Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Од дамна немаме петарда пукнато,мислам дека последен пат со Џенова дома лани кога изигравме 6-1:)! Иначе денеска сите изиграа перфектно секоја чест за момците,влеговме во топ форма пред дербито со Милан што сигурно ке ни даде голема самодоверба.Сега незнам ни воопшто дали Снајдер ни е потребен кога имаме ваков играч како Алварез,али сепак Снајдер е Снајдер и добро би било да биде подготвен за со Милан,башка и Форлан се враќа така да компелтни го чекаме дербито!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Ама си ја зачука Занети,али тоа е тоа среќа у врека има :D

Што да кажам,дај боже да гледаме и со Милан ваква игра,ако можам да ја гледам пошто знаете наредна недела се иде на Ниш.Фараони како само ја плесна вакво голче ретко се гледа,него да го пофалам и Нагатомо се поправил и во дефанзива пу пу да не го урочам :D
Ке ја гледаме во Ниш бе луд,мора да ја даваат на некоја тв што се секираш:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Ајмо сега: Милито најголемо засилување, фак Тевез! :)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.021
Не е уште на тоа ниво ама за една година би требало да може да го понесе товарот.
Но, и така не се работи за една година, туку за неколку месеци... Снајдер најверојатно ќе го продадете најдоцна до лето, да не беше тоа со Ето најверојатно сега немаше да биде кај вас. А овој Алварез не е толку млад, на крај, или си таков играч кој ќе може да се носи со предизвиците или не си. Еве, ние го чекаме Пато неколку години да го биде, но никако да дочекаме. Па и со Боатенг се тука некаде со годините, мислам на Алварез, играат на иста позиција (барем денес беше така), а плус во одредени работи Алварез е подобар.

Со играч како Монтоливо во средина и Алварез ќе биде поопасен. А со солидна понуда можете да го земете, тој нема да запнува по секоја цена да игра за Милан, а ќе можете да дадете подобра понуда на Фиорентина, па и на него...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Но, и така не се работи за една година, туку за неколку месеци... Снајдер најверојатно ќе го продадете најдоцна до лето, да не беше тоа со Ето најверојатно сега немаше да биде кај вас. А овој Алварез не е толку млад, на крај, или си таков играч кој ќе може да се носи со предизвиците или не си. Еве, ние го чекаме Пато неколку години да го биде, но никако да дочекаме. Па и со Боатенг се тука некаде со годините, мислам на Алварез, играат на иста позиција (барем денес беше така), а плус во одредени работи Алварез е подобар.

Со играч како Монтоливо во средина и Алварез ќе биде поопасен. А со солидна понуда можете да го земете, тој нема да запнува по секоја цена да игра за Милан, а ќе можете да дадете подобра понуда на Фиорентина, па и на него...
За трансфери не се замарам повеќе до дербито :)
Алварез е таман со годините, има веќе некакво искуство не е дете.
Со Пато мое мислење е дека едноставно во моментот кога се очекуваше тој да созрее во лидер на тимот, се случи Ибра. Инаку дечкото е супер мене многу ми се свиѓа како фудбалер.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 22:47 ---
Па во 19-45 е со Шведска,второ ако фатиме добро ке е ...
На 14 или 15 играме?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Реално, најдобар фудбал прикажавме на овој меч од почетокот на сезоната, ама колку е мерило оваа игра и тоа против Парма незнам, Парма оваа година се утепани од бог (ио соно..:icon_lol:) , ќе ја видиме вистинската слика на наредниот меч против Милан.
Алварез :cuc: .. детето мора да игра и против Милан во почетниот состав, одма е подруга играта и играме далеку подобро.
На Фараони бомбата не ја коментирам, исто како и автоголот на Занети.:icon_mrgr:
Вредеше што арчев нет :)
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.588
Поени од реакции
6.750
Ова ни Рипли нема да поверува... само така да продожат. (y)
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
За трансфери не се замарам повеќе до дербито :)
Алварез е таман со годините, има веќе некакво искуство не е дете.
Со Пато мое мислење е дека едноставно во моментот кога се очекуваше тој да созрее во лидер на тимот, се случи Ибра. Инаку дечкото е супер мене многу ми се свиѓа како фудбалер.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 22:47 ---

На 14 или 15 играме?
Недела на 15ти.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Реално, најдобар фудбал прикажавме на овој меч од почетокот на сезоната, ама колку е мерило оваа игра и тоа против Парма незнам, Парма оваа година се утепани од бог (ио соно..:icon_lol:) , ќе ја видиме вистинската слика на наредниот меч против Милан.
Алварез :cuc: .. детето мора да игра и против Милан во почетниот состав, одма е подруга играта и играме далеку подобро.
На Фараони бомбата не ја коментирам, исто како и автоголот на Занети.:icon_mrgr:
Вредеше што арчев нет :)
Не е работата само во тоа што Парма се утепани а Милан е јак. Работата е во тоа што дербито ќе биде сосема друг тип на утакмица. Нема таму додавања до бесвест и Рики да им прави слалом - ќе има фаули, прекини, провокации, театар... од двете страни. Триста чуда ќе се дешаваат. Се надевам на судија кој не се фаќа лесно за џепот, да не го упропасти дербито (во било која смисла).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom