Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
А станува збор за Интернет сервис чиешто седиште беше во Хонг Конг, Кина, а не во САД.

И сепак американците успеаа да го затворат, иако не подлегнува на американската законска регулатива ?

Кој е следен - Rapidshare, Hotfile, Fileserve, Filesonic, ... ?

И сеуште некој мисли дека овој предлог закон SOPA кој чека на гласање во американскиот Конгрес нема да има никакво влијание кај нас ?

Е па, останува да му ја мислиме ако SOPA биде усвоен во американскиот Конгрес.

Бог нека ни е на помош.
Баш ми е криво за Megaupload, добар сајт беше. Овој СОПА предлог закон е најлошото олицетворение на фашизам, комунизам и секаков вид авторитатизам, Интернетот се разви како слободен медиум, и никој, а особено не САД немаат право, ако јас како поединеци мојата држава толерираме и користиме пиратерија тоа е наша работа. Големо прашање е колку Устави и други закони се прекршуваат доколку би се применила СОПА?
 
Член од
20 мај 2011
Мислења
71
Поени од реакции
66
Седум луѓе, меѓу кои и основачот на Megaupload, Ким Дотком, се уапсени од американското FBI. Веб сајтот е исклучен, заедно со две компании кои се поврзани со сајтот. Седумината уапсени се обвинети дека се „дел од интернационална криминална организација чии членови се инволвирани во злоупотреба на авторски права и перење на пари на масовни скала“. Тие се обвинети дека направиле штета од пола милијарда долари, а при тоа заработиле околу 175 милиони долари. Популарниoт Megaupload, стартуван во 2005 година, а денес со 50 милиони дневни посети, се користи за закачување и споделување на фајлови. Но иако сајтот е легален, сепак поголемиот дел од содржината е пиратска. Според американските власти, компанијата потпомагала да се споделат пиратски копии на авторски дела уште пред тие да бидат официјално објавени. Во обвинението се вели дека Megaupload често ги обесхрабрувал корисниците да го користат сајтот за складирање и закачување на содржина која не е популарна за симнување, така што автоматски им ја бришеле. Megaupload се обвинети дека користеле бизнис модел со кој парично ги наградувале корисниците да споделуваат надворешни линкови кои хостирале нелегална содржина. Неодамна Мegaupload поднесе тужба против Universal обидувајќи се да привлече внимание на себе и на својата легалност. Спорот со Universal беше цензура на видеото Megasong во кое бројни ѕвезди дадоа поддршка за Megaupload. Taa тужба против Universal најверојатно ќе остане бидејќи директорот на Megaupload, Свис Битс не е меѓу уапсените. Ако се докаже дека се виновни, седумината уапсени може да се соочат со 20 години затворска казна. Интересно, ова апсење доаѓа само еден ден откако многу популарни американски сајтови, вклучувајќи ја Wikipedia на англиски јазик, Reddit, Google, Mozilla, WordPress и други, или го исклучија својот сајт за еден ден или поставија линк до постови во кои го објаснуваат своето незадоволство од предлог-законот SOPA кој би требало да ја спречи пиратеријата во САД.

Извор : www.it.com.mk
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
за какви шитоини се стааме у зандани..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.406
Поени од реакции
85.355
Ај тоа што луѓево ја мразат Сопа ќе сфатам.
Ама не ми е јасно што имаат против Пипа.

Баш фино девојче си е :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Мислам дека самите се заебаа од Мега кога ги тужија Универзал, добија премногу внимание со таа тужба, и за мене очекуван беше ваков исход.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Ај тоа што луѓево ја мразат Сопа ќе сфатам.
Ама не ми е јасно што имаат против Пипа.

Баш фино девојче си е :)
Ни јас немам ништо против Пипа ако се мисли на Филипа Шарлот Мидлтон, уште попозната како Пипа Мидлтон, но сум против Stop Online Piracy Act, уште попознат како SOPA и сум против како Protect IP Act, уште попознат како PIPA.

Воопшто не се девојчиња :D , туку се ептен опасни предлог закони кои ако станат реалност, ќе следува вовед во фашизам, комунизам и секаков вид на авторитатизам, како што вели Bateman.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Стварно, како го затвориле ако седиштето им е во Кина... ?
Тоа значи дека сеа јас ако отворам warez форум овде во Македонија за некој ден на врата треба да очекувам некој wanna be енглез од циа ?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Мегаплоад беше најдбрата опција од сите хостинг сервери што сум ги сретнал во животот, фул спид без премиум акаунт (сингл фајлови од по 700+ мегабајти) со минимално чекање измеѓу, штета :(((
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Стварно, како го затвориле ако седиштето им е во Кина... ?
Тоа значи дека сеа јас ако отворам warez форум овде во Македонија за некој ден на врата треба да очекувам некој wanna be енглез од циа ?
Не знам и мене ми е чудно, како може федерални агенти на една држава да вршат полициски акции во друга?! Има ли некоја информација дали физички биле ФБИ во Хонг-Конг, дали е уапсен некој и во која држава и чии државјани се уапсените.
 
P

Princ

Гостин
Fun fact#1. Megaupload беше хостиран во хонг-конг.
Поточно, секаде беше хостиран. Можеби И во Хонг Конг, но не само во Хонг Конг.
Серверите им се одземени од Холандија (да им емм тоа продадените души), Канада и Вашингтон.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
На темата за СОПА го прашав ова, ако има некој некоја подетална инфо. за целата акција?

како може федерални агенти на една држава да вршат полициски акции во друга?! Има ли некоја информација дали физички биле ФБИ во Хонг-Конг, дали е уапсен некој и во која држава и чии државјани се уапсените?

А може и да се спојат темите да не ни се губи дебатат на две места.
 
P

Princ

Гостин
SOPA е различна тема од оваа, и се изведуваат на различен принцип. Затоа ќе ги оставам одвоени темите.
Значи објаснив погоре, сервери НЕ се чепнати од други земји освен од Холандија, Канада и Америка. Америка ко Америка, нормално нивните закони си важат таму, а со Холандија и Канада имаат претпоставувам договор. Во Хонг Конг физички не биле ФБИ.
Уапсени се:

- Finn Batato, 38, Mega’s chief marketing officer and a citizen and resident of Germany
- Julius Bencko, 35, Mega’s graphic designer from Slovakia
- Sven Echternach, 39,Mega’s German head of business development;
- Mathias Ortmann, 40, the German CTO, co-founder and director of Mega
- Andrus Nomm, 32, programmer and head of the development from Estonia
- Bram van der Kolk, 29, a Dutch citizen who oversaw programming and network issues.
Патем, ова е листа на земји кои имаат договори за екстрадиција со УСА. Тоа што Македонија не ја гледам во листава ме прави среќен.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.197
Почнаа америве да го демократизираат и интернетот изгледа. :) Ако, барем сега нема да може да продаваат демагогија дека се либерални.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom