Пејачката Елена Ристеска и нејзиниот вереник Бојан, денеска тајно се венчаа во манастирот Св. Јован Бигорски, објави Хит портал.
Младоженците свадбената веселба ќе ја прават на 8 јуни во хотелот Александар Палас, а денеска не сакале многу внимание од јавноста и фотоапарати, па венчавањето било само пред очите на најблиските членови на семејството.
Претходно пејачката на својот Фејсбук профил објави статус со содржина: Денеска е денот!
Според информациите, Елена ќе носи креација од нејзината долгогодишна креаторка а ќе ја шминка Дадар.