Четири патеки за квалитетен живот

Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Крвната група е клучот што ја отклучува вратата кон тајната на здравјето, болеста, долговечноста, физичката виталност и емотивната сила. Таа ја одредува склоноста кон болести, кој вид храна треба да се јаде и што да се вежба. Таа е фактор на вашите енергетски нивоа, ефикасноста со која ги согорувате калориите, фактор на вашиот емотивен одговор на стрес, па дури и на вашаа личност. Постојат четири крвни групи: А, Б, 0 и АБ. Крвта на луѓето со различни крвни групи се разликува по антителата кои не штитат од одредени вируси и бактерии, но и од одредена храна. Кога храната влегува во крвта, антителата ја препознаваат како добра или лоша. Ако е лоша, се групираат, ја слепуваат и ја исфрлаат од крвта. Ако секојдневно се внесува храна која не одговара на крвниот тип, имунолошкиот систем работи само на елиминација на овие продукти, па му е намалена вистинската функција - борбата против болестите. Депонијата на лошо внесена преработена храна од крвта во организмот оди во црниот дроб и во други витални органи.
Крвните групи се фундаментални како и самото создавање. Крвните групи ги следи непрекината трага од почетокот на создавање на човекот до денес. Човекот и натаму се развива и во научните кругови се верува дека во иднина, како што било и порано, ќе се појави нова крвна група што ќе ги направи своите газди уште многу поотпорни и поприспособени на новите услови на живот - од бактериите и вирусите што се развиваат исто како и човекот до климатските промени и расположливата храна. - вели д-р Билјана Бакева, специјалист по медицина на трудот во "Промедика", Скопје.

Во хармонија со крвната група
Како што ни траснсфузијата на несоодветна крвна група не е пожелна, со истражувања се открило дека одредена храна повеќе одговара на еден крвен тип отколку на друг. Познато е и дека склоностите кон одредени болести, психичките и телесните стресови и физичките активности се индивидуални и специфични за секоја крвна група посебно и дека ако живееме во хармонија со нашата крвна група, ќе имаме квалитетен и подолг живот.
Голем придонес во расветлување на оваа приказна дале и американските лекари, татко и син, Џејмс и Питер Дадамо. Тие го поврзуваат и фактот дека детерминантата на крвната група не е само во црвените крвни зрнца, туку и во сите наши клетки, ткива и органи, па така целиот наш организам функционира според особеноста на крвната група.
Најмоќен антиген во човечкиот организам е оној што ја одредува крвната група (пр., А-групата има антиген А, Б-групата антиген Б, а нулта нема антиген). Според натуропатот Дадамо, поврзаноста помеѓу крвта и храната доаѓа преку лекатинот - опасниот лепак, кој претставува збир на разновидни протеини кои преку храната доаѓаат во нашата крв. Кога јадеме храната која содржи лектини некомпатибилни со нашаа крвна група, организмот почнува аглутинација за да ги отфрлат непријателските лектини. Оттаму и храната што ја консумираме секојдневно може да ни биде корисна како лек, друга да биде неутрална, а онаа што не соодветствува на нашата крвна група може да ни дејствува штетно, како отров, и затоа треба да се избегнува во текот на целиот живот. - советува д-р Бакева.

Еволуција на крвните групи
Истражувањата на многу научници од повеќе земји доведоа до сознанија дека патот на настанување на крвните групи го следи целокупнито пат на развој на човечката цивилизација.
Секоја од четирите крвни групи еволуирала како одговор на променливите климатски услови на планетата во текот на вековите. Така, историски гледано, долгите адаптации го јакнеле организмот во однос на нови бактериски вирусни и други предизвици и овозможувале системот за варење на храната да се приспособи на новата обилна и непозната храна.

Нулта крвна група - месојади
Нулта групата е прва и најстара позната група што досегнува до кромањонците или ловците како што ги нарекол Дадамо (40.000 г. пр. н. е.). Во тоа време човечката раса станала најмоќен и најопасен вид на земјата способна да изработи оружје и да лови животни.
протеините, т.е. месото е извор на нивната сила и развој. Со тоа се објаснува високото ниво на киселина во желудникот кај 0-крвната група и кај денешните носители, а таа им обезбедува да ги метаболираат хранливите состојки од месото и да ги асимилираат ефикасно. како што се множела и се зголемувала човечката раса, почнале и меѓусебните војни за територија и потрагата по нови ловишта за месо, но и преселбите. Така, околу 10.000 г. пр. н. е. стигнала во јуќните предели на Афика, во Европа и во Азија, речиси насекаде низ планетата(освен на Антартикот). Ширејќи се на север, човекот наидувал на нови извори на храна (овошје, риба, билки), бојата на кожата станувала побела, што ја штитело од мразот и подобро се метаболирал Д-витаминот на просториите каде што деновите се пократки, а ноќите подолги. Така целата наша планета била засеана со крвната група 0.

Карактеристики: ловец, месојад, самоуверен тип на водач
Силни страни: здрав дигестивен систем, силен имунитет, природна одбрана од инфекции, систем создаден за едикасен метаболизам.
Слабости: нетолерантен на промени на условите на околината и нетолеранција кон нова храна. Поради премногу активност на имунолошкиот систем може да се нападне себеси.
Ризици од болести: артритис, алергии, чиреви, згрутчување на крвта, автоимуни заболувања и хипотиреоза.
Исхрана за 0: многу протеини: месо, риба, зеленчук, овошје
Ограничено: житни растенија, легуминози
Да се избегнува: пченични снегулки, грав, леќа, зелка, прокељ, карфиол, сенф
Помагаат: морски алги, морска риба, џигер, црвено месо, кељ, спанаќ, брокула
Додатоци во исхрана: витамини Б и К, калциум, јод, сладок корен морски алги.
Физичка активност: интензивна активност и физичка работа, борбени вештини, трчање, аеробик.


Приспособливиот тип А
Крвната група А важи за земјоделец-вегетаријанец, а се појавува на Средниот Исток и во Азија некаде меќу 25.000 и 15.000 г. пр. н. е. како реакција на новонастанатите услови во животната средина. Дотогашниот човек-ловец и војник почнал да се занимава со земјоделство и со припитомување животни. Станува способен да обезбеди егзистенција на подолг рок и почнал да создава трајни населби. Неолитскиот човек подобро ги поднесувал и ги апсорбирал култивираните житни растенија и земјоделските производи.
Настанатите радикални промени во начинот на исхрана и во живеењето довеле и до генетски мутации на тип 0 во А. Крвната група А е обележана со дигестивен систем кој тешко ги вари и ги метаболизира животинските протеини и маснотии, а исклучително добро ги искористува состојките од јаглеродните хидрати. Со време оваа популација се селела кон Европа, преку Русија и кон југозападна Азија. И денес типот А доминира на Медитеранот, во јадранското подрачје, околу Егејското Море, на Корзика, Сардинија, Шпанија, Турција и на Балканот.

Карактеристики: земјоделец, вегетаријанец (немасна храна), промислен, прецизен, кооперативен
Силни страни: се приспособува на променлива храна и на нови услови во околината
Слабости: чувствителен дигестивен систем, нежен имунитет, подложен на напади од микроби.
Ризици од болести: кардиоваскуларни заболувања, рак, анемија, заболувања на црн дроб и на жолчка, дијабетес тип 1.
Профил на исхрана:вегетаријанец: зеленчук, тофу, морска риба, житни растенија, грав, легуминози, овошје.
Кура за слабеење: да избегнува месо, млечни производи, лима-грав, пченица
Помагаат: билни масла, соја производи, зеленчук, ананас
Додатоци во исхрана: витамини Б, Ц и Е, фолна киселина, глог, ехинацеа, кверцетин, магарешки трн (чај)
Физичка активност: најмногу му одговара јога



Б - силен имунитет
Типот Б - номади, како што ги нарекува Дадамо, се појавил од 10.000 до 15.000 г. пр. н. е. во подрачјето на Хималаите каде што денес се Индија и Пакистан.
Се претпоставува дека овој топ се развил како одговор на бујната климатска промена и на преселбата од врелите савани во источна Африка кон студените непристапни Хималаи каде што постепено се поминува на месно - млечна исхрана. Така настанува генетска промена и се создава нова крвна група Б. Првите газди на типот Б се во Уралскиот регион на Азија каде што живееле помешани кавкаски и монголски номадски племиња. Од таму се ширела кон источна Европа каде што и денес е доминантна крвна група (во Германија и делумно во Австрија) и на Исток (Кина и југоисточна Азија) – вели д-р Бакева.

Карактеристики: номад, урамнотежен, еластичен, креативен
Предности: генетски типот Б има силен имунолошки систем, приспособлив е на нова околина и на нов начин на исхрана, има урамнотежен нервен систем.
Слабости: приемчив за автоимуни заболувања и за ретки вирусни инфекции
Ризик од болести: дијабетес тип 1, хроничен замор, автоимуни болести (лупус, мултипла склероза). Живеат натрпосечно долго во однос на луѓето од другите крвни групи
Профил на исхрана:Урамнотежена: месо (не пилешко), млечни производи, житни растенија, грав, легуминози, зеленчук, овошје.
Кура за слабеење: да избегнува пченка, леќа, пченица, сусам, лешник, хељда
Помагаат: зеленчук, јајца, месо од дивеч, сладок корен, чај
Додатоци во исхрана: магнезиум, гинко, лецитин, сладок корен
Физичка активност: умерени телесни вежби, пешачење, велосипедизам, тенис, пливање



АБ – отежнато варење месо
Тип АБ е најмлада крвна група. ретка е во однос на другите и само 5 отсто од населението е со овој тип. Настанала со вкрстување на кавкаскиот тип А, монголскиот топ Б од пред 10 века и со модерното мешање крвните групи, а не како резултат на климатските и на другите услови.
Типот АБ има квалитети на камелеон, во зависност од состојбата ги усвојува особините на А или Б типот. Бидејќи е под влијние на двете претходни крвни групи, АБ – типот носи биполарни манифестации. Во најдобар случај интуитивен спиритуален овој тип истовремено има потреба да биде и социјален и осамен така што му се препорачуваат дневно и моменти на осаменост и релаксација и активно учество во групи кои имаат смисла и значење и кои не се натпреварувачки. Овој тип истовремено има потреба и за многу интензивни релаксирачки вежби и затоа е добро да ги практикува и двете.
Поради ниското ниво на желудочна киселина има отежнато варење на месото, блокирање на дигестивните ензими и склоност за развивање бактерии во стомакот, па оттаму и проблеми со жолчката, рак на желудник, труење со храна.
поради неспособност да произведува антитела, подложна е на малигни заболувања најмногу од сите крвни групи и на многу инфекции особено респираторни, ушни. Главни извори на протеини за АБ се риба и морски плодови а не црвено месо.

Карактеристики: загадочен(современо мешање на Аи Б), редок, харизматичен, таинствен
Силни страни: добро се приспособува на современите услови, толерантен имунолошки систем, ги обединува предностите на А и Б групата
Слабости: чуствителен дигестивен систем, претерано толерантен имунолошки систем, отворен за инфекции
Ризици: срцеви заболувања, рак, малокрвност
Профил на исхрана: мешана исхрана: месо, морска риба, млечни производи, тофу, грав, легуминози,житни растенија, овошје
Кура за слабеење: да избегнува црвено месо, лима-грав, семки, пченка, хељда
Помагаат: тофу, морска риба, млечни производи, зеленчук, ананас, морски алги.
Додатоци на исхрана:Ц-витамин, глог, валеријан, магарешки трн
Физичка активност:јога, таи-чи, комбинирани со умерена активност (пешачење, велосипедизам, тенис)

Мислам дека ова и те како може да најде примена во секојдневието на било кој од нас, некој можеби и ќе се пронајде во текстот.
Сметам дека треба да биде само како информативна тема затоа и ја заклучив за нови мислења, доколку мислите поинаку отклучете ја за мислења и нови одговори.


Текстот е преземен од списанието 24 Часа Здравје, издание понеделник 12 декември 2011
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
.....постои книга на оваа тема....исхрана според крвната група....и доста од таму изнесените работи имаат смисла
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Вакво одредување на тип на исхрана прават и кај Жан Митрев. Знам многу луѓе кои си го подобриле здравјето со ваквиот режим. Исто, знам и дека луѓето го практикуваат ова колку за да ослабнат на здрав начин.
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Имам читано многу критики на оваа категоризација. Меѓу друготи и дека „А“ крвната група е најстара и основна - т.е. дека од неа потекнуваат и другите групи...
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Приспособливиот тип А

Карактеристики: земјоделец, вегетаријанец (немасна храна), промислен, прецизен, кооперативен
Силни страни: се приспособува на променлива храна и на нови услови во околината
Слабости: чувствителен дигестивен систем, нежен имунитет, подложен на напади од микроби.
Ризици од болести: кардиоваскуларни заболувања, рак, анемија, заболувања на црн дроб и на жолчка, дијабетес тип 1.
Профил на исхрана:вегетаријанец: зеленчук, тофу, морска риба, житни растенија, грав, легуминози, овошје.
Кура за слабеење: да избегнува месо, млечни производи, лима-грав, пченица
Помагаат: билни масла, соја производи, зеленчук, ананас
Додатоци во исхрана: витамини Б, Ц и Е, фолна киселина, глог, ехинацеа, кверцетин, магарешки трн (чај)
Физичка активност: најмногу му одговара јога
LOL е на ова не знам што да кажам, ова е ТОТАЛНО спротивно од мене wtf o_O
Месо обожавам, млечни производи исто, најголем дел од исхраната ми се состои од тоа, вегетаријанец ни на сон не можам да замислам да бидам, соја мразам, имунитетот можам да кажам дека ми е нормален но не и нежен, многу ретко се разболувам, со дигестивниот систем никогаш сум немал проблеми. Физичка активност: Јога!?!? ХАХАХХА е тоа е најсмешно, имам тренирано карате, нинџуцу, пливање, бодибилдинг, сите до една захтевни физички вештини, хаха јога еј, ц ц ц..

Има ли некој друг вака сосема спротивно да му е ова? Единствено точно е тоа морска риба, тоа обожавам.
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Има ли некој друг вака сосема спротивно да му е ова? Единствено точно е тоа морска риба, тоа обожавам.
и мене ми е скроз на скроз спротивно, и не само што е спротивно туку и неам никавки "проблеми" од таа "спротивност" !!!

според мене ова се тешки глупости ( потенцирам ) за млада активна индивидуа, и не треба да ги селди ове совети!!

НО за постари луѓе, луѓе во години , мислам дека можеби ова би имало вистина и точност...
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
и мене ми е скроз на скроз спротивно, и не само што е спротивно туку и неам никавки "проблеми" од таа "спротивност" !!!

според мене ова се тешки глупости ( потенцирам ) за млада активна индивидуа, и не треба да ги селди ове совети!!

НО за постари луѓе, луѓе во години , мислам дека можеби ова би имало вистина и точност...
Да, исто и јас мислам, а тоа за постарите луѓе можда си у право..
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
LOL е на ова не знам што да кажам, ова е ТОТАЛНО спротивно од мене wtf o_O
Месо обожавам, млечни производи исто, најголем дел од исхраната ми се состои од тоа, вегетаријанец ни на сон не можам да замислам да бидам, соја мразам, имунитетот можам да кажам дека ми е нормален но не и нежен, многу ретко се разболувам, со дигестивниот систем никогаш сум немал проблеми. Физичка активност: Јога!?!? ХАХАХХА е тоа е најсмешно, имам тренирано карате, нинџуцу, пливање, бодибилдинг, сите до една захтевни физички вештини, хаха јога еј, ц ц ц..

Има ли некој друг вака сосема спротивно да му е ова? Единствено точно е тоа морска риба, тоа обожавам.
Исто и на мене , А сум и све ми е тотално спротивно од тоа што пишува.....ги имам читано овие теории и мислам дека не се баш точни.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мене се ми е погодено, одличен текст.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Во теорија може на повеќето ви изгледа добро,но науката кажува друго,оваа книга исто како и самата програма за исхрана по крвна група доаѓа на нож од поголемиот број на научници,нутриционисти па дури и луѓе што ја пробале.Просто кажано е неуспешен обид на Др.Питер Д'Адамо да стекне пари и слава.Мада до сега го има постигнато тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom