Евентуален напад на Иран!? – дали, кој, зошто, како?

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Абе глеате дека ова се проектирани цели,уште пред повеќе од десет години уназад.....значи прашање на време е кога ќе се истестира оружјето....а од друга страна,баш ме интересира,за кога им се проектирани воспоставувањето демократија во Казахстан,Узбекистан,Таџикистан и сл.....оти мора да се допре до руската граница,инаку џабе цел свет го преораа.:)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ова и не е баш најточно, оваа година буџетот на Пентагон е намален, одприлика за 50 милијарди сега не ме држи за збор заточната цифра и наредните години ќе имаат помал буџет, но тоа е и понатаму огромен буџет. Но и ги нема повеќе огромните трошоци за Ирак, во Авганистан почнаа лани да се повлекуваат, оваа година повлекувањето ќе биде поголемо, од некои провинции во Авганистан веќе безбедноста им е предадена на Авганистанците, значи помалку трошоци.

Во новата стратегија што ја промовираше Обама, ќе избегнуваат заглавување во герилска војна, но ограничени воени интервенции не се исклучени. Всушност Американските се повлекуваат делумно од Европа каде ќе се затвараат воени бази, но затоа ќе отвараат нови, на далечниот исток, Персискиот залив, Австралија итн, сега Кинезите почнаа да се бунат за оваа нивна стратегија.
"Unsere Nation befindet sich in einer Phase des Übergangs", schreibt Obama in der Einleitung des Pentagon-Plans, der im Zeichen leerer Staatskassen steht. Neben einer Verringerung der Bodentruppen wird in dem Dokument auch ein kleineres Atomwaffenarsenal angeregt. Dagegen sollen die Fähigkeiten zur Abwehr von Cyber-Angriffen ausgebaut werden.
Што значи е и точно.Нашата нација се наоѓа во една фаза на транизиција.Пишува Обама за иницијативата на плановите на Пентагон и чие пишување стои во знак на празната каса.
Буџетот ќе биде намален на триста педесет и една милијарда евра поради огромниот долг на САД и поради двете војни кои доведоа до тоа нивната каса да се испразни.Во минатите години буџетот на Пентагон достигаше и до петстотини милијарди евра:
Wegen der hohen Staatsverschuldung der USA soll das Militärbudget des Landes in den kommenden zehn Jahren um 450 Milliarden Dollar (351 Milliarden Euro) heruntergefahren werden.
Точно е дека присуството ќе се засили кај Пацифиот и Азија, но нови интервенци (воени напади мислам) нема да има.Воен напад чини пари.А во моментов пари Американците за воен напад немаат, имаат за други цели.И од тие причини ќе штедат.Ќе има воени интервенции ама не во блиска иднина.Ќе цркне армијата нивна финансиски.Следува сега долг период на хибернација.
Дури и Обама вели дека неговата армија ќе стане по слим.Дури и во Ирак и во Авганистан ќе станат трупите помалку на број.Иако најавуваа повлекување.

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15648976,00.html

Тоа што велат дека ако има потреба повторно ќе интервенираат, тоа е продавање „муда за бубрези“ во дипломатијата.Една војна со Иран многу повеќе ќе ги чини Американците отколку војна со Ирак и Авганистан.Иран е поспремен, со повеќе популација и поради тие причини нема да има напад врз Иран.Можеби ќе има, ама во блиска иднина не.

Дури и најавуваат поместување на нарачки за милијарди долари тешка армиска опрема.Тоа не се знаци за спремност за водење војна:
Zudem sollen laut Medienberichten milliardenschwere Rüstungsaufträge verschoben und die Präsenz der US-Armee in Europa verringert werden. Ob damit auch amerikanische Standorte in Deutschland auf der Kippe stehen, ist noch unklar.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15647078,00.html

Војна не е само дај им пушка на војниците и ќе одат во војна.Друго, народот таму му е смачено од војни веќе.И на еден начин на Американците сега им гори под нозете и дома и надвор.Што значи мора да се повлечат.Зошто ако не се повлечат, дури и да започнат еве војна да речеме ќе им се случи сценариото како што им се случи со Виетнам од својот народ дома.......
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Точно. Не треба сите да имаат ама па ете САД демек се кадарни да имаат а тие го употребија први. Ако дојди пак до некаква војна нема да се двоумат да го употребат пак. Така да и тука си има некој ред.......
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 03:03 ---
Сад и уште неколку стабилно политички земји, да го имаат. Употребено е само за време на втора светска војна против Јапонија. Оружјето било ново во тоа време и никој неможел да претпостави какви последици може да предизвика. Да знаеле можеби и не би го употребиле.

60 и кусур години поминаа од втора светска војна, никој не го употреби од тогаш. Ако сакаа САД да го употребат војните со ирак и авганистан ќе траеја по една недела а не со години.

Иран воопшто не е адекватен да поседува нуклеарка, политички нестабилен, насочен кон верски омрази(од мали ги учат децата да мразат се што е немуслиманско) се наоѓа во критичен регион каде секој ден може да избие војна.

На крај краева па една германија нема нуклеарно оружје!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Јунајтид стејц...
Развој, производство и секако...употреба...

Хемиско оружје - checked
Биолошко оружје - checked
Атомско оружје - checked
Касетно оружје, мини и муниција со осиромашен ураниум - checked
Непризнавање на меѓународни судови за воени злочини - checked
Постојани агресии низ светот од 1895 до денес - checked...

Иран нема нападнато ниедна земја а неколку пати бил напаѓан (1941,53,80,80-88...) што секако во споредба со сто и кусур воени интервенции/агресии на САД не носи до логичен заклучок дека светот е сигурен со променливи розефкасти тонови само затоа што Ајатоласите немале бомба...
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Уште од 2005 година слушам дека Иран ќе се нападне,ево сега сме 2012 па пак ништо, очигледно е дека Иран не е како другите, изгледа не е толку лесно и едноставно.. До сега требеше сто пати да се срамнат со се земја..
 
--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Уште од 2005 година слушам дека Иран ќе се нападне,ево сега сме 2012 па пак ништо, очигледно е дека Иран не е како другите, изгледа не е толку лесно и едноставно.. До сега требеше сто пати да се срамнат со се земја..
Za Iran se spomnuvaat nekakvi napadi uste od pred 6/7 godini, pa pak nisto !!! a vekje sme 2012 god. !!!
E zasto e toa taka ?!
Iran ima teritorija od skoro 2 milioni km2 i populacija pogolema od 80 milioni, vo momentov mozebi i blizu 90 milioni !!!
Iran ima 4 ili 5 armija vo svetot po brojnost + republikanska revolucionerna garda + gerilski paramilitarni odredi specijalizirani za gerilska vojna, vo slucaj na napad/agresija i okupacija od nekoja stranska zemja/sila !!!
Baska Iran na sever se granici so Rusija po morski pat(Caspian Sea/Kaspisko More), a site znaeme deka Iran kupuva oruzje i nuklearna tehnologija od Rusija, bidejkji nituedna druga zemja na planetava ne bi mu dala/prodala na Iran vakva tehnologija, osven Rusija !!!
Napadot vrz Iran uste do tolku kje gi istosti Amerite i nivnite sojuznici, pred se na ekonomski plan, a znaeme deka ekonomskata situacija na zapadot e vo katastrofalna sostojba(recesii,ekon.krizi,dolgovi/dolznicki krizi) !!!
Taka da suma-sumaru jas licno ne veruvam deka Iran kje bide napadnat, sigurno ne vo slednava bliska idnina, dodeka da se oporavi zapadot od teskata ekonom.kriza i zastane na noze !!!
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 21:39 ---
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 21:43 ---
 
B

Borg_Drone

Гостин
Да, ама ако продолжи вака духовниот водач (ајатолахот) напад не им бега.Не зошто ќе сакаат, туку зошто ќе ги примора.Американците го заострија тонот и рекоа дека ако Иран го блокира каналот Хормус од кој и поминува 40% од нафтата за целиот свет, тоа би значело и преминување на црвената линија за САД.

Obama schickt direkte Warnung an Chamenei

DPA
Irans geistlicher Führer Ali Chamenei: Ernste Warnung aus Washington
Die USA verschärfen den Ton gegen Iran: Laut einem Bericht der "New York Times" ließ Präsident Obama jetzt über geheime Kanäle eine unmittelbare Warnung an Ajatollah Ali Chamenei übermitteln - eine Blockade der Straße von Hormus würde eine Reaktion Washingtons provozieren.
http://www.spiegel.de/politik/ausland/0,1518,808851,00.html

Ако се глупави Иранците да го направат тоа.Ако не го направат немаат гајле ќе тераат уште долго време.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Воен напад врз Иран ќе се ограничи само на нуклеарните постројки и евентуално на ракетните капацитети. И ништо повеќе. Тоа нема да биде ни некој поголем товар за кој и да го нападне, ниту некоја голема закана. Ако тоа го прават САД, употреба на Б-2ки би било најдобро решение. Ако тоа го прави Израел, тогаш фокусот би бил само на 2-3 нуклеарни постројки. И потоа, нормално ќе ги одбие ракетните напади кои ќе следат како одмазда.
 
Нека го блокираат каналот, па да видам дали ќе биде само на нуклеарните постројки концентриран нападот.Тогаш Иран ризикува и цел свет да се сврти против него, не само Америка.
Друго, заканата доаѓа лично од Обама, не доаѓа од некој си потрчко на Обама.Да блокира некој 40% од нафтата со која Западњаците си ја хранат економијата не би рекол дека е паметен потег на Иран и на духовниов идиот.
Ако не го блокираат и си тераат како досега, нема ни да има напад.Ако го блокираат ќе бидат приморани да нападнат.
 
B

Black Guard

Гостин
Јунајтид стејц...
Развој, производство и секако...употреба...

Хемиско оружје - checked
Биолошко оружје - checked
Атомско оружје - checked
Касетно оружје, мини и муниција со осиромашен ураниум - checked
Непризнавање на меѓународни судови за воени злочини - checked

.
И Што е проблемот,кина не е иста...русија м???

Ова е спорно

Постојани агресии низ светот од 1895 до денес - checked...
Немаме агресии туку одржавање на светскиот мир.
 
B

Borg_Drone

Гостин
И Што е проблемот,кина не е иста...русија м???

Ова е спорно

Немаме агресии туку одржавање на светскиот мир.
Има баш објаснето во германски Шпигел (Огледало) зошто и Америка ќе го концентрира сето свое внимание на Кина.Поради забрзаниот напредок на полето на воена технологија на Кина.
И тоа Американците ги загрижува:
http://www.spiegel.de/fotostrecke/fotostrecke-77052.html
Еве неколку фотографии, нема потреба од превод мислам дека и фотографиите си го кажуваат своето.
Инаку во врска со Иран, Иран го претеруваат овојпат.Никој нема да ги нападне доколку не го блокираат тој канал.Америка имаат планови да штедат и поради тие причини нема да има напад.Но, тебе сега некој да ти ја парализира економијата мислам дека тоа нема да го дозволи Америка макар и да е пред банкрот.Никој нема да го дозволи тоа.И тогаш нападот нема да биде само со Б-2 или друго парче воена техника на САД.Ќе биде инвазија агресорска на „империјалистичките свињи“ - што би рекол духовниов идиот.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Нека го блокираат каналот, па да видам дали ќе биде само на нуклеарните постројки концентриран нападот.Тогаш Иран ризикува и цел свет да се сврти против него, не само Америка.
Друго, заканата доаѓа лично од Обама, не доаѓа од некој си потрчко на Обама.Да блокира некој 40% од нафтата со која Западњаците си ја хранат економијата не би рекол дека е паметен потег на Иран и на духовниов идиот.
Ако не го блокираат и си тераат како досега, нема ни да има напад.Ако го блокираат ќе бидат приморани да нападнат.
Точно, кога Иран би го блокирал Ормутскиот теснец, би се соочил со жесток одговор.
Но кога зборуваме за нуклеарната програма, САД немаат потреба да бомбардираат други цели освен некои ракетни потенцијали што ги поседува Иран со цел да се елиминира заканата по Американските бази околу Иран колку што е можно повеќе.

А кога стапуваат на сила новите санкции врз Иран? Ќе биде интересно...

Во врска со финансиите.... САД воопшто немаат проблем и да го срамнат Иран со земја. Многу повеќе ги чини одржувањето на базите во Европа пример, отколку еден напад, како оној врз Либија пример..
 
Иран е поголем проблем од Либија и од Ирак.Но, можат да ги срамнат без проблем.Само финансиите сега во моментов не им дозволуваат.Финансиите претставуваат проблем.Они ќе се откажат веќе од способноста да водат две војни.И тие две војни се водеа веќе десет години.За десет години доста го исцицаа нивниот буџет.Мора да штедат, а да нападнат сега некого тоа би ги уништило финансиски да бидеме реални.Само што ако го блокираат теснецот ќе бидат приморани да нападнат зошто една блокада би им донела поголема штета на нив и на цел западен свет.
Американците прават грешка што ги предизвикуваат Кинезите.Кинезите можат врз база на тоа да го продлабочат пријателството со Русите.Сега вниманието го концентрираат Американците на Кинезите.Нов стелт-авион имаат Кинезите, и масивно се наоружуваат.Али желба за доминација, само колку и да се обидуваат Американците џабе им е, со Кина не можат.Кинезите одат напред и никој не може да ги спречи.

Патем зошто секоја дискусија кога се води (не се однесува лично на тебе) мора да завршува со славни клипови од еби-ветар паради исполнети со кловнови и разноразни покемон животни и тоа како иранската армија е јака зошто го лижела каменот каде мочал Господ лично? Ај факти малку.....
 
Многу пари на САД им бегаат за одржување на базите во светот, дел од нив се навистина непотребни, како пример оние во Германија. Од што се плашат, дека Германците пак ќе направат светска војна? :)
Навистина и еден воен напад би чинел доста, но не е некаков луксуз што не можат да си го дозволат.

Од гледна точка на глобална доминација, Кинезите се многу далеку. САД имаат војски во Кореја, Тајван, Јапонија, Авганистан, земји што се граничат или се во непосредба близина на Кина.

Технолошки... Кинезите се сеуште зависни од Русија, барем во поглед на авионските мотори.
Стелт фајтерот... најверојатно нема да им биде готов пред 2020, а и во прашање се неговите технички способности, имајќи предвид историјата на Кинеските воени летала. Американците имаат стелт фајтер уште пред 6 години.

Офанзивната моќ на Кина, не може ни одблиску да се мери со таа на САД. Тука може да ги спомнеме само бомбардерите и се е јасно. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom