- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
СЦЕНАРИО НА ФИЛИП ЏИРАЛДИ, ПОРАНЕШЕН АГЕНТ НА ЦИА
Вака ќе започне трета светска војна
среда, 18 јануари 2012
Американскиот разузнавач смета дека напнатоста што со месеци трае во Персискиот Залив е искрата што ќе го запали светот

Според проценките на искусниот разузнавач третата светска војна ќе почне од сосема мал инцидент, во кој ќе биде вмешан брод на иранската Револуционерна гарда. Имено, Иран се заканува дека ќе го затвори Ормутскиот Теснец иако се наоѓа на меѓународни води. Тоа значи дека ќе контролира кој поминува и ќе забрани поминување на американски воени бродови преку мореузот. Според сценариото на Џиралди фрегатата која патролира во близина на иранскиот град Бушер, ќе се судри со ирански брод и ќе го предупреди да се врати. Иранскиот командант ќе го игнорира предупредувањето и ќе истрела торпедо. Фрегатата ќе реагира брзо и ќе го разнесе иранскиот брод. Од носачот на авиони во истиот миг ќе полетаат ловци и ќе ја уништат морнаричката база од која испловил иранскиот брод.
Веднаш потоа, се вели во сценариото на Џиралди, претседателот Барак Обама ќе одржи прес-конференција на која ќе го нарече инцидентот војна и ќе побара поддршка. Додека САД обезбедува светска поддршка, Израел ќе го искористи моментот, па ќе ги нападне иранските нуклеарни објекти, а Иран со поддршка на Русија ќе собори шест израелски авиони.
Конгресот и медиумите во САД ќе бараат поддршка за Израел. Конгресмените ќе ја повикаат Белата куќа да го поддржи Израел, а тоа ќе помине со 431 гласови "за" и четири "против". Обама прво ќе се двоуми, а потоа ќе дозволи ограничена офанзива - против иранската војска, нуклеарните објекти и Револуционерната гарда.
Филип Џиралди предвидува дека во првите неколку дена надмоќната американска авијација и морнарица ќе ги уништат иранските главни воздушни морнарички и копнени бази. Објектите на револуционерната гарда заедно со нуклеарните објекти ќе бидат збришани. Ограничената офанзива ќе прерасне во нешто друго откако САД ќе ги бомбардира подземните лаборатории на нуклеарните центри и тоа со нова бомба, позната како "Биг блу". Ќе има многу цивилни жртви, бидејќи нуклеарните објекти се наоѓаат во близина на населени места.
По мала пауза, ќе нападне и Иран, кој по подготовка од речиси десет години, успешно крие многу воени и нуклеарни објекти. Пожарот ќе се прошири со проирански демонстрации во Бејрут, а на југот на Либан, Хезболах ќе истрела плотун ракети кон Израел - во Тел Авив, а во тој напад ќе загинат стотици Израелци. Шиитите, во знак на поддршка на Иран, ќе ги саботираат нафтните полиња во источна Саудиска Арабија. Проектили од кинеско производство ќе ги погодат танкерите со нафта од Кувајт. Лондонската осигурителна компанија "Лојд" ќе одбие да ги покрие трошоците поради тоа што војната не е покриена со полиси за осигурување. Транзитот на нафта преку Ормутскиот Мореуз (кој го сочинува една четвртина од потребите на светот) целосно престанува, а цената на нафтата се крева до 300 $за барел. Волстрит ќе ја забележи најголема загуба во последните 20 години.
По оваа кулминација САД ќе му понудат примирје на Иран, но Техеран ќе го отфрли. Џиралди, предвидува убиство на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи по наредба на Техеран.
По ова, предвидува бившиот агент на ЦИА, САД ќе се обиде да ги убеди Кина и Русија да преговараат со Иран за крај на војната, но тие ќе одбијат. Бомбаши-самоубијци ќе напаѓаат во Лондон, Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес. САД предупредува дека доколку не се прекине огнот, Иран ќе употреби нуклеарно оружје. САД ќе ги алармира Индија и Пакистан и Израел да ги стават нивните нуклеарни сили во состојба на готовност. Истото ќе го сторат и Русија и Кина.
На крајот, Америка ќе одлучи да фрли атомска бомба врз иранскиот истражувачки центар во Натанц и се заканува за повторно бомбардирање доколку Иран не го прифати примирјето. На ова Иран ќе одговори со ракетирање на американските бродови. Пакистанската полиција со помош на радикалните исламисти ќе ја преземе контролата на Владата, а Индија превентивно ќе ги нападне пакистанските нуклеарни центри. Сепак, Пакистан ќе успее да извлече неколку нуклеарни бомби и една од нив да фрли врз Њу Делхи. Тоа е малиот инцидент во Персискиот Залив, поради кој, според искусниот разузнавач, ќе започне третата светска војна!