Дежурна Ординација! #2

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
хахахаха не, од на Леандра предлогот, Регнал. Ама џабе, болките пак се вратија и завршив на клиника, сега сум на терапија со инекции па ќе правам испитувања кога ќе стивнат болките. Фала ви на сите за помошта.
Пиеш многу кафе/црн чај, особено на гладен желудник?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Работата е што сум имал слично искуство само кај опашната коска (пилодинална циста), и на живо ме сечеа. Таква болка не сакам пак да осетам :) Ќе го оставам да се повлече ова па ако се појави пак ќе го средам во амбуланта. Фала за советите :)
Е тоа кај опашната коска и јас го имам и го влечам, ти се појави откога беше на лекар пак или? Јас го лечам со домашен лек успешно се повлекува ама приметив на стрес, нервоза и слично се појавува. Нејќам да идам на лекар од лошо искуство на татко ми за истото.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин

Ми направија инцизија т.е го засекоа за да се исцеди, не е отстрането. Од тогаш до денес е добро да чукнам во дрво (1 година помина веќе). Каков е тој домашен лек ако не е тајна? :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Ми направија инцизија т.е го засекоа за да се исцеди, не е отстрането. Од тогаш до денес е добро да чукнам во дрво (1 година помина веќе). Каков е тој домашен лек ако не е тајна? :)
Саќе изџвакано треба да се истолчи со потпечен кромид и така се преврзува местото за било каков чир надворешен е мајка.
 
Член од
6 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Што може да биде ова? Го забележав пред неколку дена,повремено ме чеша и цело време е онака црвено со исушена кожа над него?

Uploaded with ImageShack.us
резултат од допир со мачка или козји влакна
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Не, бев на лекар, чир е :)
Мислев да не ти е исто ко што ми беше мене август. Работев на 2 места + спремав за на факултет испит, слабо се исхранував и пиев премногу кафе и месец дена ми беше ко цело време киселини да имам, ме гребеше внатре на било што кога ќе голтнев.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Се пресеков површински на прстов со р`госан предмет ,а не сум вакциниран подолго време од тетанус. Може да се добие?

Може а и не мора да добиеш Тетанус.
Доколку си млад и имаш добра прокрвавеност на ткивото никогаш не може да добиеш Тетанус од причина што Клостридиум тетани е анаеробна бактерија,што значи не сака кислород.
Не оди на вакцини за Тетанус од причина што не ти помага тоа нешто,а и доколку некако би се развил некој имунитет тој е краткотраен,од Тетанус претежно заболуваат стари луѓе а смртни случаи се ептен ретки и пак тој што ќе почине е стар организам.Очисти ја раната со средство за дезинфекција или уште подобро со Оцетна киселина или Алкохол чист или било која Ракија,остави ја да искрвари малку и не ќе имаш никаков проблем.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 11:22 ---
Не, бев на лекар, чир е :)
Па тоа е или чир или Хеликобактер пилори,ама кај тебе чирче се нашло.
Одма смени начин на исхрана,без мрсно,без месо,разни кондиторски производи,исфрли бел леб и почни со интегрален леб или пак најцрниот што ќе го најдеш или што постои во пекарите.Немој да јадеш сувомеснати глупости и слично.
Префрли се на многу овошје и зеленчук,консумирај витамини и минерали со нив но немој да ги земаш во вид на суплементи од типот на милтивитамин и слично бидејќи тоа не се витамини туку глупости т.е. органски слични компоненти или само синтетизирани делови од витамин.

Причините за добивање на чир треба да ги елининираш а тие се доста едноставни,нарушена ти е рамнотежата од причина што желудникот ти лачи многу повеќе ензими и киселина одколку што служокожата може да поднесе и баш поради тоа се јавува разјадување на служокожата и добиваш печење и болка.Сето тоа прави да имаш рани и дури и крварење може да ти се јави во желудник.
Се препорачува да јадеш зелка или сок од неа што повеќе во текот на денот,исто сум прочитал дека Зелката има и антибактериско дејство против Хеликобактер пилори доколку ја имаш,а вероватно ја имаш оти ретко кој е негативен на неа а веројатно и таа ти е причина за чирот до некој степен покрај нездрава храна,алкохол а и тутун до некаде според некои.

Со добра диета и да се држиш за неа ќе ти помине.Лековите што би ти ги препишале во болница се лекарства кои ја намалуваат концентрацијата на HCL или пак потполно го блокираат лачењето нејзино но само здрава храна ќе те излечи во потполност.
 
G

galaxy

Гостин
Може а и не мора да добиеш Тетанус.
Доколку си млад и имаш добра прокрвавеност на ткивото никогаш не може да добиеш Тетанус од причина што Клостридиум тетани е анаеробна бактерија,што значи не сака кислород.
Не оди на вакцини за Тетанус од причина што не ти помага тоа нешто,а и доколку некако би се развил некој имунитет тој е краткотраен,од Тетанус претежно заболуваат стари луѓе а смртни случаи се ептен ретки и пак тој што ќе почине е стар организам.Очисти ја раната со средство за дезинфекција или уште подобро со Оцетна киселина или Алкохол чист или било која Ракија,остави ја да искрвари малку и не ќе имаш никаков проблем.
Штом раната е површинска може да претпоставиш дека нема да треба вакцина, ама не можеш да кажуваш дека нема шанса да се разболиш.
Шансите за разболување кажи им ги на оние што се разболиле. Како може да препорачуваш да не се вакцинира и да превенира една потенцијално смртоносна болест.
Шарлатанство е да се потпираш на шанси кога има средства за превенција. Можеби кога не преземаш одговорност полесно е да даваш штетни совети.
Не секогаш само обработка на длабоките рани е доволна за превенција.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Zefram, спортист сум, цел живот го јадам сево ова што го напиша, ама ете така се погодило :)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Арно рече се погодило,но веројатно кај тебе како и кај сите други е Хеликобактер пилори дојдена преку храна нечиста,најмногу од фекалии се пренесува и се претпоставува дека пола население ја има и таа ти е причина за чирот.Абе ништо страшно не е тоа,лошо е ако не се лечиш и слично.
Терај терапија и добра диета и ќе ти помине ко на куче :)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665

Чирот исто така е и наследен :)
 
G

galaxy

Гостин
Чирот исто така е и наследен :)
Наследни се факторите кои би биле протективни или би фаворизирале чир.
Наследна болест е онаа која е запишана во гените и детето се раѓа со симптомите . А во гените нигде не е запишано да се направи дупка во желудникот. Тоа се случува подоцна.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Наследни се факторите кои би биле протективни или би фаворизирале чир.
Наследна болест е онаа која е запишана во гените и детето се раѓа со симптомите . А во гените нигде не е запишано да се направи дупка во желудникот. Тоа се случува подоцна.
Точно така,не е никаде запишано во геном дека човек треба да добие рана или дупка во служокожа на желудник,може некој има поголеми предиспозиции за некоја болест пренесена низ генетика но за да се развие болест се потребни надворешни фактори а тоа се начин на живот,нездрава храна,истоштување на организмот,стрес и кој знае што уште не,ама според мене храната е главен фактор за секоја болест.
Ќе дојде време кога секој болен кога ќе посети лекар до лекарот да седи и барем еден Нутриционист или Диететичар и двајцата ќе работат во спрега,првиот ќе ја дијагностицира болеста а вториот покрај терапијата од лекарот ќе препише и начин на исхрана,тоа веќе и се практикува низ светот,секако во клиники кои се грижат за здравјето на луѓето и не се само продавачи на лекови од фармако мафија.
 
Па во голем дел, тоа е задача на матичниот лекар. Тоа што најчесто се нестручни и нетрпеливи за давање такви совети е нивна грешка. И едноставно немаат време за превентива кога заради толкава непревентива има толку болести. Тоа е круг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom