Што правите бре?

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpp
  • Време на започнување Време на започнување
А бе си знам јас која е вистината шо има да ми ја кажуваат Сител, Плусинфо или Кајгана форум.
Добро за тебе ако си ја знаеш. :) Ама тоа е поентата на медиумите, да пренесуваат информации од кои ти ја градиш сопствената вистина. Не го прават тоа баш најпрофесионално. За жал, нема ни исклучоци за кои би рекле секоја чест.
 
А бе си знам јас која е вистината шо има да ми ја кажуваат Сител, Плусинфо или Кајгана форум.

Браво за тебе, со должна почит во државата има премногу проста маса што се палат се уште што ке каже латас и слепо му веруваат...
 
јадам питулици со лук , ако баш ете толку ве интересира.
ке праша некој како јадам питулици со лук?
па искрено кавијарот не ми лежи некако, грд ми е, незнам ова богатите како го јадат.
инаку за темата пошто ете политичка испадна дека е.
си купвам цигари денес од истото малско продавниче од каде си купувам секој ден, и газдата на продавницата како и секој ден исто па исто ми тупи како тоа колку не ни чини државата, владата и се по ред. незнам како не му се згреши да речи дека и за снегот кој истура моментално дека премиерот е крив. а јас само сакав да си купам цигари !!!!! се уклучвам тука и гледај чудо. пак газдата на продавницата пак ми го тупи истито муабет. значи заклучок е дека човекот едноставно не сака да ме остави нарајат да си испушам една цигара. ексик значи
 
Добро за тебе ако си ја знаеш. :) Ама тоа е поентата на медиумите, да пренесуваат информации од кои ти ја градиш сопствената вистина. Не го прават тоа баш најпрофесионално. За жал, нема ни исклучоци за кои би рекле секоја чест.

Не ја градам вистината спрема медиумите, туку спрема лично своја сопствена проценка, медиумите само можат информација некаква да пренесат а што ќе правам јас со нејзе си е мое лично право.
 
Мораат да викаат така бе друже... иначе знаат дека ако се пожалат уште вечер ќе ги најдат кои се што се и следниот ден ќе им се закануваат со отказ на нивните најблиски. Прекрасно ни е во државава затоа тие што имаат малце мозок и се образовани фаќаат патот надвор од неа а другите зимаат бугарски пасоши и бараат работа низ европа.
Ама сето тоа не се случувало оти била лоша состојбава тука.. туку тие си одат оти се предавници а не патриоти... и како ти уствари очекуваш да се крене овој народ против оваа фашистичка влада, кога оние што имаат моќ зависат од неа.. а тие што немаат, можат само да штрајкуваат или да загинат негде попат.. така случајно.. знаеш несреќи се дешаваат..
Да бе,кој невика Напред Грујо ќе го носат на Голи Оток
 
Ова личи како исповедалница и малку политичко порно со лигавење...
некој спомна менталитет....да менталитетот ни е таков. Море рајата е глупа. Ја јава кој че стаса.Глупаво стадо овци (овца-животно од кое се добива глас за избори)
За шо служи народот? За производство на храна, да плаќа данок, и кога треба да оди во војска, кој ќе измисли четврто, може да добие Нобелова. Слушнав политика.... Политиката е едноставна равенка: СДСМ = ДПМНЕ
***
edit: Да не ми замерите на дијалекто, сум од Прилеп Ебаго :)
Мери Крисмас
 
Медиумите одлучуваат која вистина ќе ја знаеш.
Не е само во Македонија, секаде во светот е така.
Одамна прешкртав гледање вести, ја читам информацијата на интернет и не донесувам никакви заклучоци. Не верувам 100 посто во ниедна информација која ќе ја прочитам или дознаам. Секогаш оставам простор за сомнеж. Од кој и да е што е... :)
 
Шо би рекол Цацко Конапишки роб на традиционалните навики и него го мачат сите оние проблеми на рајата но еден ден тој реши да смени се и наеднаш се претвори во Бизнимен.

--- надополнето: 6 јануари 2012 во 23:02 ---
Па не би рекла дека народот е до толку незадоволен, али стандард за Македонче е да си се жали. Единствено, во државава кај нас мислам дека се незадоволни тие што не прават ништо, ама баш ништо за да успеат. Не можеш ти да очекуваш од ведро небо пари да ти паѓаат. Реално стандардот ни е лош, али замисли може да биде и полошо.
Тоа дека во нашава педа од државичка се случуваат промени (кои некој ги сваќа позитивно а некој негативно, нели не може на секој да му се погоди), мене искрено ми одговара, земајќи во предвид дека во претходните години ама ни сантим не сме се поместиле од место. Тоа што има високи казни, и тоа ми одговара, земајќи во предвид дека внимавам да не прекршам некој закон, што значи мене казна не ми пишале. Ако почне секој еден, како поединец да внимава, верувај супер ќе ни биде. Ама ете, ние сме се научиле, абе ајде ќе ми пишат казна ќе најдам пријател и ќе ми ја скине, мислиш тоа позитивно е? Па не е, нормално дека не е, зашто не секој има пријател за да му ја скине таа казна. Тоа што го кажуваш за студентите, реално трошок е ... ама ако толку многу му смета на студентот тоа, нека почне да работи. Еве и ја бев студент, и мене не ми стигаа тие пари што моите можее да ги одделат за мене, па цели мои студии ги завршив работејќи. Ми фали нешто? Не. Имам за што да се жалам- не!

Тие што ги кажуваш дека работеле за 6000 денари- кој име крив?
Нека не работат за 6000 денари, нека се побунат сите заедно и тој работодавец, сакал неќел ќе зголеми плати. Тука следи муабетот, ама ако се побунат тие, работодавецот че најде други што ќе му работат за 6000 денари. Е па друже, проблемот не е во државата, туку во менталитет на македончето, кое што не знае да се цени себеси и поради тоа ни паѓа стандардот. Ако јас, како поединец, си поставам цели во животот дека ќе си го ценам трудот и нема да профатам работа која што има пониска плата од 300 евра, тугаш ќе се стремам кон тоа и тоа ќе ми успее.

Не може, луѓе со никакво образовани, со никакво искуство, и буквално за ништо да не ги бива, да се жалаат дека немаат пари. Тоа, кај нас значи дека постојат паразити во државата.

Не треба да се буниме против било која влада која прави нешто, треба да се буниме против народот кој не прави ништо.

А зошто сите сакаат државата да им најде работно место толку ли е животот суров и работодавците себични да не им дадат шанса да работат младите или секој со секого се намудрува кој да земе повеќе.

Да народот е за ќотеќ но богатите си гледаат за себе и тоа ќе продолжи нели .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom