S
Sattva
Гостин
Со дечкото кој се бакнував пред некоја вечер на сон, ноќеска повторно се сретнав. Само овој пат сме биле странци.
Јас сум била сама во еден тивок бар, целиот прозорци, сум пиела чај(на моменти сум мислела дека е кафе)... и тој влегол. Ме замоли да му дозволам да седне на мојата маса, зошто најверојатно барот бил преполн, иако оставаше впечаток дека освен нас двајца и келнерот, немаше жива душа (јас тоа не можев да го видам бидејки бев седната близу вратата, свртена со грб кон целиот простор... само така осетив). Јас, се разбира дека му дозволив да се смести на масата, ради човечност, не се работеше за друг вид на интерес. Тој пиеше кафе, разговаравме цело време, се запознававме... и мислев дека сум го однела кај мене дома, т.е. во дворот од мојата куќа... се додека не приметив дека разговорот се претворил во делење совети од областа на економијата од страна на Претседателот на нашата земја(кој седеше на стол поставен горе на масата, но, сепак, не оставаше впечаток на супериорност)
и пасивно учество и љубезно(добро, не “љубезно“, туку... “благодарно“) примање на советите од моја страна. За некое чудо, уживав во чајот и разговорот, а се надевам и Претседателот
))
(Инаку овој сон беше надоврзување на еден друг, во кој сум била во една бела, празна, долга и без врати, куќа, со едни девојчиња кои ми биле цимерки, и заедно сме го очекувале доаѓањето на други девојчиња... Куќата се наполнила со жени, сме разговарале многу (во реалноста не сум толку социјална)... од кои мислам дека познавам само две, од кои едната, со помош на некоја нејзина другарка, подоцна ми украде нешто. Јас чекав да се испразни куќата, за да на крај ја замолам девојката да го остави тоа што ми го зеде.)
Јас сум била сама во еден тивок бар, целиот прозорци, сум пиела чај(на моменти сум мислела дека е кафе)... и тој влегол. Ме замоли да му дозволам да седне на мојата маса, зошто најверојатно барот бил преполн, иако оставаше впечаток дека освен нас двајца и келнерот, немаше жива душа (јас тоа не можев да го видам бидејки бев седната близу вратата, свртена со грб кон целиот простор... само така осетив). Јас, се разбира дека му дозволив да се смести на масата, ради човечност, не се работеше за друг вид на интерес. Тој пиеше кафе, разговаравме цело време, се запознававме... и мислев дека сум го однела кај мене дома, т.е. во дворот од мојата куќа... се додека не приметив дека разговорот се претворил во делење совети од областа на економијата од страна на Претседателот на нашата земја(кој седеше на стол поставен горе на масата, но, сепак, не оставаше впечаток на супериорност)
и пасивно учество и љубезно(добро, не “љубезно“, туку... “благодарно“) примање на советите од моја страна. За некое чудо, уживав во чајот и разговорот, а се надевам и Претседателот
))(Инаку овој сон беше надоврзување на еден друг, во кој сум била во една бела, празна, долга и без врати, куќа, со едни девојчиња кои ми биле цимерки, и заедно сме го очекувале доаѓањето на други девојчиња... Куќата се наполнила со жени, сме разговарале многу (во реалноста не сум толку социјална)... од кои мислам дека познавам само две, од кои едната, со помош на некоја нејзина другарка, подоцна ми украде нешто. Јас чекав да се испразни куќата, за да на крај ја замолам девојката да го остави тоа што ми го зеде.)

и сум се пружила да земам две за моето кученце
... но нешто, некој глас ми рекол да ги оставам, дека тоа е веќе добро најадено... и така ме спречил. И тука се надоврзува нејзината мајка, која носела неколку торби наполнети со тие коски(само уште неколку останале на земја), и сум зела една да носам за да и помогнам, иако чувството не беше толку добро... и не знам како сме завршиле во една болница. Изгледа на другарка ми не и било добро, почнале да и земаат крв од прстот со еден, па со друг шприц... пробале и со третиот, ама тој останал празен. Повторно земале нов, повторно безуспешно. На крај таа не замолила да ја оставиме насамо со докторката (инаку имало уште неколку луѓе со нас), сме излегле... и од истата страна од тој ходник, од друга соба, излегло трчајки едно мало девојче(убедена сум дека беше истото што го сонував пред некое време), кое го бркаа едни двајца возрасни, валкани, мислам дека со многу темен тен, мажи... разбојници. На крајот од ходникот, до “нејзината“ соба, имаше поставено една стаклена врата... и девојчето проба од таму да избега, ама тие го фатија. Јас, без никаков страв, веднаш им се стрчав и почнав да ги удирам, да ги тргам од него... а во исто време да ја тргам и завесата од таа врата, за да влезе светлина, зошто знаев дека тие така би си заминале. Едниот го суредив, а другиот не знам како успеал да ми избега со малечката... Преку завесата ѕиркаше светлина, а кога излегов надвор (тоа инаку беше куќата на тетка ми, која претходно ја сретнав кај баба ми...), беше црна ноќ. Веднаш пред болницата/куќата имаше запалено гоолем оган, зад кој се криеше седнат разбојникот со неа. Јас знаев дека се таму... и после толку напори со очите, едвај го видов. Ама не го видов девојчето... тој го криеше некако во мракот... Иако, претпоставувам сум продолжила да му се противам, но изгледа не сум успеала да го најдам и ослободам... бидејки се разбудив
Инаку,да,малку сум настината ама не е страшно