Унгарците со устав се бранат од исламизација

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Ај добро, значи не убивале комунистите во име на атеизмот туку, атеистите убивале во име на комунизмот.
Зборам за политичката манипулација која е користена и е еднаква. Атеизмот по таа одлика, во ништо не се разликува во религиите, почнувајќи од слепото верување, па се до агресивното и насилно делување кај фундаменталистите. Единствената разлика се само каноните кои носат морални норми кај религиите, а кои се сосема исклучени кај атеизмот, што ги прави неговите приврзаници крајно поподложни на манипулација.
Абе не реков дека атеистите не убиваат луѓе, викам дека атеистите не убиваат во име на атеизмот!!!

Мислам, не е толку тешко за сфаќање... :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Абе не реков дека атеистите не убиваат луѓе, викам дека атеистите не убиваат во име на атеизмот!!!

Мислам, не е толку тешко за сфаќање... :)
Види и тука си грешка, Во Кина, Советскиот сојуз и така натаму се направени страшни злочини против верници само затоа дека се верници и само затоа што не се откажале од својата вера. Во чие име се тие убиства ако не во име на атеизмот. Кога викаме дека во СССР било забрането практицирање на верата, многу често казната значела смрт. Е сега, кога ги убивале, не им давале потврда дека ги убиваат во име на атеизмот...
 
Баш ме интересира некој линк или доказ што го потврдува ова.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Баш ме интересира некој линк или доказ што го потврдува ова.
Оди на претходната страна и прочитај го постот од Братот. Таму има линкови кои зборат за ова. Иначе по повод злосторствата на Комунистите (збориме за убиства на за верници кои не се откажале од верата, а некои не ни имале избор).
 
Н

нихилист

Гостин
Христијански морали? :pos:

Превземени од библијата, тие ќе не однесат на правиот пат. Библијата која одобрува ропство, библијата која вели убиј го комшијата ако работи во недела, библијата која се повикува на Бог кој е наводно љубов, а ќе те прати да гориш вечно во пеколот ако не играш по негови правила. Библијата, која ви ги наполни умовите дека креаторот на универзумот е опседнат со однесувањето на група мајмуни на една планета. Библијата која повикува на нетолеранција и убиства.

Од таму ние ќе влечеме морални вредности, и ќе градиме силна теократска држава. Како што беше напишано претходно, времето во кога владеела христијанската теократија се нарекувало Мрачно Доба. И вие го сакате тоа назад... Забегани верници, мајке ми. Време во кое секаков научен прогрес бил кочен и узурпиран од страна на Црквата зошто се косел со нивните промашени учења. Време во кое луѓето живееле во беда и незнаење... Речиси еден милениум пауза на човековиот напредок поради една затуцана доктрина.

Тука е и секако, поистоветувањето на атеизам со комунизам, небаре едното не може без другото. Онаа позната игнорантност позната кај локалниве верници, за жал, атеистите се комуњари! Иако, читајќи ја темава, цело време им се вергла за СЕКУЛАРНА ДЕМОКРАТИЈА... упорно запнале со комунизмот како директна последица на евентуално прифаќање на атеизмот. Алтернативи не постоеле... Патетично.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Абе не реков дека атеистите не убиваат луѓе, викам дека атеистите не убиваат во име на атеизмот!!!

Мислам, не е толку тешко за сфаќање... :)
Мудро говориш, да се биде убиен од атеист не е исто што и да се биде убиен во име на атеизмот.

Но токму атеизмот го создава моралниот вакуум каде што секој може да се однесува како Сатаната и без притоа да има грижа на совест.

Комунизмот е политичка идеологија официјално поставена на темелите на атеистичката доктрина.
Комунистичките власти го конфискуваа црковниот имот, пропагираа атеизам во школите и ја исмеваа религијата.

Ова е официјалниот руски весник со име „Безбожник“ издавана меѓу 1922 - 1941, а чија намена беше:
«Безбо́жник» — еженедельнаја газета атеистическој направленности, издававшајасја в Советском Сојузе с 21 декабрја 1922 года по 20 ијулја 1941 года (с перерывом с јанварја 1935 по март 1938) [1]. Газета јавлјалась печатным органом Центрального Совета Сојуза воинствујуштих безбожников. Главној цельју изданија јавлјалась антирелигиознаја пропаганда.

http://ru.wikipedia.org/wiki/Безбожник_(газета)

Под најголем удар беше Руската Православна Црква од проста причина што го имаше најголемиот број на верници. Скоро целото свештенство беше ликвидирано или праќано во концентрациони логори.

Најмонструозните масовни убиства на луѓе во историјата се случиле кога Атеисти ги презеле државните функции.

Иако нашата дискусијата не треба да биде сведена на сувопарна статистика кој убил повеќе, сепак поентата е дека безбожните системи генерирале далеку посурово и поголемо зло.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Најмонструозните масовни убиства на луѓе во историјата се случиле кога Атеисти ги презеле државните функции.
Братот, упорно тераш по истото, иако стопати било побиено на подфорум религија. Мене ме фрустрира, а верувам и другите, кога мора да го објаснуваме очигледното. Ќе побарам некој цитат, каде го имам објаснето ова со прост пример.
Мене највеќе ме иритира кога некој ќе каже Сталин и Пол Пот биле атеисти па види ги што направиле, демек заради атеизмот убиле милиони луѓе. Ајде уште еднаш ќе глумам овде captain Obvious и ќе го потенцирам очигледното.

Сталин ги убил сите тие луѓе заради контрола и моќ, атеизмот немал никаква врска со тоа, тој не убивал во име на атеизмот затоа атеизмот не смее да се обвини во овој случај. Исто како, хипотетичка ситуација некоја будала влезе во супермаркет и масакрира 20-30 души зошто жена му го оставила или го отпуштиле од работа, а по религија бил христијанин. Ех, христијанството да не е виновно или одговорно во овој случај? Не е... Исто како што Сталин не убивал во име на атеизмот, не знам ни дали е возможно да се изврши таква акција. Додека тогашните инквизиции, крстоносни војни, бомбашките напади денес се извршени во име на религијата и затоа religion must be held accountable што би рекол еден познат атеист.

Сакам да кажам, престанете со Сталин и Хитлер (без разлика што сите го тупат дека бил атеист, не бил)...
А еве. Твојата поента не би била погрешна доколку би ги тврдел дека КОМУНИСТИ (кои биле атеисти) убивале во ИМЕ на комунизмот, а не атеизмот. Истото можам да го кажам и јас за еден куп владетели, модерни и историски, кои се одговорни за смртта на голем број луѓе, и да го обвинам христијанството, зошто тие биле христијани а убивале за политички цели. Ја сфаќаш ли разликата?

Ние дискутираме за луѓе кои убивале во име на религијата, а не религиозни луѓе кои убивале за свои политички цели, ниту за атеисти кои убивале во име на својата комунистичка идеологија...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.980
Братот, упорно тераш по истото, иако стопати било побиено на подфорум религија.
Коа вие атеистите ќе кажете дека нешто било побиено на форум религија, може човек да си замисли како било побиено (и дали воопшто е побиено).
 
F

Frankie Yale

Гостин
Коа вие атеистите ќе кажете дека нешто било побиено на форум религија, може човек да си замисли како било побиено (и дали воопшто е побиено).
Еве го провокаторот... досаден си бре Војводо! Ќе тропнеш глупост и ќе те снема. На памет те научивме... Чудно, зошто не одговори на прашањето на нихилист, дали си ја прочитал Мојата Борба?

Кај се изгуби?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ти дечко не си дораснат за да можеш мене да ми се потсмеваш или пак оценуваш.
Дојди на религија и образложи ги своите религиозни убедувања, да видиме дали не сум дораснат да ти се потсмевам тебе и на твоето замислено другарче.

Партали ќе летаат од тебе, ќе си одиш со плачење...

Од премногу повторување на квази историски информации, умот ти заглибил малку, па способноста за критичко мислење ти е малку запуштена...

;)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Мене највеќе ме иритира кога некој ќе каже Сталин и Пол Пот биле атеисти па види ги што направиле, демек заради атеизмот убиле милиони луѓе. Ајде уште еднаш ќе глумам овде captain Obvious и ќе го потенцирам очигледното.

Сталин ги убил сите тие луѓе заради контрола и моќ, атеизмот немал никаква врска со тоа, тој не убивал во име на атеизмот затоа атеизмот не смее да се обвини во овој случај. Исто како, хипотетичка ситуација некоја будала влезе во супермаркет и масакрира 20-30 души зошто жена му го оставила или го отпуштиле од работа, а по религија бил христијанин. Ех, христијанството да не е виновно или одговорно во овој случај? Не е... Исто како што Сталин не убивал во име на атеизмот, не знам ни дали е возможно да се изврши таква акција. Додека тогашните инквизиции, крстоносни војни, бомбашките напади денес се извршени во име на религијата и затоа religion must be held accountable што би рекол еден познат атеист.

Сакам да кажам, престанете со Сталин и Хитлер (без разлика што сите го тупат дека бил атеист, не бил)...
Па истото може да се каже и за крстоносците и за инквизицијата и за бомбашите, они убивале и убиваат од политички причини исклучиво, не од религиозни. Крстоноците подеднакво рендале и муслимани и христијани и евреи. Инквизицијата ренда претежно христијани неистомисленици или оние кои политички се неприкладни. А од бомбашите самоубијци највеќе страдаат муслимани.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.980
Еве го провокаторот... досаден си бре Војводо! Ќе тропнеш глупост и ќе те снема. На памет те научивме... Чудно, зошто не одговори на прашањето на нихилист, дали си ја прочитал Мојата Борба?

Кај се изгуби?
Жалам што не го цените моето однесување.
А би требало.
Ја да се однесувам ко вие што се однесувате на форум религија, би очекувал многу по голем анимозитет, од оној кој јас го покажувам јас. Така да, не ме смеј со твоето шефувње, на форумов ќе правам што сакам и ќе пишувам што сакам. Ако има некој од редарствениците форумски тоа да го смета за неприкладно, ќе ме казни, во што се сомневам, пред се поради несфатливата толеранција која ја имаат за вас таму (на религија).
И да. За Хитлер. Прилично наивно, неинформирано делува ставот дека тој бил Христијанин. Дискусија за тоа не е ни потребна. Едноставно докази има премногу, што нема никаква врска со тоа дали јас ја имам прочитано Мојата Борба (а ја немам) и нема никаква врска со тоа дали јас сметам дека е неопходно на некој тоа да му го појаснувам.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 16:16 ---
Партали ќе летаат од тебе, ќе си одиш со плачење...
Ах, се јави нашиот мал форумски Химлер. Пазете се. Тој во секој втор пост ве опоменува: ќе шамара, ќе дига на клоци, партали ќе летале....
Затоа Брату те предупредувам и јас. Немој ни да си помислил да идеш у религија.

...ќе се скинеш од смеење.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Жалам што не го цените моето однесување.
А би требало.
Ја да се однесувам ко вие што се однесувате на форум религија, би очекувал многу по голем анимозитет, од оној кој јас го покажувам јас. Така да, не ме смеј со твоето шефувње, на форумов ќе правам што сакам и ќе пишувам што сакам. Ако има некој од редарствениците форумски тоа да го смета за неприкладно, ќе ме казни, во што се сомневам, пред се поради несфатливата толеранција која ја имаат за вас таму (на религија).
И да. За Хитлер. Прилично наивно, неинформирано делува ставот дека тој бил Христијанин. Дискусија за тоа не е ни потребна. Едноставно докази има премногу, што нема никаква врска со тоа дали јас ја имам прочитано Мојата Борба (а ја немам) и нема никаква врска со тоа дали јас сметам дека е неопходно на некој тоа да му го појаснувам.
Аха, а тие докази се понудени од некој сомнителен документарец од рандом Словенска телевизија. Батали тоа што тој самиот ја има нагласено својата верба во бог, ВО СВОЈАТА КНИГА...

И да, имаш право да правиш што сакаш. Но и јас имам право да ја исмевам твојата глупост... Јавен форум, слобода, јебеш га...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А еве. Твојата поента не би била погрешна доколку би ги тврдел дека КОМУНИСТИ (кои биле атеисти) убивале во ИМЕ на комунизмот, а не атеизмот. Истото можам да го кажам и јас за еден куп владетели, модерни и историски, кои се одговорни за смртта на голем број луѓе, и да го обвинам христијанството, зошто тие биле христијани а убивале за политички цели. Ја сфаќаш ли разликата?
Убивањето во „името“ на комунизмот е исто што и во името на атеизмот, бидејќи оваа политичка идеологија ОФИЦИЈАЛНО е темелена на атеистичката доктрина.

Ти беше чинам тој што тврдеше дека „христијанството го правело истото злосторство“, но никогаш не посочи кога.

Примерите за христијанските ликвидирања се базираат 99% на антиката (до 5 век) и средновековието, односно во 11-от век во кој крстоносците убиле околу 500.000 муслимани и евреи.

Бидејќи секуларизмот беше споменат како „најголема придобивка на 20-от век“ зошто најголемите злосторства во човештвото се случиле баш во овој век?

И кој според тоа го има полошиот биланс?

Дали примитивните општества пред 10 века се репер за христијанскиот свет денес? Не би рекол.

Најголемите суперсили на 20-от век, Русија, Германија, Кина чии режими беа(се) атеистички и секуларни, се одговорни за ликвидирањето на ok. 100 милиони луѓе севкупно.

Па ти играј си математика.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.980
Аха, а тие докази се понудени од некој сомнителен документарец од рандом Словенска телевизија. Батали тоа што тој самиот ја има нагласено својата верба во бог, ВО СВОЈАТА КНИГА...
Факти за Хитлеровото антихристијанство има многу. Линков не е ништо посебно.
Има многу моменти кои немам намера да ги разглабам (како на пример што значи за Хитлер зборот божје провидение и бог, а што значи за тебе...).
И да, имаш право да правиш што сакаш. Но и јас имам право да ја исмевам твојата глупост... Јавен форум, слобода, јебеш га...
Така е. Секој со своето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom