Што е его и како да се елиминира/намали

Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Егото е центарот на нашата личност,егото е она што сме ние.Зошто да го отстрануваме или намалуваме своето его?Ако не сме егоисти не можеме да бидеме ни алтруисти.Зависи како гледаме на дефиницијата„ его„.Ако се водиме според источната филозофија,таа не учи да престанеме да сме свесни за нашето постоење,и да се грижиме другите околу нас да бидат срекни.Демек само така и ние ке бидеме срекни.Ама јас повеке ги сакам Фројд и Јунг.
И јас сакав истото да го пишам.Не ми пречи моето его баш напротив и не ми паѓа на памет (барем не во догледно време) да превземам мерки за да го намалам.А далеку од тоа дека сакам да бидам алтруист.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Егото не е наша лична идентификација. Сите си имаме идентификација, егото е само став, став на нашата свесна волја кога се обидуваме да ги земеме работите во свои раце а не ја пратиме нашата вистинска волја од потсвеста. За да се елиминира, треба да станеме нешто како посматрачи на самите себеси.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Мислам дека немаше да направам некои работи ако дозволев егото да ме надвладее затоа што секогаш постои тоа колебање дали да се направат работите како што навистина треба или онака како што НИЕ мислиме дека треба,а егото е секогаш тука да ни попречува и во двете ситуации.

Секој за себе смета дека е најдобар и е сигурен дека ќе успее во она што го работи.
Сите сакаме да се докажуваме,да бидеме почитувани и сите мислиме дека можеме се да имаме и се да добиеме во она време кога ние сакаме да го имаме па нормално е што егото веќе стана клише и тоа е она што зачудува-колективното его.
Од лично искуство сум сфатила дека за исполнување на целите не ми е потребно егото,но за решавање на проблемите и те како е добредојдено-мора во одредени моменти да се презентира сопственото его.

Го контролирам со тоа што никогаш не сакам да бидам во центарот на нештата ниту пак ми е потребно нечие одобрување или “улизување“ за да ми го билдаат егото и некој друг да ми кажува дека сум најдобра.

Фала ви-се ценам себеси тоа е доволно за моето его :wink:.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
зборите за тоа како е да се намали егото. зашто би го намалиле? тоа е всушност она што сме.тоа е всушност она што не прави различни од другите. дали сте се запрашале како е да сте без его? што би биле тогаш? би правеле се за да им удоволите на другите и би се однесувале според пишаните и непишаните правила на општеството и не би го правеле она што навистина би сакале да го правите. би го правеле само она што сметате дека ќе ве направи неутрални и нема никого да повреди. зашто да ја намалиме гордоста? тоа е всушност она што го викаме его. поради гордоста ние сме ние и само ние, и поради неа нас не почитуваат и поради неа не дозволуваме да си играат со нас. па, зашто да ја намалиме? претпоставувам дека не сте почувствувале како е да се чувствувате како без идентитет,без его. како да не постоите. цело време да правите што мислат другите дека би требало да го направите и да се однесувате така како што би биле најмалце осудувани. каде е тогаш вашето јас? многу е бедно чувството да немаш идентитет, да немаш сопствено мислење, сопствен став. се да ти е наметнато. да правиш се само затоа што мислиш дека така најмалце ќе бидеш повреден. што е болката всушност? зашто сами би се носеле во болка? можеби зашто во ситуацијата во која би ја чувствувале би имале и други придобивки. како на пример, слобода да правиш што сакаш, кога сакаш, со кој сакаш. а не да ти биде кажано и ти да го слушаш тоа зашто ако не го послушаш стравуваш дека ќе изгубиш некого. значи живееш се само не твојот живот. живееш по туѓи правила. тоа не е живот. болно е да знаеш дека си направил грешки поради тоа што си мислел дека повеќе ќе изгубиш отколку што ќе добиеш ако си го направел тоа што си сакал. зборам од мое искуство. уште не сум почнала да се лечам од тоа. затоа, не е добро да немаш его. не е добро да го намалиш. зашто тогаш нема да имаш лична сатисфакција. многу е тешко откако ќе го изгубиш своето јас, тешко се враќа назад. што е најлошо,не смееш да земеш помош. зашто тогаш пак ќе живееш според нешто што некој друг ќе ти го наложи.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не се величи сам/а себе директно или индиректно
Немој да покушаваш да бидеш центар на внимание
Не збори превише
Не се фали за своите добри дела
Не го демонстрирај своето „супериорно“ знаење
Не покушавај да наведеш некој да ти дава комплименти
Не ги прави другите помали од тебе за то да изгледаш поголем
Не чувај мисли како си супериорен/на
Не се фали со тоа што го имаш
Не ја употребувај својата религија или својата „мудрост“ за да оставиш импресија
Не го употребувај својот добар изглед за да импресираш
Не лажи за да импресираш
Не оговарај
Немој да бидеш превише зафатен/а. Префише зафатен=превише важен
1. Не го правам.
2. Тоа не може од Бога ми е дадено и да нејќам судбински е дел од мене.
3. Тоа морам.
4. Не се фалам.
4. Скромен сум дури сум скромен потоа не сум.
5. Не очекувам ни пофалби ни критики.
6. Не омаловажувам злобно, а за помали физички над просек сум така да не можи тука да се помогне.
7. Никогаш не го правам тоа и не го подтенувам противникот.
8. И тоа не го правам.
9. Не го правам тоа за да импреионирам иако често тоа излегува на крај.
10. Не го употребувам изгледот туку тестостеронот.
11. Генерално сум вистинољубив.
12. Никако не оговарам, што на ум тоа на друм, што зад него/нејзе тоа пред него/нејзе.
13. Не се чувствувам така.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
зборите за тоа како е да се намали егото. зашто би го намалиле? тоа е всушност она што сме.тоа е всушност она што не прави различни од другите. дали сте се запрашале како е да сте без его? што би биле тогаш? би правеле се за да им удоволите на другите и би се однесувале според пишаните и непишаните правила на општеството и не би го правеле она што навистина би сакале да го правите. би го правеле само она што сметате дека ќе ве направи неутрални и нема никого да повреди. зашто да ја намалиме гордоста? тоа е всушност она што го викаме его. поради гордоста ние сме ние и само ние, и поради неа нас не почитуваат и поради неа не дозволуваме да си играат со нас. па, зашто да ја намалиме? претпоставувам дека не сте почувствувале како е да се чувствувате како без идентитет,без его. како да не постоите. цело време да правите што мислат другите дека би требало да го направите и да се однесувате така како што би биле најмалце осудувани. каде е тогаш вашето јас? многу е бедно чувството да немаш идентитет, да немаш сопствено мислење, сопствен став. се да ти е наметнато. да правиш се само затоа што мислиш дека така најмалце ќе бидеш повреден. што е болката всушност? зашто сами би се носеле во болка? можеби зашто во ситуацијата во која би ја чувствувале би имале и други придобивки. како на пример, слобода да правиш што сакаш, кога сакаш, со кој сакаш. а не да ти биде кажано и ти да го слушаш тоа зашто ако не го послушаш стравуваш дека ќе изгубиш некого. значи живееш се само не твојот живот. живееш по туѓи правила. тоа не е живот. болно е да знаеш дека си направил грешки поради тоа што си мислел дека повеќе ќе изгубиш отколку што ќе добиеш ако си го направел тоа што си сакал. зборам од мое искуство. уште не сум почнала да се лечам од тоа. затоа, не е добро да немаш его. не е добро да го намалиш. зашто тогаш нема да имаш лична сатисфакција. многу е тешко откако ќе го изгубиш своето јас, тешко се враќа назад. што е најлошо,не смееш да земеш помош. зашто тогаш пак ќе живееш според нешто што некој друг ќе ти го наложи.
Имаме различни толкувања за егото но небитно, ионака тоа се само зборови :)
А во врска со болдираното апсолутно се сложувам, тоа за што пишуваш е онаа состојба на умот што во будизмот се вика Ништо, или Нирвана, спротивно на Мукти, блаженство со свесност за засебен карактер. Тогаш индивидуата како да го губи своето Јас и станува мирна алтруистична душичка спремна секому да помага, секому да одобрува... И јас долго бев во таква состојба и само пропаѓав, не ми одговараше, и нагонот ми се бунтуваше. :) А некому можеби и одговара, не генерализирам. Како на оние мирни Индијци што сум ги сретнал, баш душички. И подобро таков да е човек, отколку некое арогантно и надмено копиле. :)

Мислам дека немаше да направам некои работи ако дозволев егото да ме надвладее затоа што секогаш постои тоа колебање дали да се направат работите како што навистина треба или онака како што НИЕ мислиме дека треба,а егото е секогаш тука да ни попречува и во двете ситуации.
Ова е и мое лично искуство. После долго двоумење, непратење на својата волја, решив да надокнадам со свој памет, како да сакав со своето его да и се извинам на волјата, па ко бик на црвена марама појдов. Катастрофа, но мислам дека Таа ја прими пораката. :)
 
А

Антоние

Гостин
Кога зборуваш автентично со некого, без никаков фронт, луѓето природно го спуштаат нивниот гард, се осеќаат покомотно со тебе и посилна конекција се развива природно затоа што другата личност зборува со вистинскиот ти. Не со некое лажно себеси, его или со некој манипулативен и несигурен човек.

Не треба да постои фронт. Не треба да постои лажен идентитет, не треба да постојат луѓе кои што носат маска изградена од сопствените несигурности.

НЕ ТРЕБА ДА ПОСТОИ ЕГО.
 
Се сложувам со ова. Егото е тоа што створа и чувства на супериорност а истотака и на помала вредност. А се сложувам и со „малото’’ слатко, само поинаку гледаме на егото. Па може да речеме дека постои и добро и лошо его, но тоа е тоа.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Егото е нашиот спас.Без егото ние неможеме да се просветлиме.Да немавме его во свесност ќе бевме исто како животните.Родителите треба да се радуваат кога детето ќе добие его бидејќи тогаш почнува желбата.

Егото е раѓањето на несвесноста и стравот.Кога детето ќе покаже дека нешто сака тоа значи дека во него се родило егото.Кога човекот ќе научи дека овие желби не го прават среќни и дека има нешто над овие желби кои ги сакал од кога знае за себе тогаш егото почнува да исчезнува и се раѓа трагачот.

Егото ни дава лажна претстава дека ние сме одвоени суштества кои живеат посебен живот а не се универзална свест.Оваа лажна смисла ни е одскокна даска за просветлување.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Треба да се разграничат поимите "self image" од "ego" ....

"Self image" би рекла дека е корисно да се има дури и во претерани количини и нема зијан од добра слика за самиот себеси, секој треба да се стреми кој градење на позитивна слика за самиот себеси,.тука би вброила и љубов кон самиот себеси како емоција која што е есенцијална за опстанокот на иднивидуата,

е сега прашањето е како? и кога? сликата за самиот себеси ја преминува црвената линија и се претвора во "претерано добра" слика за самиот себеси, кога ние сме најпаметни најубави најнајнанајј а сите останати не чинат, ова веќе би го нарекла ЕГО во права смисла на зборот, ова исто така не чини бидејќи можеме гадно да се зафркнеме, останувајќи слепи и глуви за околината упорно со главата во ѕид:zid:

The ego is the most devastating fiction devised by man. It is the root of ignorance and misery.
Како што реков игнорирањето на сите останати и гледањето на себеси како ultimate power of egsistance исто како и ставот talk to the hand може гадно да не зезне и цел живот да ни се сруши како кула од карти пред сопствените очи.
Мислам дека умереноста е клуч на се, балансот во природата се остварува со умерено дејствување, ни помалку ни повеќе позитивна слика за самиот себеси не може да наштети, обратно негатвна слика и те како може да наштети ипак таа црвена линија треба да остане непрегазена,,,,,,,,,,
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Ko sto procitav, self-image ne e loso. Loso e koga toj ke se pretvori vo ego. Ne sum citala psihologija seuste, taka da ne znam mnogu na ovaa tema. Samo znam deka zivot bez i troska ego e novozmozen. I se soglasuvam deka e dobro sto povise da go namalime
Temava e odlicna.....se mislev dali da otvoram tema za egoto,samo so skros sprotiven naslov....KAKO DA SE ZAJAKNE EGOTO!!!
Poshto temata za egoto e otvorena, pa da ne otvaram nova, ke probam da bidam opozicija, i da go kazam moeto mislenje okolu toa.
Znam deka site istocni filozofii go potenziraa EGOTO kako neshto shto e precka vo vnateshniot razvoj na covekot.Nudat i dosta nacini i metodi kako toa da se namali ili izumre.
Skoro site od niv tvrdat deka EGOTO trebe da umre ,za da se "rodime"povtorno i deka toe e edinstvenio pat do nirvana.Razlicni tipovi na meditacija ,joga, fakirizam....i drugi shkoli velat deka dlabokovo vo nas trebe da go najdeme nasheto pravo ego,da gi otflime site drugi falshni maski(ega) za da na kraj i to umre..
Tokmu boldiranovo me natera da istrazuvam okolu EGOTO i da dojdam do zaklucok deka nemame EDNO EGO, nego deka imame 100...1000...10000.. ega.
Kako moze da umre EGOTO ako kaj nas e prisuten vo tolku golem broj.!!
Naprotiv,za da bide EDNO EGO trebe da se uloz mnogu "trud", da se svati funkcioniranjeto na coveckata mashina,nacinot na koj toa da se napravi, pa so transhendentnost da se prebrodi i taa precka shto se vika EGO.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Temava e odlicna.....se mislev dali da otvoram tema za egoto,samo so skros sprotiven naslov....KAKO DA SE ZAJAKNE EGOTO!!!
Poshto temata za egoto e otvorena, pa da ne otvaram nova, ke probam da bidam opozicija, i da go kazam moeto mislenje okolu toa.
Интересно. А кажи, која е причината позади зголемување на егото? Дали можеби треба само да го прифатиме егото за она што е за да може да мирува? Слично како прифаќање на својот shadow self.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Интересно. А кажи, која е причината позади зголемување на егото? Дали можеби треба само да го прифатиме егото за она што е за да може да мирува? Слично како прифаќање на својот shadow self.
Ne zboruvam za zgolemuvanje na EGOTO , zboruvam za soedinuvanje(kristaliziranje) na egata,prisutni vo golem broj kaj eden covek.
A zoshto mislish deka imash edno ego???
Eve go mojeto mislenje zoshto site mislat deka imat EDNO EGO
1.Zatoa shto ziveeme vo edno telo
2.Zatoa shto cel zivot nosime edno ime
3. Taj postojam proces na misli vo glavata, ni dava senzacija deka sme edno.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ne zboruvam za zgolemuvanje na EGOTO , zboruvam za soedinuvanje(kristaliziranje) na egata.
A zoshto mislish deka imash edno ego???
Eve go mojeto mislenje zoshto site mislat deka imat EDNO EGO
1.Zatoa shto ziveeme vo edno telo
2.Zatoa shto cel zivot nosime edno ime
3. Taj postojam proces na misli vo glavata, ni dava senzacija deka sme edno.
Стара е темава, две години...имам променето мислење од тогаш :)

Имаме повеќе аспекти од его, да. Ама кога го прочитав твојот пост ме натера да мислам дали треба можеби да ги прифатиме тие ега и да не се бориме против нив? Затоа што што повеќе се бориш и противиш - тоа посилна опозицијата е. Ако се прифатат онакви ко што се, може нема да избувнуваат на површина во екслозии. Something like accepting the shadow aspects of self.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Стара е темава, две години...имам променето мислење од тогаш :)

Имаме повеќе аспекти од его, да. Ама кога го прочитав твојот пост ме натера да мислам дали треба можеби да ги прифатиме тие ега и да не се бориме против нив? Затоа што што повеќе се бориш и противиш - тоа посилна опозицијата е. Ако се прифатат онакви ко што се, може нема да избувнуваат на површина во екслозии. Something like accepting the shadow aspects of self.
Eve eden primer za toa deka imame mnogu ega.
I samata velish deka temava e stara,od pred 2g i sega si go promenila mislenjeto. Znaci toa EGO koe e bilo prisutno kaj tebe pred 2g sega go nema, dojdeno e na vlast drugo nekoe EGO i sega toa ne misli isto kako drugoto.Imash iljadnici takvi primeri, koi ja potvrduvaat ovaa teorija. Ne samo posle 2g,nego taa promena e tolku cesta,shto se slucuva da go promenime mislenjeto i posle 24h, pa i samo posle 1h.Kolku pati vo tekot na denot ke napravish neshto sho samo posle saat vreme ke se pokash i ke pomislish deka mozebi e trebalo da reagirash na drug nacin.
Ako sme EDNO EGO togash nema da ima potreba od promeni na mislenja i kajanje za nashite postapki, ke znaeme sekoj pat, deka toa shto sme go rekle ili napravile e pravilno.Megutoa vo zavisnost od situaciite i vo zavisnost od toa koe EGO e na "vlast" kaj nas ke napravime neshto, a samo posle kratko vreme,so promena na egoto, ke bideme vo dvoumenje dali toa e pravilno ili ne.Cesto se slucuva duri samo drugit den da go negirame kazanoto,samo kako na rezultat na "promena na vlast" kaj nas(promena na egoto)
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 15:19 ---
Имаме повеќе аспекти од его, да. Ама кога го прочитав твојот пост ме натера да мислам дали треба можеби да ги прифатиме тие ега и да не се бориме против нив? Затоа што што повеќе се бориш и противиш - тоа посилна опозицијата е. .
Ne e problemot vo toa kako da se borime protiv site EGA kaj nas, problemot e kako da gi soedinime i da stanat EDNO EGO.
Primer ;Covekot e kako eden parlament, trebe da se soedinat shto poveke parlamentarni grupi za da mozat da dojdat na vlast. Sekoe od nashite ega saka da bide na vlast i saka da komanduva. Megutoa kaj covekot ima stalni promeni na vlasta. i sekoe novo EGO koga ke doje na vlast ke gi stave na razgleduvanje site odluki doneseni od predhodnata vlast, ponekogash dyri i zaborava shto se napravila predhodnata vlast.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom