
Новиот сопственик на Медиа принт Македонија, Орце Камчев како и првиот човек на оваа компанија не биле достапни за коментар во врска со деталите продажбата на трите дневни весници "Утриниски весник", "Вест" и "Дневник" пишува денешното издание на весникот Фокус.
Како од канцеларијата на Срѓан Керим, така и од канцеларијата на Орце Камчев кратко одговориле дека во текот на наредните денови ќе се огласат за продажбата на весниците.
Сите весници преку соопштение информирале дека "Орка холдинг" во сопственост на Камчев ги превзема весниците но подетални информации околу сумата по која се купени немаше.
Исто така до вчера не биле огласени нити поранешните сопственици на весниците од германскиот град Есен.
Единствено лице кое што ги прокоментира случувањата во "МПМ" беше новинарот Миленко Неделковски кој што на својот Фејсбук профил искоментирал дека Утрински весник ќе оди само како интернет издание, во весникот ВЕСТ наместо досегашниот уредник Горан Михајловски би требало да дојде уредничка додека пак дневник ќе се преселел во друга зграда и до крајот на март би требало да има тираж од 100.000 примероци.
За весникот Вест постоеле шпекулации како што наведува весникот Фокус дека наскоро би требало да биде купен од Орка холдингот но конкретни имиња не се споменуваат.
Според Неделковски МПМ ќе има нов директор кој што нема да му се допадне на Харалампие Хаџиристески и на Фудбалската Федерација на Македонија.
Превземено од Sky.mk