Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.216
- Поени од реакции
- 34.483
Ниш ќе биде рај за македонските навивачи кои ќе го преплават градот наредната недела поради настапот на најдобрите македонски ракометари на Европското првенство. Откако ќе си ги истрошат грлата во салата "Чаир", енергијата ќе мора некаде да се надомести, а Ниш овозможува услови да се помине ем добро, ем евтино. Меѓу другото, градот има на располагање 50-ина кафеани, во кои може да се јаде по мошне поволни цени.
Освен доколку немате намера да претерате со пиењето, просечно седење во кафеана нема да ве чини повеќе од 400 денари, во што се вклучени мезе (ракија+шопска салата=90 ден.), плескавица од 400 грама (180 ден.), локално нишко пиво (45 ден.), десерт (палачинка од 50 ден.) и кафе (25 ден.). Пицериите се нешто поскап избор за ручек, за што ќе треба да издвоите околу 300 денари. Единствено цените на бурекот се на ниво на Скопје, па еден четврт чини од 50 до 70 денари. Се разбира, не е исклучено домаќините сега малку да ги покачат цените.
И во кафулињата, во поглед на цените, може да се биде поопуштен отколку во Скопје: пивото е околу 60 денари, газираните сокови се двојно поевтини, а за кафе-муабет ќе треба да се одделат околу 50 денари.
Близината на Ниш овозможува евтино да се стигне, особено со јавниот превоз: повратна карта со воз чини 1.000 денари, додека автобусот е поскап за 100 денари.
виа Вест.