Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Ах рече Бах, и тој умре...Е сега омилениот дел, се ежам кога ќе налетам на некои анти-феминистки. Срце мое, ако ти не си дискриминирана, има жени кои што се. Не значи дека ако тебе не те засега проблемот, дека не постои. Еве дел од она против кое се борат феминистките и анархо феминистките:
http://zazabava.com/izolacija-poradi-menstruacija
http://en.wikipedia.org/wiki/Female_genital_mutilatio
Прво и основно, голем дел од феминистките, модерните барем, не се ни пола жени од тоа што биле правите феминистики кои се бореле за јас и ти да збориме на форумов.
Тоа што им се прави на жените низ светов треба да прекине и треба да се бориме за тоа, не велам не, не туку ја забегувај сега темата. Нема човек на темава што би го одобрил ова што се прави. Тоа што им се прави на жените во држави во Африка и делови од Азија е нечовечки и нехумано и треба човек да се бори против тоа, исто како што треба да се бориме и против гладот во Африка, каде што и МОМЧИЊА умираат, не само девојчиња. Тие деца таму имаат по 5 години а веќе им е запечатен животот.Или земаат момченца од 4 години и ги носат да бидат герилци.
Јас се борам против сите неправди што се направени во светов, ама не гледам на кој пол е направена неправдата.
Ти тотално забега од темава, само за да докажеш дека си феминистка и испадна јас не сум била за правата на жените. Единствено нешто полошо од шовинизам е дефинитивно феминизам.
И говорам за модерен феминизам, во модерно општество. Ми зборуваш муабети за раѓање деца. Супер, тоа е благородна улога на жената, јас сакам 4 да ги родам, ама иди во руска војска у Сибир да те видам. Исклучоците не ги прават правилата, нели? И не ми кажа дали има девојче што може да го натепа Урко, значи за таква сила збориме сега.
Тие слики горе се монструозни, тие ритуали такоџе, ама тоа не е само против женски права, тоа е против човечки права. Само жените ли треба да ги спасуваме од мизерија или треба за сите подеднакво да се бориме? Јас не гледам пол, гледам човек, а секаде низ светот луѓе страдаат. И тоа треба да прекине, без разлика на полот.
И не туку ми кажувај дали јас се дискриминирам сама себе, ај молим ти се. Е од такви муабети мразам феминизам подеднакво како што мразам и шовинизам.
Јас се борам за правата на луѓето, затоа што денес жените мислат и сакаат да се над мажот, а не еднакви со него. И против тоа ќе се борам. И ако во иднина има протест за правата на мажите, со нив ќе излезам.
Башка добро знаеш дека муабетов е за во модерни општества и дека тука нема дискриминација, ама немаш аргументи и отиде во тотално спротивна насока. Јас сум против да добивам работа само затоа што сум жена, ако има поквалитетен машки кадар од мене. Тоа што имам вагина помеѓу нозе не ме прави посупериорна од мажите или попривилегирана.