Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да направиме основна споредба на теорија со научна теорија.

Теорија секој може да смисли. За да стане научна теорија, треба да биде поткрепена со набљудувања, со експерименти.
Абе пријател, немаш потреба мене да ми објаснуваш за теорија и научна теорија. Тоа на Мики1 објаснувај му.
А била научна или не, може да биде делумно точна или сосем неточна.

П.С. Чисто од љубопитност ме интересира, ти веруваш дека е абиогенезата „одговорна“ за креирање на првите едноклеточни организми?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
П.С. Чисто од љубопитност ме интересира, ти веруваш дека е абиогенезата „одговорна“ за креирање на првите едноклеточни организми?
Некогаш и некаде мора да настанале првите клеточни организми, било на оваа планета или која и да е друга.
Така да.... да, верувам дека абиогенезата е одговорна за првите организми. Не за друго, туку немам слушнато друга теорија која го објаснува настанокот на животот.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Токму болдот го отсликува размислувањето на речиси сите што сме на форумов:) Слично е и со ТЕ.

Само што некои повеќе или помалку ќе ја сметаат истата таа теорија за точна или не.

Најбитно од се, за понатамошен развој на било која наука, теорија или тврдење, е критиката и скепсата што се појавува во разноразни делови и нивоа од истата.

Ако се биде разумно селективен во обсервацијата и обидот за докажување нешта, тогаш може да има напредок.

Впрочем така било и досега. Трнлив пат имала науката во многу области.

Едно е јасно ниту Бибилиската сага за Адам и Ева е точна 100%, ниту ТЕ може да се пофали со таква точност.
Ниту двете не можат да се исклучат како апсолутно неверојатни.

Кој како ќе ги прифати фактите, како ќе ги опсервира и селектира стекнатите знаења во животот во однос на ова прашање е повеќе од субјективен размер.

Јас лично кажав што за мене не ја прави ТЕ точна, еволуцијата помеѓу видовите, и се обидов колку што може на еден форум со пар реченици да се објаснувааат работи кои се темелат на долгогодишно читање, учење, обсервација, интуиција итн...
Исто се обидов да објаснам зашто и библиската сага ми е на ниско ниво на веројатност, ако се земе во буквална смисла нејзината фабула.

Но ова се мои субјективни размислувања кои се поклопуваат со нечии други, со нечии пак не.
Верувам и ти функционираш на ист начин, а и многумина други, што е сосема нормално.

Никогаш не вели никогаш. Чуда се случуваат. Не постои сигурен настан. Она што е сигурно во еден димензионален систе, е далеку од сигурно во друг.

Затоа велам се она врз кое нема цврсти евидентни докази, туку само теории и претпоставки, секојпат ќе подлежи н акририка и обид да с епоправи истото или да се замени со ново.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Некогаш и некаде мора да настанале првите клеточни организми, било на оваа планета или која и да е друга.
Така да.... да, верувам дека абиогенезата е одговорна за првите организми. Не за друго, туку немам слушнато друга теорија која го објаснува настанокот на животот.
Првиот болд е сосем неточен, не мора. Тоа мора ама и не мора.На времето во приватна порака ти пратив едно видео кое изгледа не си го погледал. Чисто како тема за размислување да се вратиме уште поназад, како настала материјата (протони, електрони.....), имаат ли почеток? Дали се’ мора да има свое „раѓање“, зачеток?

Тоа што ти не си чул за друга теорија (општо за било што) не значи дека е точна таа која што си ја чул. Можеби онаа вистинската ќе се појави за 10, за 100 или за 1000 години, или никогаш можеби.....
еве ти овде само 7 теории (а има и други). http://www.livescience.com/13363-7-theories-origin-life.html
А еве ти го видеото од уште една теорија
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Токму така. Еволуцијата е универзален механизам. Исто како и силата на гравитација.
Јаааааа..

Еве, и ентропијата на системите, на сите нивои, е исто така универзален механизам, ради кој сите системи, вклучувајќи ги и оние живите, кои ѓоамити еволуираат-неповратно се распаѓаат, ама еве, се појавила еволуцијата, која е уште „по универзална„ чак и од неоспорното и лесно проверливо постоење на ентропијата, ама то еволуцијата гази ли гази и не есапи ништо што ќе и‘ застане на патот, вклучувајќи ги тука и законите од физичкиот свет!

Еволуцијата ќе стане универзален закон, кога „фиќото„ ќе стане „порше„...
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 09:08 ---
1
2. Свеста не е органски ентитет.
Благодарам на Вашиот исрпен одговор-па воа дури и јас го знам!

Ама, од каде „доаѓа„ свеста? Повеќе е од јасно дека свеста, волјата, разумот, чувствата и другите категории на човековото битие кои се од нематеријална природа, , кои е повеќе од јасно дека постојат, од „некаде доаѓаат„ и се неделиви од нас, како живи организми!
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 09:12 ---
3. Делфините се цицачи. Делат градба со останатите цицачи од планетата земја. Раѓаат пород кој цица млеко од цицка. Кој кур бара во вода? Дали Јахве намерно направил ајкула (риба) да се дружи со делфинот (цицач)? Ако да, тогаш кој курац ја направил ајкулата (и останатите риби) совршено едноставна и прилагодена во својот хабитат, а делфинот мора на секои 3 минути да иде на површина ЗА ДА НЕ УМРЕ во водата (во својот „од бога даден“ хабитат?
Ако се делфините цицачи, а се, тогаш, археоптеикстот би бил летечки крокодил, така? Крокодилот снесол јајце, а од јајцето излетала прица, која има крилја и перја, со „еволутивен„ рецидив во клунот во облик од заби, така?

Тоа што делфините се цицачи, не значи дека настанале од некој си таму претходен вид или род, туку тоа значи дека се род, специфичен сам по себе!
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 09:14 ---
4. Преодни форми се глупоштина измислена од креационистите. Секоја единка од било кој вид на земјата е преодна форма.
На ваков „силен„ и „несоборлив„ доказ, изразен вербално а не со фактичка поддркша, му спротивставувам силен и несоборлив и вербално изразен доказ: секоја единка од било кој вид на земјата не е преодна форма!
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 09:15 ---
Еве ти еден текст - не е сликичка!
Аааа, сега од неубедливи „сликици„, прејде на „убедливи текстови, кои во суштина, се трик--прашања, кои само го одвлекуваат вниманието...:icon_lol:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јаааааа..

Еве, и ентропијата на системите, на сите нивои, е исто така универзален механизам, ради кој сите системи, вклучувајќи ги и оние живите, кои ѓоамити еволуираат-неповратно се распаѓаат, ама еве, се појавила еволуцијата, која е уште „по универзална„ чак и од неоспорното и лесно проверливо постоење на ентропијата, ама то еволуцијата гази ли гази и не есапи ништо што ќе и‘ застане на патот, вклучувајќи ги тука и законите од физичкиот свет!

Еволуцијата ќе стане универзален закон, кога „фиќото„ ќе стане „порше„...

Јас тука би рекол дека Еволуцијата како поим опфаќа мнооогу, нависитна мнооогу категории и би можела да се смести како универзален закон во смисол на тоа дека се се менува се тече, односно еволуира. Дали на подобро или полошо небитно.
Ако ја поврземе еволуцијата само со живите организми и настанокот на видовите тогаш ќе ги добиеме сите дискуии наназад и скепси.

Еволуираат ѕвездите, еволуираат живите организми, еволуира се.
или
СЕ МЕНУВААТ ѕвездите, СЕ МЕНУВААТ живите организми, СЕ МЕНУВА се.

Еволуцијата не е ништо друго освен ЗАКОН ЗА КАУЗАЛНОСТ, ОДНОСНО ПРИЧИНСКО ПОСЛЕДИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА НИЗА СУБЈЕКТИ ВО ДЕТЕРМИНИРАН СИСТЕМ.

ТЕОРИЈА НА ХАОС;)

Еволуцијата не нуди создавање, креација на нешто кое е тотално спротивно од претходното.
Еволуцијата е заслужна за менување на обликот на субјектите кои се подложни на неа.

Не е проблем да се увиди еволуцијата кај секој вид посебно, тоа верувам дека ќе се сложиш и ти.
Проблем е настанокот на првиот сет единки од тој вид, кои ќе подлежат на еволутивниот процес.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1
Еве ти еден текст - не е сликичка! Ако не знаеш англиски - ќе ти го преведам. Ако не го разбираш - ќе ти го објаснам. Ако неќеш да го читаш - ќе ти се налутам. Фер?

Прашањето на самиот крај е: „Кој е првиот лилјаков збор во текстот? Кој е првиот син збор во текстот?
Не, не е фер!

Се обидуваш, локиката на постепено менување на бојата од текстов, со читање од „горе„ кон „долу„, да ја извлечеш од текстот, како одредена „средина„ и насила да ја инетрполираш на живите битија, кои се „средина„ од сосема друга природа, и кои ѓоамити постепено еволиураат, попут бојата од текстов!

Не, хвала!

Или, како што би рекол блажениот Серафим: кога на теоријата ќе и‘ „зафали„ материјал за објаснување, таа теорија почнува да се толкува (да се брани/да се оправдува) си друга теорија....:icon_lol:

Не ме мајтапи, туку брани ја ТЕ со нејзините иманентни, а не интерполирани карактеристики, разбираш!
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 09:28 ---
Еволуцијата не е ништо друго освен ЗАКОН ЗА КАУЗАЛНОСТ, ОДНОСНО ПРИЧИНСКО ПОСЛЕДИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА НИЗА СУБЈЕКТИ ВО ДЕТЕРМИНИРАН СИСТЕМ.
Miki1976,

во макро-светот, веќе постојат двата глобални принципи:
-принципот на казуланост и
-принципот на термо-динамичка веројатност.

Во микро-светот, постојат сосема поинакви принципи:
-принципот на статистичка веројатност и
-принципот на неодреденост.

Према томе, зашто еволуцијата би била, како велиш, „...закон за каузалност...„, кога веќе имаме еден такот принцип на каузалност? :eek:

Каде е тука еволуцијата со сета нејзина специфика?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Miki1976,

во макро-светот, веќе постојат двата глобални принципи:
-принципот на казуланост и
-принципот на термо-динамичка веројатност.

Во микро-светот, постојат сосема поинакви принципи:
-принципот на статистичка веројатност и
-принципот на неодреденост.

Према томе, зашто еволуцијата би била, како велиш, „...закон за каузалност...„, кога веќе имаме еден такот принцип на каузалност? :eek:

Каде е тука еволуцијата со сета нејзина специфика?
Јас никаде не посочив и не ја изолирав еволуцијата како специфична.

Напишав "НЕ Е НИШТО ДРУГО ТУКУ ЗАКОН ЗА КАУЗАЛНОСТ".

п.с за Микро светот не си сосема во право за дват аклучни принципа што си ги навел, ама тоа е друга тема
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дали сакаш да кажеш дека самото постоење на таканаречен воден цицач е доволен доказ дека еволуцијата тргнала од водата кон копното и сме дошле до денешната милионска бројка на видови?

Според мене тоа е ПОТРЕБЕН доказ, но не и ДОВОЛЕН за да биде еволуцијата надвор од еден вид потврдена без доза на резерва.
Јас се извинувам што вака само претрчувам, ама густо е на работа, па можам толку. Секако ќе се навратам на сите прашања, но засега сано ова:

Самото постоење на воден цицач не е доволен доказ за насоката на движење на видот, НО морските крави, китовите, моржевите и остала цицачка менаџерија која е во различни стадиуми на адаптација на водениот хабитат се сериозен индикатор дека треба да се размислува во таа насока.

Како јаготка на врвот можеме да ја погледнеме следнава фотографија:

Ова, според сите критериуми на креационистите, е „преодна форма“

Исто и ова:

А за овие подоле, па, пошто не се цицачи, да не збориме ;)

И еден чекор + кон она кое ти тврдиш дека не постои - транзиција помеѓу видови - калоскокот:

Те молам забележи каде битисува овој рибо-влекач, па потоа спореди го со останатите „транзициони видови“ погоре и нивниот степен на адаптианост на еден или два хабитати.
 
Така е црвениот болд го почитувам. Како што постојат сериозни индиции против еволуцијата на видовите, исто така постојат и сериозни индиции во корист на истата.

Сеуште е рано да се донесе одлука за точноста на било која од нив.

Затоа, барем јас, се обидувам да бидам со доза на резерва кон двете страни во дискусииве.
Во случајот натежнувам повеќе на другата страна, но тоа воопшто не значи дека ако се понуди соодветен доказ за еволуција помеѓу видови нема да го прифатам. Напротив нели.
Засега со воие мои сознанија, и со она што има да го понуди науката, мојата обсервација, логика и систематизација на знаења вели да имам поприлично доза на резерва по тоа прашање :)

Зелениот болд , исто како и со делфинот - Зошто би бил тој транзиционен вид?
Нека си биде свој вид кој успеал да еволуира на таков начин.

Се ова потекнува од фактот дека би морале да се држиме до конвенцијата за вид, род, фамилија итн...

Затоа имав и претходно прашања до тебе.

Откако ќе одговориш н анив со сопствено видување, ќе можеме да дебатираме околу овие транзициони видови и рудиментирани остатоци од органи кај некои животни.
 
B

Black Guard

Гостин
Добро до кога ќе ја матиме со теоријата на дарвин кога истата е експериментално потврдена.

Еве според биогеографијата(научна дисциплина) објаснува зошто имаме различни видови на различни географски подрачја.

Палеонтологијата е дефинитивна потврда на теоријата,и секако ембриологијата,имено човековиот ембрион ги поминува сите еволутивни стадиуми а почнува со риби,поминува во фаза водоземци понатаму влечуги и на крај цицачи-зарем ова не е доволно????

понатаму конечно денес има и научен доказ со бактеријата и муви тоа е трудот на професор Ричард Ленски,така да не ми е јасно зошто еволуцијата се спори кога ние сме нејзин продукт.

И секако атеизмот не е вера бог да чува:ROFLMAO:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Така е црвениот болд го почитувам. Како што постојат сериозни индиции против еволуцијата на видовите, исто така постојат и сериозни индиции во корист на истата.
Не постојат сериозни индиции против ТЕ. Постојат несериозни индиции од страна на луѓе со задна агенда (креационисти, ID-ери, УФО-исти, конспирационисти и сл.).

На пример, од муабетов до сега, единствената забелешка која ти ја имаш е онаа за макро-еволуција која е концептуална заблуда, а не теоретска фалинка. Ќе се окозам, ама ќе ти доловам во што е заблудата. Може и на пиво.

Делот со ресистематизацијата на класификацијата на видовите нема никако да влијае на суштината на еволуцијата. Единствено ќе ја направи конвенцијата попрецизна. Нема да порекне ништо од основните тврдења на теоријата.

Ај ваљда приквечер ќе има време.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не постојат сериозни индиции против ТЕ. Постојат несериозни индиции од страна на луѓе со задна агенда (креационисти, ID-ери, УФО-исти, конспирационисти и сл.).

На пример, од муабетов до сега, единствената забелешка која ти ја имаш е онаа за макро-еволуција која е концептуална заблуда, а не теоретска фалинка. Ќе се окозам, ама ќе ти доловам во што е заблудата. Може и на пиво.

Делот со ресистематизацијата на класификацијата на видовите нема никако да влијае на суштината на еволуцијата. Единствено ќе ја направи конвенцијата попрецизна. Нема да порекне ништо од основните тврдења на теоријата.

Ај ваљда приквечер ќе има време.
Креационисти, УФО исти, конспирационисти и сите се несериозни со своите забелешки во однос на ТЕ :eek:

Она што ТЕ се коси со теоријата на верајтност, со неегзактноста во дефинирањето на периодите на еволуција е НЕСЕРИОЗНО ли?

Макро-еволуцијата е концептуална заблуда? Зашто?

Ок од сега ќе зборуваме со таа терминологија , кога јас че споменувам ТЕ, ќе мислам на МАКРО ЕВОЛУЦИЈА. Не ми пречи.
И точно таа е мојата забелешка, која се обидувам да ја протуркам и да предизвика сомнеж кај останатите.

Бидејќи токму МАКРОЕВОЛУЦИЈАТА е класичен пример на генерализација.

Се надевам дека ќе добијам одговори ако треб аи со слики и со објаснувања, и со линкови, кои ќе го намалат сомнежот во макроеволуцијата и ќе го донесат на разумно ниво д акажам да еволуцијата е точна.

Но колку што се сеќавам и ти велеше дека ако се потврди некоја креационистичка, уфоистичка или конспирациска теорија би ја прифатил :)

Значи не сум убеден дали ти и многумина сте ја прифатиле ТЕ како апсолутн авистина , или ја сметате во моментов како најразумна во поглед на МАКРОЕВОЛУЦИЈАТА.

Ако е ова второво тогаш во ред - разликите се сцедуваат на друга фреквенција, односно различно прифаќање и селектираее на факти.

Но ако е првото, тогаш тешко дека ќе се докажеме.:)
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 14:50 ---
1. Добро до кога ќе ја матиме со теоријата на дарвин кога истата е експериментално потврдена.

2. Еве според биогеографијата(научна дисциплина) објаснува зошто имаме различни видови на различни географски подрачја.

3. Палеонтологијата е дефинитивна потврда на теоријата,и секако ембриологијата,имено човековиот ембрион ги поминува сите еволутивни стадиуми а почнува со риби,поминува во фаза водоземци понатаму влечуги и на крај цицачи-зарем ова не е доволно????

4. понатаму конечно денес има и научен доказ со бактеријата и муви тоа е трудот на професор Ричард Ленски,така да не ми е јасно зошто еволуцијата се спори кога ние сме нејзин продукт.

5. И секако атеизмот не е вера бог да чува:ROFLMAO:
1. Експериментално потврдена ?!?:vozbud::facepalm:

2. Зошто? Објасни, само немој да постираш линк, направи го со свои зборови тоа, ќе видиш дека ќе се заплеткаш.

3. Човечкиот ембрион ги поминува сите тие фази?
Хмм. Тоа што визуелно го гледаш на сликата е така.
Јас би те прашал друга работа можеш ли сите тие фази од риба до човек да ги издефинираш на која возраст од ембрионот или фетусот се појавуваат. Откако тоа ќе го сториш тука, ќе одиме фаза по фаза и ќе видиме дали навистина ги има сите карактеристика од соодветната класа. Бива ли? Ако си спремен на таква дискусија која ќе оди подлабоко прифаќам?

4. Токму така има доказ со бактериите. Како и по кој математички принцип, модел и систем тој експеримент повлекува генерализација з аостанатите видови?

5. Атеизмот е уствари АНТИ-теизам. Се појавува како опоненет на теизмот. Ако не постои теизам, ќе нема атеизам.
Повеќе милувам да ги нарекувам атеистите разумни луѓе, то ест поразумни од верниците.:)
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 15:25 ---
понатаму конечно денес има и научен доказ со бактеријата и муви тоа е трудот на професор Ричард Ленски,така да не ми е јасно зошто еволуцијата се спори кога ние сме нејзин продукт.
Ова е клучниот извадок од твојот линк.

“The coupling between genomic and adaptive evolution is complex and can be counterintuitive,” Lenski concluded. “The genome was evolving along at a surprisingly constant rate, even as the adaptation of the bacteria slowed down a lot. But then suddenly the mutation rate jumped way up, and a new dynamic relationship was established.”
A mutation involved in DNA metabolism arose around generation 26,000, causing the mutation rate everywhere else in the genome to increase dramatically. The number of mutations jumped to 653 by generation 40,000, but researchers surmise that most of the late-evolving mutations were not helpful to the bacteria.

Gene mutations involved in human DNA replication are involved in some cancers. Many of the patterns observed in the experiment also occur in certain microbial infections, “and cancer progression is a fundamentally similar evolutionary process,” observed collaborator Jeffrey Barrick. “So what we learn here can help us better understand the course of these diseases.”

Каде во заклучокот на професор Ленски гледаш дека се случува еволуција меѓу видови.

Но, ова ја потврдува еволуцијата на бактеријата, која пак уште помалку може да се спореди со еволуција на друг вид.

И сите испитувања на ова поле, или повеќето од нив, се прават за да се утврди некој математички модел на појавување на мутациите во гените кај човекот, одговорни за низа болести, а не да ја докажат макроеволуцијата на Дарвин.
И јас потполно го почитувам и поддржувам таквиот пат на експерименти.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Добро до кога ќе ја матиме со теоријата на дарвин кога истата е експериментално потврдена.
Догма?
Еве според биогеографијата(научна дисциплина) објаснува зошто имаме различни видови на различни географски подрачја.
Уште една?
И секако атеизмот не е вера бог да чува:ROFLMAO:
Не за секој атеист, за жал, за некои е.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
п.с за Микро светот не си сосема во право за дват аклучни принципа што си ги навел, ама тоа е друга тема
Јес да сум трпелив, ама нема да чекам, ќе одговорам веднага, иако ќе излезам од темава.

Принципот на статистичка веројатност ја пресметува теоретската/статистичката/процентулната можност за преод на еден електрон од една на друга елетронска орбитала, како и последиците кои можат да се јават во атомот при тоа преоѓање. Се работи за можност, но не и сигурност.

Принципот на неодреденост е школска работа: една честичка, може(ме) да ја третираме двојно: како материја (честичка која се движи) или како енергија (бран).

Токму поради овие две наведени можности, но не и сигурности, славниот Ајнштајн, своевремено има изразено сомнеж во точноста од квантната механика.
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 16:11 ---
Добро до кога ќе ја матиме со теоријата на дарвин кога истата е експериментално потврдена.

Еве според биогеографијата(научна дисциплина) објаснува зошто имаме различни видови на различни географски подрачја.

Палеонтологијата е дефинитивна потврда на теоријата,и секако ембриологијата,имено човековиот ембрион ги поминува сите еволутивни стадиуми а почнува со риби,поминува во фаза водоземци понатаму влечуги и на крај цицачи-зарем ова не е доволно????

Батили воа „сликиците„, разбираш: Хекел одамна е побиен во неговите намерно исконструирани „сликици„; кои ѓоамти требало да го прикажат повтроувањето на потеклото човеково, со тоа што фетусот ѓоамити ги поминувал сите „фази„ од човековата еволуција: од водни битија до сложени цицачи.

Доцниш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom