Откако видов и разгледав една куќа во Кисела Вода во Скопје изградена од итонг блокови, ме заинтересира ваква градба. Човекот користеше само ѕидни панели на струја и само со тоа ги загреваше сите простории по куќата и во сред зима куќата беше баш топла.
http://www.ytong.rs
http://www.ytong.rs/rs/content/proizvodi.php
Имам план за куќа со подрум и 200м2 кат и таван, без поткровје, па ме интересира има ли некој градено куќа со ваков материјал и колку е исплатливо пример ѕидање со 35цм или 37цм блок без попосле да ставаш стиропор. Не ми препорачувајте друга опција ме интересира само искуства со овој материјал. Многу малку се застапени во мкд, веројатно поради скапата цена, и тоа што сите ги научиле дека сипорекс се радиоактивни па ги споредуваат со овие, што е жива глупост. Имам другар што вози шлепер и стално во Германија гледа куќи како ги градат со итонг.
Мислам дека само 2 фирми по Македонија ги увезуваат, Мелмакс бм и Алфаимпорт, барем овие мелмакс ги видов на саем како презентираа итонг.
Во план сум да користам 35-37,5цм термоблок и 16цм внатрешни како и оние противпотресни блокови кои во себе имаат дупка во која ѕидајќи ги нагоре правиш столб во кој секако ставаш арматура и со самата рамка околу дупката имаш и изолација на истиот столб. Исто така постојат L i U блокови кои служат за серклажи за над прозорци, врати или за плочи, да ти е и плочата изолирана. Има и ферт гредици и монти од итонг врз кои се става само бетон врз просторот кај што се ферт гредиците.
Предност кај овие блокови е што не мора да ставаш после изградената куќа веќе стиропор, туку само лепак и фасада. Внатре после ѕидање ставаш бандаж траки и лепак/абрип/глет. Немаш никаде потреба од малтери, стиропори, ништо. За кров исто така користиш ферт гредици и итонг монти(со кои добиваш ем рамен ем изолиран кров) и после само греди и летви и ставај керамиди или слично.
Ова се го пишувам и објаснувам од што сум гледал куп клипчиња на јутјуб и по некои сајтови како горниов. Се надевам дека има некој пробано со нив, па да сподели искуство. Архитектката која ми го спреми планов кој сам си го претходно нацртав во chief architect x3 ја прашав ми кажа дека е одличен материјал за градење, не кажа никаква маана освен ако не користиш против потресни блокови оние со дупка во себе, ако ставаш стандардни столбови кои се изложени на надворешни влијанија, внатре ќе ти појави влага. Ако користиш противпотресни кои го опкружуваат столбот внатре, тогаш немаш никаков проблем.