Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
кој заборави да напише статус за ракометарите - ќе му ставиме минус ..
 
Судиите не уништија, факт! Не зае*аа во најмалку 10 ситуации. Изиграа сите супер, Кире легенда!
 
Срамота е да го пцуете капитенот!

Ја заеба со избрзаните удари, не викам не... Ама секој наш гол беше од него... Асистенции имаше милион, играта нон-стоп преку него.. Ете малце проработи неговото его, сакаше да даде гол, да испадне херој на некој начин... Па ја заеба, иначе секој наш гол беше преку Кире Лазаров и засрамете се што пцуете по него..

Наредниот меч, ако го реши тој, сите ќе му го излижете газот 2 пати..
 
И ме нервираат муабетите: кога ги видов како се радуваат, како да ја тепале Франција мило ми беше. И што има врска дали повеќе или помалце се радувале? Битно они се радуваат, а ние сме со прстот во уста. Ич не ми е гајле како се радувале.
 
Офтопик
Почиња војна Сител вс Канал 5 кај и да е.

Нема да има војна...Канал 5 е на Борист Стојменов(Вмро-Македонска која се наоѓа во коалицијата на Вмро-Дпмне)..нема да дозволат надлежните органи:D
 
Гледам сите ги земате во предвид само грешките на Лазаров. А асистенциите кон Стоилов? Без Лазаров не не` бива! Само неговото присуство е значајно!
Настрана тоа, сите топки што ги одбрани Диви не беа коректно пречекани, туку напротив подарени на германците.
Имавме грешки, ама сепак игравме до крај. Ајде сега со Чешка имаме уште една шанса, да ја искористиме!
П.С. Победата има безброј татковци, поразот е сираче!
 
Судиите не уништија, факт! Не зае*аа во најмалку 10 ситуации. Изиграа сите супер, Кире легенда!
Се надевам не си сериозен?

Најголемиот бот само може да рече дека судиите не зафркнаа.Уште неможам да верувам дека со ваква игра зедовме само 1 бод.
 
Сепак мислам дека Види Фотос е крив!!!:sneaky:
Така е кога бришете тема на член што поштено ја отвори за да отвори Види Фотос...Ја сум за бан од 3 месеци на ВФ заради него Македонија тагува сега :sneaky::ROFLMAO:
 
Прво публиката сељачана страшна шо фрлаа по паркетот, одма да се види шо народ сме. Излегоа на два три портали дека се сменале судиите и сите и тие што не разбираат судиски одлуки, судиите така онака. Кога беше најважно судиите у наша корист судеа.

Второ и да победевме немаше којзнае колку да се радвам пошо ја гледам моќта на репрезентацијата и дека се постигнуваат на сила, со голем мотив. Талент нула. Капа му спуштам на Стоилов и на Диви. Миркулоски и Мојсовски се едно димензионални игграчи, на двата натпревара ги прочитаа. Лазаров капитенски превзема одговорност, понекогаш и непотребно, ама мора да се признае и дека нивниот голман беше добар.

Страшно се осеќа дека немаме тренер. Прави многу глупи одлуки. Бековите наши неможат од 9 метри да шутираат, дури ни Лазаров не може. :facepalm: Кауфман и Гландорф, сосема просечни играчи се покажаа подобро од нашите бекови. Клајн и Хенс не играа. Дај ние да изиграме утакмица без Мојсо и Миркулоски.:facepalm: На едната страна на крајот ние го имавме Манасков, на другата страна Генцшајмер и така изгубивме. Неорганизираност и искуство што може да ти го даде македонското првенство.
 
ах Македонче Македонче сам си патиш од глаата :/ ...толку судиски грешки, толку глупости на Кирета наш голем маж :/ ..да направам едно ривју Диви ЦАР СО ПРЕСТОЛ,Дедо Стеве и не се виде, Манасков дечкото е ѕвер и треба да му простиме за контрата сепак е млад и неискусен ама сакаше да направи се со најдобра намера,Кире може комотно да си оди во неговото Св.Николе и да гледа од таму оти на тајмаутот вика полека без брзање и по два паса фаќа шутира од 10 метри. Па да ти ебам клошарот вразуми се малце. Темелков уште една партија изиграна за репрезентација не за него како поединец, Бране добар :) , Јоновски неправедно беше исклучен при второто исклучување шо придонесе да не игра 2/3 од утакмицата,Велко Марковски не ни го видов,Борко играше фана шо моеше да се фане и го заменија :) , Филип не требаше да игра на лев бек, требаше да игра од почеток таму Жути а на среден Мојсо. Мојсо и Жути изиграа колку што можеа иако Мојсо цело време го чекаа на финта а требаше да шутира од прва :) при прв чекор :) , Столе е откритие на Европскоово
 
Сепак мислам дека Види Фотос е крив!!!:sneaky:
Така е кога бришете тема на член што поштено ја отвори за да отвори Види Фотос...Ја сум за бан од 3 месеци на ВФ заради него Македонија тагува сега :sneaky::ROFLMAO:
 
Сепак мислам дека Види Фотос е крив!!!:sneaky:
Така е кога бришете тема на член што поштено ја отвори за да отвори Види Фотос...Ја сум за бан од 3 месеци на ВФ заради него Македонија тагува сега :sneaky::ROFLMAO:
После Киро, јас ја превземам одговорноста... :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom