Аман ќе ме утепате да можете ...
Очекував од женските претставнички на форумов некоја барем да ме разбере...Ок, нема врска...Да кажам уште ова...
Значи отсекогаш сум мрзела луѓе што се навидум фини, мирни, наивни...А уствари може да те продаде за пет пари..Ете тоа многу ме иритира, можда и најмногу од све...Подобро да биде ексцентричен, импулсивен и нека оди во кафана, нека се начука, нека се врти по други жени...Али машкост да има во него, одлучност, самоиницијативност...И колку и да е груба и непријатна вистината, нека ми ја каже во лице...
Ми треба маж, а не флегматично теле, кое седи до мене и ќути само и ме гледа како да не видел девојка во животот...Еден ебан предлог не знаеше да даде за Нова Година...Маж ли е тоа? Морав јас да резервирам, да организирам, да вртам по телефони...
Паметам пред 10-тина години, кога се запишав во средно и бевме кај една другарка дома и нејзиниот татко (сега веќе покоен...) ни даде еден совет кој и ден денес не можам да го заборавам...И многу го почитував тој човек..Ни рече -
кога ќе дојде време да изберете партнер во животот, најпрво гледајте да е изживеан до максимум, да поминал све во животот, и добро и лошо, и кафани и жени и клубови и казина - све...Изживеан и сит од све...А не кога ќе се ожени и основа семејство и кога ќе начука 40 и нешто години да го удри во глава тоа што требало да го прави пред 20 години и да отиде со првата дроља што ќе му ја дигне суќната...
Јас тогаш сум имала15-16 години и сум го запаметила ова многу добро.
Овој момак дефинитивно мислам дека не го исполнува овој критериум, а посебно кога сам се фати во стапица и на моја блиска особа и кењал на телефон дека тајните врски биле одлични за авантура и слични срања, при тоа не знаејќи дека го местат и го снимаат све што збори...
И мајка ми некад ме живцира кога ќе ми рече - тебе ќерко мирен дечко ти треба, ти си импулсувна, темпераментна...Баш од тие мирните да се пази човек...Тие најмногу ќе те заебат во животот...Трај - прај...
Може токму од ова произлегува оваа моја одбивност кон него...Јас општо не сакам вакви луѓе во животот...Познавам и женски вакви...
И поарно сама и среќна, него во врска, а несреќна...
Имам милион работи кои во животот ги правам лично сама и ме усреќуваат и исполнуваат до максимум...Не ми треба, поготово
не ваков некој до мене...Не е компатибилен да биде во мое друштво...