Како мислиш: џабе илјадници евра фрлени за нив?! Мислиш дека ракометариве лошо ја завршија работата? Дека не изиграа добар натпревар?
Очигледно е дека народов е научен само да плука по се` и секого. Дечкиве покажаа супер игра! Успешно и се спротиставија на „Немачка“, која вложува милиони евра во спортот со години наназад. Тоа се играчи со одиграни стотици натпревари, кои имале клучно значење, имаат сојуз од над 50 клубови, а ние од сите спортови не можеме да собереме 20 имиња, а тек од еден спорт... Колку клубови имаме во било кој спорт? Знаеме само за Работнички, Металург, Вардар, МЗТ и тука завршуваме со муабетот. На телевизија гледаме странски лиги, а од наша лига абер си немаме. Кога државата ќе се потуди да стави ред во раководствата на сојузите тогаш Македонија ќе може да се бори рамо до рамо со големите спортски сили. Се` додека не се средиме дома дечките ќе јадат онаков ќотек и нема да им признаваат чисти голови. Зар илјадници евра треба да се потрошат за 30 луѓе? Треба милиони да се потрошат!
Зошто ги навредувате дечкиве кога никој не вложил пари? Во какви сали тренираат? Со изваден паркет, кров кој прокиснува, без греење, мувла по ѕидовите... од такви услови и глушец ќе избега, а не човек да спортува.
Срам да ви е што дремете дома во топло и плукате по нечив труд. Срам да ви е што ги бодрите само кога победуваат. Пријатели и поддршка треба во тешки моменти, а не после победа!
Македонија не се брани со зборови, се брани со дела! Дечкиве покажаа колку ја сакаат Македонија.