ЕП во ракомет 2012-група I (Белград)

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 репрезентации ќе одат во полу-финале?

  • Србија

    Гласови: 82 50,3%
  • Германија

    Гласови: 30 18,4%
  • Полска

    Гласови: 10 6,1%
  • Македонија

    Гласови: 119 73,0%
  • Шведска

    Гласови: 3 1,8%
  • Данска

    Гласови: 10 6,1%

  • Вкупно гласачи
    163
S

Stivie G

Гостин
Оваа е новосоздадена група од по првите 3 селекции од групите А и Б.
Плaсман во оваа група обезбедија Србија, Полска, Данска, Германија, Македонија и Шведска додека понатамошен пласман не успееја да обезбедат Словачка и Чешка.
Сметам дека оваа група ќе биде доста интересна за гледање бидејки во првата фаза имаше некои изненаудување. Најголемото изненадување е тоа што Данска влегува без бодови.
Влез во полуфиналето обездедуваат 1 и 2 пласираните репрезентации кои што ќе се сретнат со 1 и 2 пласираните репрезентации од другата група а додека оние од 3 до 6 место ќе разигруваат за останитите места.
Според моменталната состојба домаќинот Србија и Германија се во најповолна ситуација.

Моменталната табела и датумите на одигрување на натпреварите
u4r5l.png
И за крај анкета за тоа кои 2 репрезентации мислите дека ќе одат во полуфиналето
 
Оти само за една можи да се гласа?
Како и да е, се знај за кој гласав иако ќе ни биди тешко само заради швабите дека имаат 4 бода :)
 
Нека ја направат модераторите анкетата да има можност за гласање на повеќе опции, и нека ја рестартираат.
Инаку мислам и сакам понатаму да одат Македонија и Србија :D
 
Кои две ќе идат а само за една може да се гласа, иначе реално Србија и Германија ќе идат даље, на Македонија и требаат три победи за даље, тоа ќе иде тешко. Среќа па на Србија и требаат две победи, а третата ја играат со Македонија па нема многу да се замараат ако претходните две ги добијат.
 
Србија ако ги тепа Германија и Шведска третата може да ни ја пушти нас за поголем профит (гледаност, публика итн) а ние да тепаме со Полска и Данска за што реално мислам со добра игра може да се избориме.. ништо не е невозможно јас сум отпимист дека има шанси да отидеме во 1/2 финалето.
 
Дај Боже :)
 
Според мене ќе биди мишн импосибл да стигниме до полуфиналето и да се надминат нашите дечки да ги победат Данска и Полска..за СРбија уверен сум дека ќе ни ја пуштат ако ги победат првите две(што е голема веројатноста)..само со Данска некако да се стегни заби и да се надминеме..со Полска иако се поквалитетни не е ништо страшно..Данска е проблемот а и плус немаат ниту еден бод ...!
 
Кои две ќе одат во ПОЛУФИНАЛЕ...сменете=)
Реално...Србија и Германија имаат најголеми шанси,ама нешто ми збори дека редно време е Швабиве да го лапнат,среќата да им сврти грб,незаслужено се наоѓаат во оваа ситуација.
Така да моја прогноза-Ние и Србија:D
--- надополнето: 20 јануари 2012 во 16:55 ---
Според мене ќе биди мишн импосибл да стигниме до полуфиналето и да се надминат нашите дечки да ги победат Данска и Полска..за СРбија уверен сум дека ќе ни ја пуштат ако ги победат првите две(што е голема веројатноста)..само со Данска некако да се стегни заби и да се надминеме..со Полска иако се поквалитетни не е ништо страшно..Данска е проблемот а и плус немаат ниту еден бод ...!
Пољаците ги тепавме кога беа најсилни,зашто да не биде и сега така кога се ослабени..
 
Реално, сигурно одат србите и мојот глас на анкетата го дадов за нив, бидејки сум сигурен во тоа, не дека нешто србоман или сл срања, а после нив мислам дека германците и ние ке се јадеме за тоа второ место.
По мене германците имаат малку поквалитетен тим од нашите( за нијанса се поголеми ,поснажни а исто така и технички доста спремни) а ние тој мал недостиг го надополнуваме со публиката така да сме еднакви со нив.
Мислам дека ке бидеме или втори или трети во група.
 
Ако ја тепаме Данска ние сме тие што ќе имаат повеќе шанси за понатаму.Полска 100% ќе загуби од Шведска а Германија од Данска така да големи се шансите ние да бидеме втори во група..Најбитен натпревар е уташениот и се надеваме на успех..Напред Македонија(y)
 
србите да не пуштат да победиме и тоа на домашен терен на сред Белград....no way
 
Кога изгуби Шведска од Германија ми се одмили и нашата победа.Во двете игри имавме победа в рака а одиме со само 1 бод, оваа група не е како нашава, Данска и двата ги изгуби како нас за гол два, па има да тргне утре како невидени топка да играат.Тоа и ме плаши, овој ќе биде најтежок воедно и најважен натпревар, бидејќи со евентуален пораз, сите надежи спласнуваат и во останатите два ќе бидиме само топовско месо за фаворитите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom