- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Мислев дека ќе се воздржат од коментари на оваа првенство сите оние со „мало куре комплекс„ за кои секогаш ќе биде успех ако се пласираме на некое првенсто и според кои Македонија воопшто не ни треба да сонува за поголеми успеси, а успехот на кошаркарската репрезентација беше голем неуспех за нивните песимистички ставови.
За среќа Македонија не е веќе топовска храна на поголемите екипи, а веќе ни светот не не гледа како нација која на првенствата ќе служи за подобрување на гол разликата. Македонците и Македонија разбраа во последните години дека и ние можеме и дека реално треба да очекуваме успеси од нашите момци. И како што викаше Борис Трајковски за фудбалерите „тие се 11 и ние сме 11, јас негледам каде е проблемот„.
Македонија тоа го покажа во Кошарката покажавме и во Ракометот и ќе покажуваме и во иднина дека со повеќе самодоверба можеме до врвот на Европа.Ги жалам навистина сите оние кои немат срце и доблест да ја запеат „Гоцевата Раса„ и да бидат дел од „Македонската Фаланга„. И во моменти кога Македонија е повторно сплотена во едно тие повторно се обидуваат да го деградираат тоа единство со нивните постојани и неподносливи поделби.
Во продолжение прочитајте ја колумната која ме изреволтира до степен да ги напишам погорните неколку реда.
Патриоти, право у Ниш!
Гордан Георгиев
Ги молам ракометарите да освојат барем четврто место на Европското првенство. Тоа ќе биде добро за нацијата, а нив ќе ги поштеди од бесмислени критики
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Атмосферата во Македонија пред почетокот на европското првенство во ракомет наликуваше како еуфоријата што пред секое светско првенство во фудбал се создава во Бразил. Бразилците се фаворити број еден во фудбал, а за бразилската нација секој пласман под првото место е неуспех и национална катастрофа.
Ете, деновиве Македонија наликува на Бразил. Не, не сакам да кажам дека деновиве Македонија е една голема сиромашна фавела како оние во Сао Паоло (нашата држава е фавела последниве шест години), туку мислев на „филмот“ кој секојдневно ни' се наметнува во поглед на големите очекувања од нашите ракометари. Во најавите на „најпатриотската“ телевизија секојдневно слушаме повици од типот „ајде ракометари да го повториме успехот на кошаркарите“ и разни други споредби од тој тип кои ни' ги подигаат апетитите со опасност потоа да треснеме од земја.
Во таа неподнослива врева, ми се чини дека не успеваме доволно достојно да го валоризираме неверојатниот успех да се изигра реми со Шведска (која е своевиден Бразил или Аргентина во ракометот) и тесно и помалку несреќно да изгубиме од Германија (Германија си е Германија и во фудбал и во ракомет).
Склон сум слободно да кажам дека оваа ракометна репрезентација е на еднакво ниво на квалитет како и нашата кошаркарска репрезентација, иако споредбите се навистина бесмислени. Но притисокот кој овие момци секојдневно го трпат од „Гоцевата раса“ е неверојатен. Дотолку повеќе треба да се валоризира досегашниот успех на нашите ракометари. Ако се сеќавате, пред почетокот на Европското првенство во кошарка повеќето од вас не ни знаеја дека се одржува такво првенство, а таман работа некој да помислеше дека Македонија е еден од фаворитите. По аналогијата на нашите кошаркарски херои, сега практично излегува дека секој пласман под четврто место на европското првенство во ракомет ќе значи национална катастрофа за нас. Тоа не е фер, бидејќи нашите ракометари играат првокласен ракомет, а притисокот свртен кон нив е огромен. Конечно, едно е да играш без психолошки оптеретувања во некоја далечна Литванија, а друго е да си „у Ниш“.
Приказната околу подигањето и спуштањето на очекувањата на јавноста е исто така класична тема во политиката. Еден друг припадник на „Гоцевата раса“, ама со нагласени античко-хеленистички црти, веќе шест години вешто си игра со очекувањата на два милиона народ. Во оваа наша ролер костер држава, граѓаните секојдневно се изложени на лажни очекувања од секаков тип. Премиерот Груевски и неговиот кум, економски експерт-пророк-кој-нема-да-знае-каде-да-побегне-од-срам кога пердето ќе се крене и лагите и манипулациите ќе излезат на виделина, му ветуваа брда и долини на македонскиот народ. Од економска благосостојба досега невидена на овие простори (балкански тигар), до освојување на светот и победа на македонската фаланга против Грција.
Резултатот после шест години е поразителен: Македонија е шампион во мизерија (Економист) а Премиерот пред некој ден призна дека „и покрај тоа што правдата е на наша страна“, силата во политиката е на сила во светот и Македонија не може да се бори против тоа. Лагите на владиниот тим се толку големи, што ни сите изгорени книги од Александриската библиотека не можат да ги соберат. И да биде перверзијата на оваа колективна хипноза уште поголема, нашиве властодршци постојано се китат со туѓи перја. Овојпат перјата се парите на македонските граѓани кои секоја година се слеваат во државниот (вмровскиот) буџет. Македонија е богата држава (со најголем буџет од осамостојувањето) а во неа живеат најсиромашните граѓани во Европа. Мама миа, порка мизерија, или во превод „Мајко моја, свинска мизерија“.
Овие сиромашни граѓани (мизерни ми е премногу тежок и тажен збор и затоа избегнувам да го употребувам) секојдневно гледаат како пред нивни очи, со нивни пари се гради центарот на градот со најскапоцени и истовремено најбесмислени градби. Во меѓувреме, државниот ревизор (поставен од Владата) ни кажува дека сомнежите на СДСМ во врска со криминалните градби, тендери и анекси на проектот Скопје 2014 можеби и имале основа.
Ако овие работи се покажат како точни, а вистината кога тогаш ќе излезе на виделина, тогаш ќе се покаже и дека кој лаже тој и краде, или кој краде мора и да лаже. И додека траат овие политичко-коруптивни „жмурки“, поставувањето на милионски скапите коњи, копја, штитови и безимени воини треба да послужат како арена за прославување на епохалните успеси на нашата држава (како пречекот на кошаркарите) или пак пригодно место кадешто ќе се ставаат на „гилотина“ или на „клада“ оние што ќе се огрешат.
Затоа ги молам и Кире, и Наумче, и Стевче и Ванчо, да освојат барем четврто место на европското првенство во ракомет. Тоа ќе биде добро за здравјето на нацијата, а и ќе ги поштеди нив од бесмислени критики. За мене, пак, огромен успех е ако ја прегазиме Чешка и се обидеме да се пласираме на Олимпијадата во Лондон.
Залудно надевајќи се дека нашата Влада сепак гледа кон Брисел или Вашингтон, сфаќаме дека груевистичкиот идеолошко-политички дострел не досега подалеку од Ниш, а најдалеку Белград. Затоа, да се опуштиме малку, да седнеме пред телевизор, да не глумиме големи патриоти, да газиме цврсто на земја, да си гледаме ракомет и да навиваме за Македонија.
(Авторот е пратеник
и потпретседател на СДСМ)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=EA46F331A5F04E489173AD9A82FB8AAA&fb_source=message