Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Отпуштете го тој џелатот пепе. Секогаш ве става во говна до гуша. При толку пари и при толку инвестиции не можам да се изначудам на реал како сеупте го држи во своите редови :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Чек чек, тоа му е казна од горе или нешто од Мурињо ?
Пепе, 15 дена на принуден одмор.....

Според пишувањата на Марка, клубот нема намера да го санкционира јавно Пепе за неговиот акт од натпреварот во Копа дел Реј. Но, исто така, затоа што ова не му е прв испад, не сакаат играчот да се чувстува дека има подршка од клубот за неговите несовесни акции. Па затоа, за да го смират, имаа подготвено специфичен план за него.

Изворите велат дека на Пепе ќе му бидат дадени 15 дена принуден одмор, и нема да се појавува во стартната 11ка на Реал во овој период. Пепе имаше мала мускулна повреда и пред натпрварот со Барселона, па така, оваа повреда ќе биде искористена како "маска". Клубот ќе објави дека Пепе е повреден, и нема да игра некое време, а всушност тоа ќе биде индиректната казна за него.

Се очекува португалецот да не игра на дуелот со Бибао од Ла Лига, и посебно не на Ноу Камп, на реваншот од Копа, бидејќи доколку игра, таму би го чекал пекол. Затоа, од клубот му припремаат еден мал одмор.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Zidane (20.01.12 - As):
П: Zizou, знаеме дека не сакаш да зборуваш по медиумите. Зошто сега ни се јави и инсистираше да го кажеш јавно твоето мислење?
ZZ:Мислам дека се неправедни сите критики, после натпреварот против Barcelona, кои беа упатени против Real Madrid, против тренерот и против играчите. Не разбирам ништо од она што се кажа во врска со формацијата која ја постави Mourinho против Barça. Можеш да играш со формацијата која сакаш, ако противничката екипа, како што беше во случајот, за едно скалило над тебе. Што ќе правиш? Добро, на полувреме Real Madrid водеше 1-0 и сите беа задоволни затоа што бевме во предност. Јас бев на стадион и не слушнав некој да ја критикува формацијата. Пред натпреварот, сите се грижеа за 11ката на Real Madrid, но по првото полувреме беа со затворени усти затоа што сфатија дека функционира. Потоа, имаше грешка при голот на Puyol од корнер. Нешто што многу ни наштети.
П: Токму тоа, каква грешка за екипа која секогаш тренира зад затворени врати на Valdebebas каде може мирно да работи на таквите ситуации!
ZZ: Ние сме екипа која прима многу малку голови од прекин. Статистиката е тука и е позитивна за нас. Играчите, тренерот, сите се свесни за тоа. Да, се случува по некоја грешка. И сите големи екипи ги прават во даден момент. Но мене ми смета кога ги слушам сите оние критики упатени на формацијата со која игравме. Ги предизвикувам сите тренери во светот да кажат кој систем/формација е најадекватен за да се победи Barcelona!
П: Но ти си елеганцијата на фудбалот. Нема да ми кажеш дека тој начин е убав?
ZZ: Не се согласувам со тебе. Има моменти кога најголемата убавина во фудбалот е победата. Прво, тука сме за да победуваме, победуваме и победуваме. Секако дека клуб како Real Madrid мора да игра убаво, но во дадени моменти, против екстремно комплициран ривал, мораш да создадеш услови за победа. Во средата, игравме со три напаѓачи способни да направат големи нешта. Точно е дека не создадовме пет илјади шанси, но измисливме игра, измисливме добри движења.
П: Но навистина Real Madrid може да игра така?
ZZ: И зошто да не може? Зошто не? Понекогаш, дури и Real Madrid може да го стави резултатот над стилот. Исто така Real Madrid има право да си каже ‘Добро, денес морам да направам се за да победам и ќе жртвувам нешто за да го постигнам тоа‘. И тоа не се случува само во фудбалот, туку во животот на секој човек. Понекогаш за да го добиеш тоа што го сакаш треба да смениш нешто кај себе. Во средата, тактиката на екипата беше да прифатиме помал посед на топка и да најдеме друг пат до победа.
П: Не е тоа лимитирање на квалитетот на фудбалерите? Ти тоа би го прифатил?
ZZ: А што значи тоа “да го прифатам“? Не е така. Играме на одреден начин и тоа функционираше во првото полувреме. Еден длабок пас на Kаrim и одличен удар кон гол на Cristiano и гол. Бевме во предност. Силата на Real Madrid исто така е неговата способност за контра напади. Тоа не го измисливме сега, ниту ќе се откажеме од тоа наше оружје.
П: Многу си лут, да не кажам изиритиран.
ZZ: Не ги разбирам некои личности во медиумите кои го критикуваат Real Madrid на Moirinho, кога во суштина само се мотивирани тоа да го прават поради “нерасчистените сметки“ кои ги имаат со него. Како може некој да каже дека треба да се смени тренерот? Зар сме луди? Кога веќе ја имаме среќата да го имаме Mourinho за тренер, тренерот кој прави напредок, кој конструира еден силен Real Madrid. Да го нападнеш Mourinho и играчите значи да го нападнеш Real Madrid. Често одам на Valdebebas и со сопствени очи ја пратам неговата секојдневна работа со играчите. Mourinhoсака, Real Madrid да има корист од сето ова, сака Real Madrid да освои се. Тој и дава голем персоналитет на нашата екипа. Не можеш ни да замислиш како сите оние кои ја сочинуваат техничката екипа се внесени во овој проект. И исто така и играчите.
П: Сите? Сигурни сте?
ZZ: Секако дека да. Ми смета кога се напаѓаат играчите толку многу. Заслужуваат почит од сите поради тоа што го прават. Не ги разбирам тие тешки критики кон нив.
П: Добро, ги браниш играчите, го браниш Mоurinho, зошто?
ZZ: Затоа што Mourinho ги создава условите за успесите. Види ги статистиките на екипата откако е дојден. Неверојатни се. Сите тие бројки се неверојатни. И тој е главниот ‘виновник‘ за тој учинок. И кога ќе слушнам дека некој се сомнева во неговата посветеност и вели дека ќе биде овде само две години и потоа ќе си оди... Искрено, преферирам да остане две или три години и да направи нешто големо, отколку да остане 10 години и да не направи ништо. Види, во Inter беше само две години и кога зборува за таа своја епоха се чувствува почитта која ја има кон тој клуб и кон она што го има направено таму.
П: Би сакал да го имаш како тренер?
ZZ: Секако. Како и секој фудбалер кој работел со него. Тешко е, навистина, но тој прави да сфатиш што значи да знаеш да победиш. Роден победник е. Неговите методи на некого ќе му се допаѓаат или не, но со сигурност говорам дека секогаш ги брани играчите и секогаш ги има вистинските зборови кои треба да се кажат. Сега работам на позиција која ми дозволува јасно да набљудувам се што се случува на Valdebebas. И ќе ти кажам, тоа што го гледам е многу добра работа. Потоа, се наоѓаме во момент во кој две големи екипи доминираат во фудбалот и има една која е малку над другата. До овој момент.
П: И што ќе кажеш за она што го направи Рере во средата против Barça?
ZZ: Рере е играч кој речиси никогаш не го слушаш надвор од терен. Неверојатен дечко е, многу воспитана личност. Но кога излегува на терен е опседнат со победата и таа желба те тера да правиш грешки. Секако дека се кае за она што го направи, но Рере е играч кој дава се на терен. И понекогаш ја поминува границата.
П: Што мислиш за тоа што некои велат дека Рере не се совпаѓа со вредностите на Real Madrid?
ZZ: Би им кажал на тие личности да го погледнат добро тоа што Рере му го дава на Real Madrid. Рере, како и сите други играчи во екипата, е свесен за она што значи да го претставуваш Real Madrid и го почитува тоа. Потоа, на терен, со целиот тој притисок...
П: Кога ќе прекинат критиките против Real Madrid на Mourinho?
ZZ: Фудбалот, како и животот, е составен од циклуси кои се менуваат. Зборувам како играч. Сметам дека е неправедно да се “газат“ толку многу овој тренер и овие играчи. Не е праведно така од еднаш да се избришат, да исчезнат сите оние добри победи, онаа серија од последователни победи. Смешно ми е кога ќе кажат дека затоа што Messi и други играчи на Barcelona не биле толку добри како што обично се, кога вистината е дека формацијата со која излезе Mourinho беше таа која им ја отежна работата.
П: А критиките против Cristiano?
ZZ: Луѓето мора да сфатат кој е Cristiano. Професионалец за пример, кој работи како никој друг. Никој, никогаш да не се сомнева во неговата љубов и посветеност кон Real Madrid. Голема лага е дека е егоист.
П: Но изгледа лошо кога не слави гол.
ZZ: И, што? Да не не смее да биде лут некој ден? Има голем карактер, и многу врела крв. Мора да го прифатиме и да го сакаме таков – каков е, со своите квалитети и недостатоци. А Cristiano има многу повеќе квалитети од недостатоци.
П: За крај, не можам да не ве прашам за Karim Benzema.
ZZ: Karim го покажува својот талент. Работи многу, сфати дека е во најважниот клуб во светот и со довербата од тренерот и соиграчите, покажува многу повеќе нешта. Но ќе ти кажам нешто, Karim се уште е млад и неговата најдобра верзија допрва ќе дојде.
П: Ти благодарам Zizou.
ZZ: Ти благодарам јас на тебе.
 

iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Di Maria, 10 dias mas de baja.

Бонбона.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
^^^^ :rolleyes:Најверојатно комуњар е ...:P
А и тоа подобро одколку бугарофил како тебе ...;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom