиваме екстра замена за алушевски
е сега да добиеме и еден асолен тренер наместо овој глупиов, ќе бидеме топ!
 
Јас ќе кажам само дека немавме среќа и бевме изгубени во одбраната. Мораше фластер да се игра на Хансен. Класа играч е, малку му треба за да шутни, а кога ќе шутни, то не се брани.
Денес ни требаше Миркуловски. Слабо изигра.
Не ги прочитав претходните постој оти има едно добри 35-40 страни за читање, ама претпоставувам дека некој плука по Кире. Никако не смејме да плукаме по него. Изигра како шо знај, се изнадава голој. Е то шо го промаши последната акција, го промаши шо да прајме.
Имаме уште шанси за полуфинале, ама ќе биди претерано тешко и многу неверојатно. Не само ние шо треба да победиме против србите и пољаците туку треба и другите да изиграт за нас.
Како и да, јас сум презадоволен од играта која ја прикажуваме на ова европско и би бил задоволен и со 3то место во групата.
 
Почнаа на фб :tapp:



И статусов му се допаѓа на 14 гревчиња....

Иначе едно големо БРАВО за нашите ракометари кој изиграа машки, на секој натпревар имавме активен резултат секогаш бевме поблиску до победа али џабе е се кога немаме среќа. Хансен се здиве (да му еб*м се) и ниеднаш не беше изблокиран. Шундовски бе сељак еден кога виде дека не им иде на нашиве зошто не повикаш тајм аут и не смениш нешто во играта ?
Ллелелелеле неможам да поверувам што ни се деси. :place:

Добро зошто ваквиве уопште дишат не ми е јасно?
 
steta za makedoniju...gol u zadnjoj sekundi
smiley-frown.gif


A vodili i +7...Hansen i dotuko ak si gladao..

jesam nije mi jasno zasto ga nisu zaustavljali kad su videli da sve ide na njega...
:icon_lol:
 
Полуфиналето ни побегна, сега да се надеваме да ја поразиме Полска и да го фатиме последниот воз за квалификации за олимпијада.
Шундо тапа, уште пред почетокот на првенството знаев дека е најслаба карика кај нас. Но да ве потсетам што се случи кога Савески го поставија да ја води репрезентацијата. Човекот сакаше да формира екипа без Бате а со Раде Стојановиќ. Тогаш Лазаров кажа НЕ. Савески после тоа си се повлече. Значи целата ракометна федерација беше свесна дека Шундо ќе молчи а Кирил ќе ги влечи конците во репрезентацијата. Може Кирил да биде најдобар светски ракометар но на клупата ни треба стручњак со авторитет кој нема да дозволи друг да му ја составува екипата.
 
...заборавив и тоа да кажам дека пропуштивме и шанса да акниме барем едно од германскиве племиња (германија, данска, шведска) сите ни се спасија во последни секунди...и на крај ако играме за пласман со Исланд сигурно и од нив губиме :cautious:. Којзнае, можда судбината, кармата ни спрема уште поголемо изненадување и драма до крајот. Според комбинациите сеуште сме во игра барем за трето место во групата али за тоа конечно ќе треба да се тепа Полска.
 
Се сеќава некој зошто Шундевски стана селектор на репрезентацијава? ;)
 
на германската телевизија ndr коментаторот вели и македонија водеше со 6 гола па на крајот го загуби натпреварот иако имаа публика што ни србија ја нема како домакин ,зошто ние да не ја победиме србија иако губиме во прво полувреме со 5 гола,пофалба за насата публика што беше во београд.
 
Не ми кажувај и ти спорт и се нека оди во бестрага, ваков трењер е за на бесилка играчите се сонце, овој е за на голи оток!!! Па толку да се нема стратегија и осет за тајм аут или фластер, до трето колено да му наредам златна генерација ќе испуштиме заради некаков си трењер кој освен приказни незнае ништо друго да каже. Издржете...абе како издржете кажи како да издржат крв да му ебам неспособна!

Молим ти се, со овој селектор ги поминавме квалификациите и стигнавме до овде каде што сме сеа. Што значи дека штом е поставен за селектор тој е најдобриот што моментално го имаме на располагање. Што предлагаш ти, да ставиме некој од фб-селекторите да ја води нашата репка?. Е сега победата како таква е условена он многу фактори. Денес оваа игра на нашите беше една од најдобрите ако и не најдобрата на ова европско, Хансен си имаше свој ден, Кире го утна последниот шут за победа топката се одби до противнички играч дадоа гол и ни скршија филм, за тоа ти викам дека ни се случи спорт и тоа спорт од оние кај кои не секогаш фаворизираниот победува(во нашиов случај победи фаворитот).
 
Кире пак ќе биде прв на листата на стрелци во вторава рунда. :D
Браво Кире, горди сме на тебе! (y)
 
Еве колку да ви ги објаснам теоретските шанси за полуфинале:
Србија ги тепа Германија, и ќе ги тепа и после првото коло ќе биде следната ситуација
Србија 6,Германија 4,Полска 3,Шведска и Данска 2, Македонија 1
После ние во второто коло ја победуваме Полска, Данска ги победува Германија, а Србија ги победува Шведска, после 2 коло табелата:
Србија 8,Германија и Данска 4,Македонија и Полска 3,Шведска
2
Трето коло: Полска ги тепа Германија,Шведска ги тепа Данска , ние ги тепаме Србија
Србија 8,Македонија 5,Полска 5,Шведска,Данска и Германија 4 бода, ние одиме понатаму поради меѓусебен дуел..
ЗНАМ ДЕКА СЕ ТЕОРЕТСКИ АМА ЕТЕ ПОСТОЈАТ !
 
Полуфиналето ни побегна, сега да се надеваме да ја поразиме Полска и да го фатиме последниот воз за квалификации за олимпијада.
Шундо тапа, уште пред почетокот на првенството знаев дека е најслаба карика кај нас. Но да ве потсетам што се случи кога Савески го поставија да ја води репрезентацијата. Човекот сакаше да формира екипа без Бате а со Раде Стојановиќ. Тогаш Лазаров кажа НЕ. Савески после тоа си се повлече. Значи целата ракометна федерација беше свесна дека Шундо ќе молчи а Кирил ќе ги влечи конците во репрезентацијата. Може Кирил да биде најдобар светски ракометар но на клупата ни треба стручњак со авторитет кој нема да дозволи друг да му ја составува екипата.

можи затоа червар не го наместија за селектор. тој немаше да трпи некој да го условува со играње во репрезентација или не. а не е само филип, тука е и мојсоски златко. бар за 2 класи е послаб од георгиески ама...

а да... кај червар не минува шут од гол на гол за време на ваква битна утакмица!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom