Mourinho (17.01.12 - прес):
Di María не е добар како што очекувавме. Но ќе почекаме, ќе видиме. Ќе биде повикан.
Дали 0-0 е добар резултат утре? – Најдобар резултат е да ја добиеш елиминацијата. Никогаш не знаеш кој резултат е добар. Можеш дома да победиш таму да изгубиш и обратно. Никогаш не се знае.
Не сакам да ги коментирам изјавите на другите. (за изјавите на Xavi)
Секогаш натпреварите зависат од сите. Ако игра Ramos десно ќе ме критикуваат затоа што треба да игра во средина. Ако игра Coentrao десно, зошто левак игра десно. Ако игра Higuaín, ќе ме критикуваат затоа што Benzema е во добра форма. Ако игра Higuaín ќе ме критикуваат затоа што Higuaín беше добар против Mallorca. Што и да направам ќе ме критикуваат.
Нема да ја кажам 11ката за утре. Не знам со кој ќе излезам.
Работам со Cristiano една и пол година. Од тогаш има дадено ... не знам колку голови, не знам колку hat-trick-а, со негов гол ја освоивме единствената титула. За мене е најдобар. И знаеш кој е негов најдобар натпревар? Второто полувреме против Mallorca. За мене беше најдобар во тоа полувреме. Бев најзадоволен од него нај горд на него. Тој е играч кој секогаш е атракција на натпреварот, секогаш врз него паѓа најголемиот притисок, секогаш тој мора да се истекне, да даде гол, да биде ликот кој ќе излезе на насловна. Во тоа полувреме го направи она што и беше потребно на екипата, земаше топки, бранеше, го заврши натпреварот “мртов“, играше како животно. За мене беше фантастичен и му кажав дека додека работи како што работеше тоа полувреме нема потреба да дава голови, нема потреба да биде играч на натпреварот, ниту да биде критикуван за тоа дали дал гол или не. Се додека работи така никој нема да го чепка и ако некој од вас го направи тоа ќе имаме проблем. Се додека работи така, не сакам никој да го чепка.
La Liga е приоритет, нема да го сменам тоа. Утре играме голем натпревар, ќе дадеме се и ќе се одиме на победа. Точно дека Copa del Rey е третиот приоритет оваа сезона, но утре ќе биде приоритет. Тоа што не е приоритет денес, ќе биде утре. Никој не игра за да изгуби. Оној кој ќе ја изгуби елиминацијата ќе има помалку натпревари во февруари кога се игра и ЛШ и Liga. Полуфинале против Valencia или Sevilla бараат многу, но ги сакаме и тие два натпревари во февруари.
Секако дека нема да играме исто како и во финалето лани. Ќе има 4 или 5 различни играчи, но тоа не е важно.
Дали утре на коцка ја ставате вашата кариера, престиж? - Што мислиш ти? – Јас мислам дека да. - Колку титули мислиш дека треба да освојам за да со следниот натпревар си ја ризикувам кариерата, 30? – Јас прашувам дали утре го ставете во игра и вашиот престиж како тренер? - Те прашувам јас тебе. Колку титули треба да имам за да следниот натпревар не биде важен за мојот живот или кариера? – Ниедна повеќе. – Толку, фала. На секој натпревар играм за моја сатисфакција. Од натпреварот во среда ќе зависи дали во четврток ќе бидам посреќен или потажен и фрустриран. Потоа од натпреварот во недела ќе зависи дали во понеделник ќе бидам посреќен или не. На секој натпревар истото, ништо повеќе.
Дали мислите дека Pinto треба да биде голман на вакви натпревари? Не мислам ништо.
Carvalho е важен играч. На сред сезона сме, имаме играчи со картони. Ramos има 4 жолти во Liga, многумина имаат по 3. Кога на екипата ќе и биде потребно Carvalho ќе биде подготвен.
Мојот однос со Guardiola е ист како и секогаш. Немам никаков проблем со него.