Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Медиуми. Тие ако не предизвикат инцидент, кој ?Ова ми падна во очи:
Низ центарот на српската престолнина веќе има пристоен број на наши навивачи кои без никаков проблем се шетаат со обележја на Македонија
Побогу зошто би имало проблем? Се прават тензии за ништо.Навивачи си се навивачи и домаќините треба да се среќни ако ги има во олку голем број како нас. Нити сме отишле да провоцираме, нити да се тепаме, туку да бодриме. Од каде овој страв од реакции просто се чудам.
“. Србите објавија статија за нашите навивачи а нашите „патриоти“ се убија од коментирање на српски и реченици од типот „zao nam je sto je nasa posrana zemja priznala Kosovo ali mi makedonci znamo da je Kosovo uvek Srbija!" или „многу ми е жал што Србија и Македонија ќе се натпреваруваат меѓу себе, но кога веќе мора така нема да навивам за никој, тоа не би имало смисла, само ќе речам нека победи подобриот“.
Зошто да се двоумам за кого да навивам?? Се знае, мојата земја е МАКЕДОНИЈА а не Србија. Колку и да сакам некоја земја, матичната земја ќе има предност! Од вакви квази-македонци ми иде да се самоубијам...
Дали имаме барев некаква шанса за полуфинале ??
Имаме шанси бе не ја лажи. Минимални се, но сепак постојат.Никакви шанси веќе..Со оваа победа све друго ќе беше..
Се жалат навивачите пееле расистички песни, а на крајот на соопштението дека *тој чин бил резултат на несигурност во својот идентитет*.Јааа мајката?Од граѓанското движење “Разбуди се!“ реагираат на “скандалозното навивање на навивачите на ракометната репрезентација на Македонија на вчерашниот натпревар со Чешка, но и на претходните натпревари на Европското ракометно првенство во Србија“.
“Разбуди се!“ реагира на скандирањето на песна во која, според нив, се навредуваат Албанците од страна на играчите на ракометната репрезентација на Македонија по натпреварот заедно со навивачите.
“Очекуваме дека Министерството за внатрешни работи ќе поведе постапка за ширење на етничка нетрпеливост против играчите и навивачите за ова скандалозно и неприфатливо поведение. Истотака, очекуваме и реакција од страна на Ракометната Федерација на Македонија која што мора да се огласи за овие рацистички испади на играчите и навивачите“, се вели во соопштението на Здружението.
Од Здружението велат дека “додека во Ниш се пишуваат пароли од страна на Србите на кои пишува дека Македонија е српска земја и истите парадираат со грчки знамиња во обид на провокација како и не ја признаваат Православната Црвка на Македонија, додека Грција го негира идентитетот на Македонците и името на државата, додека Бугарија го негира јазикот и историјата и вели дека Македонија е најромантичното место на Бугарија, навивачите на Македонија својот неразбирлив гнев го упатуваат кон Албанците иако играат со Шведска, Германија, Чешка“.
Имено, Здружението го честита успехот на репрезентацијата на Македонија, нагласувајќи дека нема да прифати “изливи на албанофобија, кои се резултат на несигурност во својот идентитет од страна на таа изолирана група која го предизвика овој скандал и ги повикува сите спортски работници и медиуми да го осудат ова поведение за да се избегне повторување“.
На кој до што му е ...
Линк