Бричење на турски начин (Видео)

Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
Бричењето со со ваков тип на жилет е некако одамна заборавено во нашите краеви, но во еден турски берберски салон во Лондон оваа уметност сеуште се негува.
Не само што ги бричат муштериите, туку после бричењето добиваат и масажа, им ги кубат влакната под очите и ги премачкуваат со слој од хидратантна крема. Притоа целата постапка трае 20 минути. Погледнете!
 
Имам и кај нас видено бричење со ваков тип на жилет али ова другово прв пат го гледам :cool:
 
Во Крушево во берберниците вака бричат... Знаем еден другар од таму си обожава вакво бричење и доаѓа понекогаш искасапен :D
Се разбира не добива масажи и пропратни работи како на видеово :свиркам:
 
Занимливо,сега побарај шишање на Турски начин со оган да видиш. :D
 
До 1:06 е се ок после тоа врска нема, веќе е глупост. Инаку каде има ваков брич кај нас ?
 
Тука во Чаир во берберниците практикуваат вакво бричење. Морам да признаам чувството е супер :) Нема масажи и кубења на влакна ама сепак вреди да се проба.
 
Имам другарка-турчинка, еднаш ми ги депилираше нозете овака слично со конец. Луѓе, куќата во воздух ја дигнав! Не сакам да знам како му е на типов под очите кога го депилираат!
 
jaс се бричам со ваков брич. Денес по берберници користат поинакви, што се става полоинче жилет во нив а личат како старите. Јас имам стар брич, си го острам на кожен ремен и нема жилет кој може помазно да ме избричи. Имав ставено овде на некоја тема за бричење и слики од бричот.
 
Од каде го имаш купено?
 
неможам да ги сватам тие што идат по берберници да се бричат..у Куманово у сред центар има ваков дуќан и ко ќе се наредат старци па и помлади седнати на стол,запенети и берберов ги бричи ебате..неможам да ги гледам.. у 21 век сеуште овакви турски манири да постојат, као неможат да си купат бик за 15 денари и сами да се избричат..
 
Од каде го имаш купено?
ми го даде една жена шо и остана од татко и , имам гледано по бувљаци во београд такви, али треба да се внимава да е добро сочувано сечилето да не е иззабено или да не има траги на рѓа

http://forum.kajgana.com/threads/За...и-стариот-добар-брич.1519/page-7#post-4284849
 
Кога бевме во Турција на одмор пред 5-6 години на татко ми исто вака го бричеа. Потполно исто како на видеово.
 
неможам да ги сватам тие што идат по берберници да се бричат..у Куманово у сред центар има ваков дуќан и ко ќе се наредат старци па и помлади седнати на стол,запенети и берберов ги бричи ебате..неможам да ги гледам.. у 21 век сеуште овакви турски манири да постојат, као неможат да си купат бик за 15 денари и сами да се избричат..
се шо се плаќа со пари е практично кажано купување емоција. размисли двапати и ке видеш оти имам право. са може тие човеци шо ти тама ги гледаш или им е мрза сами да се избричат или пак мош баш за тај пат се останале без некој алат за да може да извршат бричењето па затава веќе ко има шанса и валеден мотив, зашо да не оде да го избричат? ;) ак кажеш оти и никојпат не си бил да те бричат у истиот тој салон за кој говореш, мислам оти ке излажеш...:свиркам: btw, ме имат бричано со таков брич и ич не ми се ареса... :unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom