За 100 години луѓето ќе бидат бесмртни?!

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Јас најдов инфо дека се 7 билиони години. Сега сонцето е некаде на средина од својот живот.
Он топик - ,,големите,, научници уште НЕМОЖАТ да си објаснат кои се причините поради кои се појавуваат автоимуните болести(днк поврзани болести) и да најдат лек за нив, а планираат за 100 години преку истиот ДНК манипулација да создадат високоинтелегентен па дури и бесмртен човек OOH THE IRONY...
Неможат лек за вирус да пронајдат (хив), а камоли пак да манипулираат со човековата днк:) Не го оспорувам фактот дека некогаш е можно да се случи ова, н оза 100 години хахах да да...
Тука си малку во грешка, лек за сида постои, само што не секој има пристап до него, со оглед на тоа што сидата е human engeneerd virus.
Има и лек за рак, само од истата причина неможе да се дојде до него, и за повеќето “неизлечиви“ вируси/бактерии па и генетски болести.

Манипулацијата со човечката dnk веќе се прави, т.е се модифицира генот што го контролира стареењето, такашто со неколку инекции, volia престануваш да старееш. Исто да те подсетам, чичко Менгеле рчкал днк уште пред 70 години (ако не утнав у математика), имал еден куп луѓе за да експериментира на нив, патем он е кривецот за вирусот што го фаќаат само црнците, и болеста што ја фаќаат само евреите, не ми текнуе на тачните имиња сеа моментално. Тоа се таканаречени таргет вируси, секој што не го исполнува генетскиот услов автоматски е имун, па сеа ти види. Мислам нели, по некоја случајност само црнци и само евреи.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 00:32 ---

Такви промени на сонцето не се случуваат наеднаш,а и не се забележани промени кои укажуваат дека наскоро ќе се претвори во Црвен Џин и не е предвидено нашето сонце да стане супер нова поради тоа што не произведува/многу малку железо кое е причината за појавата на супер нова.
добро де, црвен џин, помешав поими, како и да е процесот се одвива, сакале или нејќеле, растењето на температурата е експоненцијална, и работата е што во понови податоци утврдено е дека првичната “дијагноза“ за сонцето е многу промашена. Не е толку многу до црвен џин, многу порано ќе се деси.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ајде дај извор да видам кој го рекол тоа?
 
O

Orion.

Гостин
Тука си малку во грешка, лек за сида постои, само што не секој има пристап до него, со оглед на тоа што сидата е human engeneerd virus.
Има и лек за рак, само од истата причина неможе да се дојде до него, и за повеќето “неизлечиви“ вируси/бактерии па и генетски болести.

Манипулацијата со човечката dnk веќе се прави, т.е се модифицира генот што го контролира стареењето, такашто со неколку инекции, volia престануваш да старееш. Исто да те подсетам, чичко Менгеле рчкал днк уште пред 70 години (ако не утнав у математика), имал еден куп луѓе за да експериментира на нив, патем он е кривецот за вирусот што го фаќаат само црнците, и болеста што ја фаќаат само евреите, не ми текнуе на тачните имиња сеа моментално. Тоа се таканаречени таргет вируси, секој што не го исполнува генетскиот услов автоматски е имун, па сеа ти види. Мислам нели, по некоја случајност само црнци и само евреи.

Ракот постоел и во средновековието !! Кој го создал тогаш?
http://en.wikipedia.org/wiki/AIDS_denialism Некои и веруваат дека ХИВ е само обичен вирус како и настинката а дека лековите за хив всушност се тие опасните па затоа хив позитивните поддржувачи на оваа теорија одбиваат да ги зимаат нопходните лекови и замисли умираат...
Тоа со инекцијата, дај линк....:pos:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Повеќе од работите што се набројани во првиот пост се веќе реалност.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
И да се оствари тоа ќе биде крај за луѓето, планетава одвај нас не држи, а замисли да нема смрт тоа ќе биде...:свиркам:
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Себично е да бидеме бесмртни, ќе нема место за нови луѓе. Јас би одел на некој механизам да можеш да се ставиш на хибернација на 100-200 години и после да се разбудиш пак и да тераш со живот или нешто слично. А за останативе работи половично се исполнети и денес.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Од увек т.н. научници баратале со "сигурност" со вакви изјави. Ова слично го изјавувале и пред 30 и 50 години...а еден вирус грип мип може да не убие, бактерија ни го уништува црниот дроб и желудникот, лек за срцето нема, лек за притисок и шеќер нема...не се знае ништо за ракот, за ред болести ...
Али мораат да живеат од нешто...мора да матат у круг :D
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Држи вода онаа реченица она што неможе да те убие може само да те направи посилен, тие што ќе успеат да опстојат покрај сите смртоносни болести, канцери, сиди, колери, еболи, мислам дека ќе можат да остават во потомство некоја супериорна раса, па која ќе може да се избори и за бессмртност (малку фиктивно), арно ама јас верувам дека се е можно па дури и бессмртноста.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Не е убаво луѓето или било што друго да е бессмртно. Ке се преплави планетата од луѓе ке биде уште поголема борбата за опстанок, што значи многу ке гинат,ке нема доволно ресурси за опстанок, исто така сите други суштества ке бидат потиснати од луѓето т.е многу видови на животни ке бидат истребени од планетата.
Гледајте го документарецот на Дискавери за вештачкото пуштање на џиновските ракови во Баренцово море, и ке го сватите она што погоре го пишав за изумирањето на другите видови.
Наместо да се занимаваат научниците со бессмртност што уствари е еден вид болест, која ке не уништи сите, нека се занимаваат со наоѓање на лек за постоечките неизлечиви болести, рак, сида......
Поздрав.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Не верувам дека ова ќе се случи, а и да се случи за 100год сигурно нема да биде, 100 год е кратко време за тоа.

Во суштина, накратко кажано ќе станеме нечиви роботи... не ми се допаѓа идејата.
Ако се вратиш во 1912та година и му кажеш до каде е сегашната технологија и за него малце ќе бидат 100 години.
Сега со сегашнава брзина на развој 20 години се премногу не пак 100,каде беше земјава во 1990 година а каде е сега:);)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ќе бидат нешто вака луѓето,м ?



Ова е остварливо само на филмови,за да се случи нешто вакво навистина ќе треба да се испотат научниците,а не да го гледаат Вил Смит во Јас,робот.
Научниците како прво и основно треба да се занимаваат со други работи,нешто што ќе му треба на човештвото за во иднина,а не некојси бесмртни роботи.
Изгледа тие роботи ќе бидат полицајци,ќе зависат од еден човек кој ќе ги команда,ќе тепаат и тероризираат се што не е како нив и ќе тргнат во галактички поход кон другите планети.
Добра и интересна замисла за филм...

Беај бе,како што тргнал лудо светов на секое ќоше војна и немири,тешко да не издржи земјава уште 100 години,затоа не каса малку по малку со вулканите,земјотресите,цунами,поплави.

Бесмртни луѓе ха !
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ако се вратиш во 1912та година и му кажеш до каде е сегашната технологија и за него малце ќе бидат 100 години.
Сега со сегашнава брзина на развој 20 години се премногу не пак 100,каде беше земјава во 1990 година а каде е сега:);)

Во однос на технологија пишаното можеби и сега е возможно, меѓутоа тоа е блиско време од сега значи време во кое ќе живеат нашите деца. Во наше време ваквата технологија е сеуште неприфатлива, поголемиот дел од нас се против роботски живот, а нашите деца ќе ги воспитуваме и наведуваме на нешта прифатливи за нас. Во тој поглед мислам дека треба да помине повеќе време од 100 години за да ваквите работи станат општо прифатени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom