Ytong искуства, има ли некој?

  • Креатор на темата Креатор на темата icemaher
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Локација
Куманово
Откако видов и разгледав една куќа во Кисела Вода во Скопје изградена од итонг блокови, ме заинтересира ваква градба. Човекот користеше само ѕидни панели на струја и само со тоа ги загреваше сите простории по куќата и во сред зима куќата беше баш топла.

http://www.ytong.rs
http://www.ytong.rs/rs/content/proizvodi.php

blok.jpg

Имам план за куќа со подрум и 200м2 кат и таван, без поткровје, па ме интересира има ли некој градено куќа со ваков материјал и колку е исплатливо пример ѕидање со 35цм или 37цм блок без попосле да ставаш стиропор. Не ми препорачувајте друга опција ме интересира само искуства со овој материјал. Многу малку се застапени во мкд, веројатно поради скапата цена, и тоа што сите ги научиле дека сипорекс се радиоактивни па ги споредуваат со овие, што е жива глупост. Имам другар што вози шлепер и стално во Германија гледа куќи како ги градат со итонг.
Мислам дека само 2 фирми по Македонија ги увезуваат, Мелмакс бм и Алфаимпорт, барем овие мелмакс ги видов на саем како презентираа итонг.
Во план сум да користам 35-37,5цм термоблок и 16цм внатрешни како и оние противпотресни блокови кои во себе имаат дупка во која ѕидајќи ги нагоре правиш столб во кој секако ставаш арматура и со самата рамка околу дупката имаш и изолација на истиот столб. Исто така постојат L i U блокови кои служат за серклажи за над прозорци, врати или за плочи, да ти е и плочата изолирана. Има и ферт гредици и монти од итонг врз кои се става само бетон врз просторот кај што се ферт гредиците.
Предност кај овие блокови е што не мора да ставаш после изградената куќа веќе стиропор, туку само лепак и фасада. Внатре после ѕидање ставаш бандаж траки и лепак/абрип/глет. Немаш никаде потреба од малтери, стиропори, ништо. За кров исто така користиш ферт гредици и итонг монти(со кои добиваш ем рамен ем изолиран кров) и после само греди и летви и ставај керамиди или слично.

Ова се го пишувам и објаснувам од што сум гледал куп клипчиња на јутјуб и по некои сајтови како горниов. Се надевам дека има некој пробано со нив, па да сподели искуство. Архитектката која ми го спреми планов кој сам си го претходно нацртав во chief architect x3 ја прашав ми кажа дека е одличен материјал за градење, не кажа никаква маана освен ако не користиш против потресни блокови оние со дупка во себе, ако ставаш стандардни столбови кои се изложени на надворешни влијанија, внатре ќе ти појави влага. Ако користиш противпотресни кои го опкружуваат столбот внатре, тогаш немаш никаков проблем.
 
Овие блокови се користат наместо класична цигла?
Арматура се користи при конструкција? Со што се спојуваат и како би реагирале на потрес и слично?
 
да, наместо класична цигла, погледај на јутјуб имаш клипови и клипови или на сајтов погоре имаш: http://www.ytong.rs/rs/content/video.php
се објаснето, што материјал е, од што се прави, како се гради со него, се има.
Арматура се користи при правење оние серклажи за надвратници, над прозори, носачи, столбови, но сето тоа го овозможуваат итонг производите со кои го скриеш бетонот од надворешни влијанија. Се користи и на плоча арматура ќе видиш во клиповите каде и колку. Просто е за градење, се си имаш прибор, тенок слој на лепак, васервага, гумен чекан, винкла, тестера како за дрво и цепај, си имаат жлебови и не можеш да го наместиш криво блокот, бидејќи еден во друг жлеб влегуваат. Како што реков би ѕидал со 37.5цм блок, така што ке ми штрчи од плочата 12,5цм(како што наддава дебелина на ѕид стиропор кога ќе ставиш), а 25цм ќе е на плочата, како што ѕидаме нели со стандардниве блокови.
Блокот можеш да го искористиш да си направиш шанк, да изѕидаш/обложиш камин, када, да направиш во двор скара/камин/фурна, да направиш степеници какви сакаш, да направиш симсови на куќа какви сакаш.
Во србија и хрватска ако нарачаш од некој магацин/складиште материјал за градење ти праќаат и мајстори да те обучат како се гради и после да си продолжиш сам. Сум читал на самсвојмајстор.ком дека многумина така си изградиле куќа, без да плаќаат мајстори бидејќи е лесно, така и јас планирам, ми ветуваа и овие од Мелмакс дека имале иста процедура.
 
го изгледав пдф фајлот од страната, ми делува како да има многу заебанции во однос на тоа за која намена кој блок и нивни комбинации.
незнам за сигурно но мислам дека зградите поред вардар што се, позади neocom зградата (плаво-жолтите) можно е со овие блокови да се градени.
 
Онаа зграда ( кривичен суд мислам) што се гради сега покрај Основен Скопје 2 се гради со такви блокови..
Иначе колку пари се овие блокови ?
 
Па нели и спортските сали од владиниот проект ги градат со вакви блокови?
 
Мислам дека се скапи во однос на керамичките блокови, ама кога ќе размислиш дека со овие добиваш воедно и изолација и немалтерисување внатре/надвор, 100% искористливост за се и сешто по дома(степеници, столбови/носачи/надвратници/надпрозорници на кои бетонот им е изолиран, шанкови, скари, камини, фурни, ѕидање кади), немаш потреба од стиропор однадвор и тервол+гипс картон на кровови, добиваш идеално рамна плоча.рамен кров, не мораш подоцна кошулки да правиш, бетон ќе ти треба мнооогу помалку отколку со стандардни плочи со ферт греди и монти, има математика. Плус внатре кога ќе работиш со струја, вода, блоковите лесно се жлебаат да поставиш црево со кабел, цевка, со американче и кружна пила лесно вадиш дупки за дозни за штекери, немаш никакво кршење како кај обичниве керамички блокови. И јас сум слушнал дека има во скопје почнато зграда со итонг. На сајтот на итонг има и слики од изградени супермаркети, куќи, згради итн, што значи сепак е добар материјал за градба. Здравје кога ќе планирам да градам ќе се чујам со другарчево од К.Вода да го прашам, како е задоволен, веќе 2-3години живее во таа куќа.
За се си има блок со своја намена и тоа ми се допаѓа, па и да немаш L ili U блок, со рачна или стубна тестера можеш да си го направиш и останатите парчиња можеш пак да ти искористиш. Секакви работи пробуваат луѓето, сум гледал како го изрежат блокот па го лепат еден со друг и направат ногарки за клупа за во двор и после само го изглетува блокот и го пројде со поликолор.

Не е секаде итонг ако видите бел блок, сипорекс мислам дека се рамни коцки од секоја страна бели блокови, итонгов има како жлеб за фаќање со раце и вклопување еден со друг како на сликава горе. Сипорекс мислам дека ги прават во Косово или силкапор ги правеа таму, тие се сосема друг материјал и сигурно се поефтини од овој блок, и истите секој мајстор ги критикува како радиоактивни и ги МЕША со итонг.
 
Откако видов и разгледав една куќа во Кисела Вода во Скопје изградена од итонг блокови, ме заинтересира ваква градба. Човекот користеше само ѕидни панели на струја и само со тоа ги загреваше сите простории по куќата и во сред зима куќата беше баш топла.

http://www.ytong.rs
http://www.ytong.rs/rs/content/proizvodi.php

blok.jpg

Имам план за куќа со подрум и 200м2 кат и таван, без поткровје, па ме интересира има ли некој градено куќа со ваков материјал и колку е исплатливо пример ѕидање со 35цм или 37цм блок без попосле да ставаш стиропор. Не ми препорачувајте друга опција ме интересира само искуства со овој материјал. Многу малку се застапени во мкд, веројатно поради скапата цена, и тоа што сите ги научиле дека сипорекс се радиоактивни па ги споредуваат со овие, што е жива глупост. Имам другар што вози шлепер и стално во Германија гледа куќи како ги градат со итонг.
Мислам дека само 2 фирми по Македонија ги увезуваат, Мелмакс бм и Алфаимпорт, барем овие мелмакс ги видов на саем како презентираа итонг.
Во план сум да користам 35-37,5цм термоблок и 16цм внатрешни како и оние противпотресни блокови кои во себе имаат дупка во која ѕидајќи ги нагоре правиш столб во кој секако ставаш арматура и со самата рамка околу дупката имаш и изолација на истиот столб. Исто така постојат L i U блокови кои служат за серклажи за над прозорци, врати или за плочи, да ти е и плочата изолирана. Има и ферт гредици и монти од итонг врз кои се става само бетон врз просторот кај што се ферт гредиците.
Предност кај овие блокови е што не мора да ставаш после изградената куќа веќе стиропор, туку само лепак и фасада. Внатре после ѕидање ставаш бандаж траки и лепак/абрип/глет. Немаш никаде потреба од малтери, стиропори, ништо. За кров исто така користиш ферт гредици и итонг монти(со кои добиваш ем рамен ем изолиран кров) и после само греди и летви и ставај керамиди или слично.

Ова се го пишувам и објаснувам од што сум гледал куп клипчиња на јутјуб и по некои сајтови како горниов. Се надевам дека има некој пробано со нив, па да сподели искуство. Архитектката која ми го спреми планов кој сам си го претходно нацртав во chief architect x3 ја прашав ми кажа дека е одличен материјал за градење, не кажа никаква маана освен ако не користиш против потресни блокови оние со дупка во себе, ако ставаш стандардни столбови кои се изложени на надворешни влијанија, внатре ќе ти појави влага. Ако користиш противпотресни кои го опкружуваат столбот внатре, тогаш немаш никаков проблем.

Би требало да се добри. Изолацијата треба да е слична како стиропорот.
Да ти понудам дограма према блоковите, ако сакаш супер изолација:) ?!
 
Pa koj se razbira ima tamu na sajtot sporedbi kakva izolacija dava dzid so 25cm blok + stiropor a kakva izolacija dava samiot blo bez nikakva izolacija. Dograma, mislis na pvc??
 
Живеам во кука изработена од сипорекс пред 25 години и сме живи и здрави.Има изолација ама сепак не ги запира термо мостовите па пред 2 години поставивме стиропол од надворечна страна.
Мој предлог е да се зида куката со нај евтини блокови пример 40+25+25 или нешто слицно а од надворешна страна да се оди со стиропол 7 цм.
 
vo mojata familija tradicionalno se zanimavame so gradeznistvo i zavrsni raboti vo gradeznistvo i mislam deka podobro od klasicna gradba nema.ova od iskustvo go zboram.e sea za toplo da bide se znae: stiropor fasada kvalitetni prozori izolirani podovi i tavani i toa e toa.nemoze se odednas finansiite ne ni dozvoluvsaat ama najprvo sto treba e da se stavat kvalitetni prozori koi ke dihtuvaat dobro i da se izoliraat podovite i tavanite.pa na kraj stiropor fasada.
 
Во ред е, но јас сум во план со овие блокови, сум осетил како е да живееш во куќа со 25цм керамички блок + 8цм стиропор, па како е во куќа со 25цм итонг во Скопје и тоа со пикована фасада, без стиропор, му давам голем плус тука на итонг.
Nenad, со овие итонг имаш L i U блокови така да сокриваш и изолираш со тервол цел бетон од надворешни влијанија и затоа ми се допаѓа тоа кај нив.
 
sepak treba da se obrne vnimanie na toa da se izolraat podovite tavanite i da se stavat dobri prozori
 
Во ред е, но јас сум во план со овие блокови, сум осетил како е да живееш во куќа со 25цм керамички блок + 8цм стиропор, па како е во куќа со 25цм итонг во Скопје и тоа со пикована фасада, без стиропор, му давам голем плус тука на итонг.
Nenad, со овие итонг имаш L i U блокови така да сокриваш и изолираш со тервол цел бетон од надворешни влијанија и затоа ми се допаѓа тоа кај нив.

Eee pred 20 godini samo 60*60*25 i 12.5*25*60 imase .Nikakvi l i u .
Edinstveno sto znam e deka treba da se upotrebi specijalno lepilo i ako ne ti se osteteni i ako majstorite ti se pogodat ne treba fasada da pravis.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom