Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Клише реченица ама многу точна. Тоа што дава успех не се менува. Во првото полувреме имавме многу додавања до пикер, што вроди со плод. Второ полувреме послабо додавања имаше до пикер.
.
Доста више со Борко,да не ги фатеше Борче двата зицери ќе не шлогираа!!Борко кога шутираше од гол на гол му реков на татко ми дека ќе изгубиме поради оваа не сериозност. Зошто бе Борко зошто.
Не е битно веќе,што и да направиме мене не ми е битно.Ако победиме,добро е.Ако изгубиме,пак е добро.
Денеска беше битно да победиме,не го направивме тоа.Од плус шест на крај загубивме.
Немавме среќа,сами се победивме.Одбраната никаква,голманите просечни.Кире на ниво,за жал без поголема поддршка.
За мене се херои момците во секој случај.Зошто знам дека играат со срце.Ама друго е што имаат психички проблеми некогаш,друго е кога балканското преовладува.
Водиме шест разлика,а Борко се дрзнува да шутира од в гол.Па уште се курчиме.Е таа акција да дадевме гол,сега немаше да бидеме поразени.Just sayin.
Абе Генерали, полека. Одлични беа момците со нив сме до последно!
За квалитетите на Борко и неговите одбрани не правиме муабет. Не смее да си дозволи така да реагира еден голман на репрезентација на ваков натпревар ма не знам колку воделе, сепак не е ова Македонска лига или регионална.Доста више со Борко,да не ги фатеше Борче двата зицери ќе не шлогираа!!
Селекторот пријателе, селекторот. Шундо е единствениот што можам да го посочам како виновник. Борко отсекогаш се цепидлачел со онакви испади и шутирање од гол на гол. Да имаме авторитет на клупа, да видиш само ко ќе го погледне доста ќе му биде да си ја подаде топката ко човек. Па голман е мајке му, да беше играч ќе ја разберев потребата да се дава голови. Туку ај нејсе, тоа е што е.
Нема врска со балкански менталитет. Луѓето одиграа со скандинавци на ниво.Тактиката беше катастрофална. Ужасна. Шундо нема тактика. И тука сме готови. Сега ми е јасно зошто Кире ги советува дечкиве. Шундо не знае што да им каже.