Мерачи за компресија

  • Креатор на темата Креатор на темата lostpin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 октомври 2010
Мислења
6
Поени од реакции
2
Здраво, ме интересира дали знаете некоја продавница во Скопје каде што може да се набави мерач за компресија? Побарав низ повеќе продавници за авто делови, но таму обично не продаваат алати...

Поздрав.
 
Сум видел такви мерачи пред многу години, но на нив се ставаше картонче за да испише графа каква е компресијава, за ова правеново не знам.
 
ctrkantia, фала за линкот, но дури и тие елементи треба да ги набавам некаде:) , така да ако имаш некоја локација за предлог би било супер. Мерачот ми треба за стара буба, отворот за свеќиците е малку специфичен и не може да се наврти секаков мерач. Веќе претходно пробав на неколку места, но или имаа со гумен отвор којшто беше краток (што се држат со рака додека се мери) или немаа адаптери за да можат да го навртат како што треба. Затоа би сакал да имам еден секогаш при рака, зашто е стара кола и секогаш има нешто за чепкање... :)
 
Другите додатоци
1027190901_5_Adapteriai.jpg се прават на дребонг.Со урнек(свеќица)ќе отидеш кај некој дреар.Од железо во ф 30-40mm ќе направи дупка во железото,после тоа по свеќицата ќе го направи навојот на железото кое ќе се заштрафува на блокот едниот крај,а за другиот крај на мерачот принципот е ист.Разлика е само во навоите.Имаш машки (надворешен) и женски (внатрешен) навој.По мерачот ќе ти направи и навртка за него а двата навои ќе ги поврзеш со црево стегнато со стеги.
1027191156_6_Adapteris-zvake.jpg 1027184723_1_Kompresometras.jpg
 
Хехе, супер е ако може вака да се среди и да функционира. Само уште ако можеш да ми кажеш каде можам да најдам ваков мерач со навој... имам дома еден малечок за пневматици, но нема можност да се модифицира. :)
 
T

Такви мерачи користат вулканизерите,а ги има и на бензинските станици за пумпање гуми.Порано се продаваа на авто пазар,сега не знам.Во моментов ми текнува за еуротолс на главната улица на бит пазар спроти 26 јули
 
само еден мал детал... за мерење компресија не се користи гумено црево... мора да биде цврста врска. на пример, бакарна цевка, ќелезна или барем крта пластика...гуменото црево амортизира притисок и не покажува мерачот точно... ова го зборам за мерење компресија за кола, затоа што на клипот час има, час нема компресија и цревото се дуе па се празни и така натака цело време, додека за пумпање гуми, цревото цело време е под притисок и тогаш мерачот е точен и прецизен...
 
Мислам дека обичен манометар за гуми нема да врши работа зашто тој издржува притисок до 10бари а некои коли имаат над 10 и немора скроз нов навој да правите на дребонг туку земете обична свеќица и извадете го порцеланот, ако сакате флексиблно црево може да се искористи од кочници истото
 
ај малку да помогнам... ке појдете кај овие што продаваат делови за парно (во таа бранча сум нели) и има манометир за парна до 20 и до 30 бари... сите тие се фабрички направени да завршуваат на 1/4 цол навој и со нив си стига и адаптер-редуцир за на 1/2 цол. со парче бакрно цевче со ф18 или ф 22 што ке се завари на адаптерот, и на крај од цевчето една тврда гума ке добиете маномер што може да мери компресија и на дизел мотори а не само на бензинци...
 
паметно(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom