Не ми се спие и читав кој какви случки имал. На моменти ме фаќае страв признавам. Инаку јас можеби дека сум тврдоглава и инаетчика
или не знам од што не им давам значење на вакви случки кога ми ги кажуват, им велам ти се присторило не е ништо
.
Имам братучетка која премногу се плаши, не кажува од што и е, а и не сака да иде некаде некој да и помогне. Таа буквално спие со вклучен телевизор, вклучено светло или кога ќе се раздени ќе си легне. Искрено кога спиеме заедно прво чекам таа да аспие па после јас
Кога сме искочени таа не оди со главата напред туку цело време гледа што има позади неа. Не е убаво тоа знам, премногу е преплшена од нешто.
Искрено ми се немаат дешавано некои ептен језиви ствари, а ви кажав и кога се деси нешто не му давам значење, се првам како ништо да не е. ( Иначе сум студент во ск-за да биде појасно)
1. Пред година дена, седев во стан во Аеродром, 13ти петок, гледав филм и мобилнот што речиси и не го користам тој почна да звони, се почудив кој ме бара на тој број... Не ме бараше никој, вонеше аларамот во 3 и нешто пополноќ. 100 пати проверив убаво, немав ставено аларм ниту имаше знкче на телефонот дека имам ставено аларм. Да ми беше чудно, али такви ситуации наоѓам некои мои решенија смо да не паничам
( ми се деси истото уште еднаш после некое време
)
2. Сега седам во стн во Карпош ( кај драмски театар) и почесто седам сама, цимерките ретко се дома. Зградата е стара и се се слуша од кај комшиите. Тоа уште повеќе може да те заплаши. Си легнувм да спијам, ако сум уморна веднаш ке заспијам, ако не се вртам и може и после еден саат ке спијам. Си лежев долго време и веке онка осекам дека заспивам и полубудна осекам како некој оди по креветот, буквално оди, не по мене туку одстрана кај што има место си оди. Тоа не се дешава секоја вечер, али се дешаава, али ај пак не се потресувам толку. Повеќе страв имам од живите
Исрено мислев дека само јас го осекам тоа. Потоа земавме да чуваме мачиња, и сега се дешава тоа и станам да видам да не се мачињата али не се они
-Дојдоа двете братучетки да спијат кај мене (таа што се плши и една што нема страв од ништо
) таа што не се плаши си легна, ние двете останавме уште многу време будни кога си отидовме да си легнеме, братучетка ми стана и кажа дека нешто и чукнало под креветот како што некој ти чука на врата. Ја убедив дека и се присторило али ипак спиевме со светло-не знам што е фината, ама не спијам у таа соба кога сум сама
* Е сега за да се убедам сама себе дека ми се присторува случајно наидов на нешто на нет (само да објаснам дека многу често ме боли глава и бев на испитувања за синуси али сосема се е ок ) сега малку copy-paste со што се убедувам дека нема ништо:
Мигрената може да предизвика мирисна халуцинација.
- Олфакторна (мирисна) халуцинација, односно чувство на некој мирис кој не е присутен може да се појави за време на мигренската аура.
Мигрената може да предизвика слушна халуцинација.
- Аудитивна халуцинација, односно слушање на звуци кои не се присутни, може да се појават за време на мигренската аура.
http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?2875-15-факти-за-мигрената-кои-можеби-не-сте-ги-знаеле&fb_source=message
* Само уште нешто, не велам дека не постојат такви заебани случки, само сега светот е понапреден за се нешто се наоѓа објаснување, а ги има многу и бидејќи се десило некад сега има секави обичаи и ритуали за се нешто. Поздрав