Или животот ми е премногу досаден, или се почесто се наоѓам во ситација да зборувам за случките во автобус.
Али стварно, пензионериве растур прават, тоа минусни степени, чиниш плунка ти замрзнува, тие уште се возат. А што е и најтрагично, онаа ареа на старо-отстоено изџвакано лукче што се шири во автобусите од бабите не е ни толку лоша, од онаа дедовците што за доручек дрмнале една чашка ракија.
И не навредувам никого, Боже прости ми ако така се изразив,

ама неподносливо е.
Си одам така на факултет пред Нова Година, ентузијастички расположена за престојниот ден, и во момент на заборавеност, ми се излизна од ум дека е вторник.
И шта Ќеш, издржи мушки, си реков, и си седнав на последното седиште на вториот кат.
За чудо, горе немаше многу гужва, и јас така весело си се симнувам по скалите, кога што да видам, ред да се чекало, за излез. Ајде и јас, оп-стоп турканица одозгора, и јас за момент се најдов долу, меѓу толпа од пензионери.
Нагло вртење во еден момент и животот ми се смени. Пред мене еден дедо, право у фаца ми ждригна. Леле дали тоа ракија на "гладно срце" па јајца варени, никогаш нема да откријам.
Само знам дека беше ужасно. А јас ко мајмун почнав неартикулирано да зборувам и да мафтам со раце, да се расчисти просторот околку мене, троа воздух да земам. Па ако повратам јас, се кладам дека после мене ќе го направат тоа уште минимум двајца.
Да не должам многу, завршив што завршив со обврските, решив да си поодам малку пешки и да се качам во приватен, арно ама, што се случи и таму. Влегуваат десет баби и викаат, не ми е гајле, државен приватен, вторник е.
И шоферот што да им прави?! Ги пушти да се вратат дома од шетња, не ќе ги остави надвор.
Мене ми преостануваше само да станам да им го отстапам местото, али подобро ќе стојам него да ги слушам како над глава ми дишат.

.