Не е баш лесно да се каже што ќе се случува во недвижностите во МК тешко е да се најдат некој податоци. Цените на киријата и недвижноста кои ги користев горе се од просек на неколку станови во Скопје од една агенција за недвижности.
Да бидам малку научно-професионален. За да се предвиди цената се користат 3те столба на инвестирањето психологија, фундаменти и техничка анализа.
Психологија е доста поволна за раст. АКо прашаш некој во МК во што би инвестирал Х сума на пари најчест одговор би бил недвижност нешто што може да се види и од одговорите на овој сајт. Значи психологија на инвестирори е доста поволна за раст.
Фундаменти. Однос годишна кирија/цена на недижност е не многу виско и има тенденција да опаѓа што кажува дека е прецената вредноста. Исто така во однос на соседство е доста виска цената. Но, владата со онаа кампања “купи куќа, купи стан„ може да ја стимулира побарувачка на поефтини станови пред се периферија на скопје и провинција минус Охрид. Има понуда доста се гради ама без бројки тешко е да се каже. Другу сега за сега нема многу шпекуланти на пазарот оние што купуваат станови па ги продаваат за некоја година и да извадат пари од растот на цената. Празни станови нема што е знак дека има побарувачка и дека нема дисбаланс меѓу понуда и побарувачка. Каматни стапки не се многу ниски што би стимулирале голема побарувачка. Значи фундаменти, вредност прецената но, со тенденција да се зголемува нема знаци на меур сега за сега.
Техничка анализа без графикони е невозможна. Но сигурно графот би бил констнатна нагорна линија мислам дека не параболична сеуште што е знак дека нема меур кој ќе прсне. Што е поволно за раст.
Во основа од трите елеменит базирани на повеќе на груби проценики од реални броеви може да се заклучи дека ќе има раст уште, меур нема ама тоа не значи дека неможе во иднина да се формира. Мој проценка е дека ќе има раст и во наредните години. Тоа што е прецената незначи дека нема да расте уште бидејќи пазарот знае да оди во екстреми многу често но, е знак ако си долгорочен инвестирор дека не е момент за влез.
Најдов едно графикче
http://www.globalpropertyguide.com/Europe/Macedonia
На сајтов викаат дека renal yield во МК е 8% јас видов на сајт на една агенција цени на квадратен метар во Аеродром беа 1100 евра а годишна кирија на метар квадатен е 52 евра или окулу 4,5%.