Не, сакав да кажам на пример, дали може од полиција да ти го прислушкуваат телефонот (БлекБери-то). Нели со новиот закон прислушкуваат по телфоните, е сега во кладба сум, па ме интересира дали се прислушкуваат тие модели на телефони.
Ако е така тогаш ајде да појасниме нешто, со уредна документација и налог од Судот полицијата може да го прислушкува секој за кој смета дека има потреба. Тоа си нема врска дали телефонот е BlackBerry или HTC или било кој друг модел. Полицијата прислушкува преку операторот односно користи инструменти и методи кои јас не ги знам. Можеби има некој што би можел повеќе да ти помогне, но воглавно прислушкувањето нема врска каков модел на телефон имаш.