S
Мала корекција, монетарната политика во САД ја прави ФЕД, кои се приватна банка основана 1913, така да моќта тие секогаш ја имале, денес информирањето е поголемо од големата криза во 30-тите.заради пренесувањето на моќта да се управува со монетараната политика на приватни банки.
На тоа и мислев, на приватните банкари кои управуваат со ФЕД. Се зборува дека Кенеди имал план да протурка закон со кој монетарната власт ќе биде вратена кај избраните институции на државата, и дека тоа е единствената причина заради која бил убиен...Мала корекција, монетарната политика во САД ја прави ФЕД, кои се приватна банка основана 1913, така да моќта тие секогаш ја имале, денес информирањето е поголемо од големата криза во 30-тите.
Грешиш, ФЕД е приватна банка во сопственост на неколку фамилии меѓу кои и Рокфелер, Кенеди повеќе е убиен оти сакал да ги разоткрие тајните организации кои ги водат овие банки како масоните и слично т.е истите овие фамилии ги основале овие тајни организации.На тоа и мислев, на приватните банкари кои управуваат со ФЕД. Се зборува дека Кенеди имал план да протурка закон со кој монетарната власт ќе биде вратена кај избраните институции на државата, и дека тоа е единствената причина заради која бил убиен...
Да не ја претвораме темата во теорија на заговори. Инаку, ако внимателно прочиташ што пишувам, ќе видиш дека горе долу го напишав истото...Грешиш, ФЕД е приватна банка во сопственост на неколку фамилии меѓу кои и Рокфелер,
Ромни победи кај сите целни групи, сем луѓето со годишни приходи под 30,000 долари. Убедлива победа што го прави фаворит во трката. Ако успее да ги добие С. Каролина и Флорида, мислам дека ќе биде јасно кој ќе биде републикански кандидат за претседател.Убедлива и повеќе од очекувана победа на Ромни во Њу Хепмшир. Покрај Ромни, Пол исто може да биде задоволен од резултатите. Наредна сојузна држава каде што ќе се гласа е Северна Каролина. Многу се значајни резултатите во оваа држава, затоа што републиканскиот кандидат кој победувал во оваа држававо последниот половина век, редовно на крајот бил и републиканскиот кандидат за претседател.
Јас лично почнав да навивам за Пол, тој е единствениот кој воопшто зборува за крајот на демократијата во САД заради пренесувањето на моќта да се управува со монетараната политика на приватни банки. Последниот кој зборуваша за тоа, и кој планираше нешто да направи околу тоа, го застрелаа во Далас.
Што се однесува до Северна Каролина, тука мал фаворит е Гингрич, а по него следува Санторум. На Санторум очајно му е потребно трката да се сведе на два кандидати, затоа што е поверојатно дека гласовите на повеќето други кандидати ќе се слеат кај него. Од друга страна на Пол ни на крај памет не му е да се откаже.
Инаку, мислев дека Гингрич е репулсивна личност, но овој Санторум е цар. Класичен канализациски стаорец спремен на се...
Значи, Пол или Ромни, никако некој друг. Пол би можел да биде неверојатно освежување (да, на 75 години) во светската политика, но сепак мислам дека на крајот Ромни ќе биде претседателскиот кандидат на добрата стара партија...
Мислиш дека ако Гингрич ја добие Северна Каролина ќе стане сериозен против кандидат на Ромни? Тој во еден момент беше скоро отпишан од трката. Вистината е дека републиканците немаат квалитетен чистокрвен репбликански кандидат. Санторум и Грингрич ми се незамисливи како претседатели на САД. На крајот, сепак ќе биде Ромни. Веројатно ова ќе биде прв пат после многу време републканскиот кандидат за претседател да не ја добие Северна Каролина на внатрепартиските избори.Ромни победи кај сите целни групи, сем луѓето со годишни приходи под 30,000 долари. Убедлива победа што го прави фаворит во трката. Ако успее да ги добие С. Каролина и Флорида, мислам дека ќе биде јасно кој ќе биде републикански кандидат за претседател.
Но, С. Каролина е држава во која секогаш одлично поминувале конзервативците (social conservatives). Ромни и Пол тешко влегуваат во таа слика. Мислам дека во С. Каролина ќе го добиеме најсериозниот противникот на Ромни во трката за кандидат. Пол најверојатно ќе трча до крај, иако има минимални шанси да ја добие кандидатурата. Симпатичен кандидат, штета што од неговата кандидатура, изгледа, на крај корист ќе има само Обама.
Северна Каролина, според мене, е борба за тоа кој ќе заврши втор. Ромни, ако се земат во предвид парите што ги има собрано и екипата што го поддржува е во сериозна предност. Пол ќе заврши трет, иако е подобар против кандидат на Обама од било кој од „вистинскиве“ републиканци. Само битно е колку време Ромни ќе потроши во внатрепартиски превирања. Ако, по некое чудо, успее да ја добие С. Каролина, па после и Флорида може слободно да се концентрира на Обама и да заборави на останатите внатрепартиски противкандидати. На Обама најмногу му одговара да победи некој трет, со што фокусот на изборите би останал далеку од него.Мислиш дека ако Гингрич ја добие Северна Каролина ќе стане сериозен против кандидат на Ромни? Тој во еден момент беше скоро отпишан од трката. Вистината е дека републиканците немаат квалитетен чистокрвен репбликански кандидат. Санторум и Грингрич ми се незамисливи како претседатели на САД. На крајот, сепак ќе биде Ромни. Веројатно ова ќе биде прв пат после многу време републканскиот кандидат за претседател да не ја добие Северна Каролина на внатрепартиските избори.
Но би било многу интересно ако Пол излезе на мегдан со Обама, Пол кој е многу по либерален од квази демократот Обама. Би можел да го добие и во некои типично демократски сојузни држави, како на истокот на САД.
Се согласувам, со една мала додавка. Обама не е квазидемократ -- тој е квазилиберал. Во САД, републиканците се конзервативци а демократите се конзервативци со само помала волтажа. Политички моќни и институционално организирани либерали и политичка левица во САД не постојат. Причини има многу, а некои од нив се долгогодишната студена војна и плашење мали деца дека се` што не е регулирано на слободен пазар е комунизам. Исто така, Американците се веројатно најлошо политички информираните луѓе во западниот свет. Во медиумите фрчат флоскули и бладања од типот, „Обама е социјалист“ или „Обама ја води Америка во комунизам“. Ваквите изјави се еднакво комични како и оние на опонентите на саудискиот крал, кои, по неговата согласност жените да имаат право на глас во Саудиска Арабија, го прогласија за христијанин.Мислиш дека ако Гингрич ја добие Северна Каролина ќе стане сериозен против кандидат на Ромни? Тој во еден момент беше скоро отпишан од трката. Вистината е дека републиканците немаат квалитетен чистокрвен репбликански кандидат. Санторум и Грингрич ми се незамисливи како претседатели на САД. На крајот, сепак ќе биде Ромни. Веројатно ова ќе биде прв пат после многу време републканскиот кандидат за претседател да не ја добие Северна Каролина на внатрепартиските избори.
Но би било многу интересно ако Пол излезе на мегдан со Обама, Пол кој е многу по либерален од квази демократот Обама. Би можел да го добие и во некои типично демократски сојузни држави, како на истокот на САД.
Епа за тоа умираат оти немаат пари за лечење, не можат да стекнат добро образование и работат како робови колку за да преживеат и на секој 10-тина години по една криза им местат за да им ги извлечат и тие малкуте долари што ги заштедиле. Причината е тоа што они го живеат американскиот сон.Многу е лошо за нервите да гледаш дебати на Американски политичари зошто сите се full of shit (не дека само Американските се такви) а и публиката со својата глупавост не помага... Јас не се замарам многу многу со политика, рано ми е уште за тоа, ама еве вчера начекав на кабловска исечоци од дебатата во Јужна Каролина, и што да кажам, останав без зборови.
Рон Пол вика САД треба да го применат златното правило во дипломатските односи со другите држави, не правете го тоа што другите не сакате да ви го прават вам, и публиката го исвирка... Толку глупи луѓе на толку мал простор одамна немам видено. Значи публиката, сите до еден христијани, од незнаење си ја исвиркаа библијата...
Идиотска работа, глуп народ.
Зошто мислиш дека ако не се војните во САД би се живеело подобро? Мислиш дека војните не и ја даваат неопходната стартна предност на американската економија за да остана доминантна? Војните, иако ниеден американски политичар не би го признал тоа, им се неопходни на САД за да ја задржат својата доминантна позиција. Доколку не се војните во САД на среден рок би се живеело полошо, не подобро. Благодетите на вишокот пари што би се создале од намалувањето на буџетот на DoD би ги почувствувале во првите 5-10 години, потоа тие пари ќе ги снема.Епа за тоа умираат оти немаат пари за лечење, не можат да стекнат добро образование и работат како робови колку за да преживеат и на секој 10-тина години по една криза им местат за да им ги извлечат и тие малкуте долари што ги заштедиле. Причината е тоа што они го живеат американскиот сон.
Не дека го фаворизирам Рон Пол, ама баш човек со такви идеи им е потребен на Американците па и на светот, работата е да не биде уште еден Обама т.е да остане на зборови.