Унгарците со устав се бранат од исламизација

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Па да прочиташе малку погоре ќе видеше што бил по религија Хитлер.

Изворот го знаеш.
Понатаму, уште чекам некаков доказ за некој што извршил злосторство во име на атеизмот.

Инаку ако одиме по твојава логика, Хитлер, Наполеон, Садам, Хомеини, Џингис Кан, владетелите на САД, Русија, Британија итн. кои се одговорни за смртта на стотици милиони луѓе, а сите припаѓале на одредена религија, тоа значи дека религиите се невидено зло.
Па ти ако ме прочиташ подобро ќе видиш дека кажувам дека атеизмот, слично како и религијата (симптоматично многу слично на инквизицијата) е користено само како орудие.
Хитлер колку се грижел за својата вера покажуваат многу факти, како и цитатот што го наведов. Без разлика на инсинуациите за припадност во разни секти, дека Алистер Кроли му бил учител и сл. Христијанството само по себе, не може да донесе толку жртви. Само некој кој ќе изманипулира такво учење може.

Што се однесува на Атеизмот како орудие на левицата, тоа се докажа дури и полесно за манипулација од било која религија. Денешната левица, слично како и пред еден век, се состои од пропаднати интелектуалци, неприфатени во средината поради своето асицијално однесување. Се собираат околу едно патетично т.н. антиглобалистичко движење, и да биде лицемерието уште потрагично, во сојуз со хомосексуалците, фашистите, плукаат по современа „Хитлеровска“ Европа и истовремено ги криват Евреите за тоа што се случува во светот (притоа мислејќи на сопствените порази).
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 22:25 ---
Додаток: мозгалица
50% од државите кои ги постира имаат крст кој го преставува Христијанството наследство на знамето. Исто така многу од нив имаат закони кои се далеку похристијански од новиот устав на Унгарија, вклучувајќи и неколку антисиламистички закони(кои не се реципрочни кон Христијанството).

Да да, современата левица, претставена во социјал-демократијата е крајно агресивна опција.
Единствено место кај што можеа патетиците да се скријат беше таа социјалдемократската опција. Современа и прогресивна левица се нарекуваше и таа од пред 1 век.

Кој читал Мајн кампф, можел да прочита дека бил верник, односно верувал во бог кој ја создал ариевската раса и со чија помош ќе ги победел евреите. Христијанството го сметал за основа на германскот национален морал, а семејството за основа на германската нација (ми звучи познато... o_O ).
Тоа што имал тој во главата и што си го замислувал Христијанството како што него му одговара, не го прави Христијанин. Како што кажав, манипулирал и со христијанството и со Исламот. Зажалил што Европа не е Муслиманска, само заради фактот што полесно ќе ги натерал во војна.

Аман веќе jamajka, се уморив повторувајќи: неговата национал-социјалистичка партија била ултра-ДЕСНИЧАРСКА партија!!!
Национал-социјалистичка работничка партија?
Види му ја социјалната политика, Економската политика.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 22:28 ---
Додаток: мозгалица
И пак за мозгалицата, збориме за истите оние држави, просперитетни, што додека на истокот атеистите ги забрануваа крстовите во Школите, овие го градеа својот пропсеритет врз Христијанското наследство.
 
S

Sagan

Гостин
50% од државите кои ги постира имаат крст кој го преставува Христијанството наследство на знамето.
И ние имаме сонце на знамето... па бел ден не сме виделе.
Наследство крст, велиш? Па пишува за секоја од тие земји колкав процент ја смета религијата за битна. Колкав?
И зошто тоа да е христијанската? Може да е изворната нордиска религија која била силна и доминантна до 12-13 век...

Национал-социјалистичка работничка партија?
Види му ја социјалната политика, Економската политика.
Национал, нација, наци, НАЦИ... Хитлер ги мразел комунистите. Пишуе у книжулето негово.
 
I

Iblis

Шо да му видиш, пишано е национал-социјалистичка, а освен ултра-национализам, екстремна форма на фашизам и идолопоклонство на религиозна основа,нема ништо друго. Кај него во пракса нема ни социјализам ни комунизам, овие 2 термина ги презирал од "дното на душата"
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
И ние имаме сонце на знамето... па бел ден не сме виделе.

Национал, нација, наци, НАЦИ... Хитлер ги мразел комунистите. Пишуе у книжулето негово.
социјалистичка работничка партија, не постои десно ориентирана партија која е социјалистичка и работничка. И Мао Це Тунг се мразел со Сталин, ама ете и тој бил лев.
Иначе да, иако тебе во овој период од напредокот (пролетери на сите земји обединете се) не ти е познато да има делби во левите сили, ете имало во минатото
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 22:42 ---
Наследство крст, велиш? Па пишува за секоја од тие земји колкав процент ја смета религијата за битна. Колкав?
И зошто тоа да е христијанската? Може да е изворната нордиска религија која била силна и доминантна до 12-13 век...
Е зошто де да е Христијанска, и јас се прашувам, ама ете Христијанска е. Не е битно колкав број ја смета религијата за битна, туку колкав број го смета тоа Христијанско културно наследство за битно, тоа е тоа што се збори во темата, а не за Инквизицијација на Унгарија.
 
S

Sagan

Гостин
социјалистичка работничка партија, не постои десно ориентирана партија која е социјалистичка и работничка.
За жал, намерно го избегнуваш круцијалниот збор: „национал...
The party was founded out of the current of the far-right racist völkisch German nationalist movement and the violent anti-communist Freikorps paramilitary culture.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
За жал, намерно го избегнуваш круцијалниот збор: „национал...
The party was founded out of the current of the far-rightracistvölkischGerman nationalist movement and the violent anti-communistFreikorpsparamilitary culture.
Како што и ти ги избегнуваш двата круцијални, социјалистичка-работничка. Нели беше социјализмот премин кон комунизмот, или Хитлер мислиш не бил запознаен со Марксовото дело.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 23:08 ---
Кај ги снема наеднаш комунистите во Германија 1933 а? Јас незнам дека Хитлер ги однел во конц логор.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Основна карактеристика на левичарската идеологија е – стравот од стандард т.е. одбивањето да се прифати било што за репер според кој ќе се споредува она што се прави.
Од тука она папагалско повторување на фразата “црквата треба да е одвоена од државата“ и нејзиното користење за да се минира секој обид за промовирање и преродба на духовноста кај Македонците.
Не дека сакаат тие црквата да биде одвоена од државата, оти со неа немаат проблем, но тие би сакале религијата т.е. моралните вредности кои таа ги промовира да се одвоени од државата и да се тргнат подалеку од погледот на граѓаните.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Моралните вредности на МПЦ. :pos:

Ти си бил смешен дечко, јас до сега за озбилен те рачунав. Тешко на духовноста на Македонскиот народ ако таа зависи од свињите кои лицитираат лопати и возат џипови. Кој знае од кој Плутон ти си паднал...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кај ги снема наеднаш комунистите во Германија 1933 а? Јас незнам дека Хитлер ги однел во конц логор.
Социјализмот-Комунизмот не признава нација, како колективен идентитет, туку народ-како класа,
каде неможат да постојат национални интереси, туку партиски интереси.

Тоа е главната заедничка карактеристика.

Социјалисти биле и Мусолини и Хитлер.

Социјализмот исто се смета и за преодна фаза кон комунизам, односно тоталитарни режими.

Како може да се определи поимот „социјалистичка партија“? Следнава дефиниција прави обид, да ги прикаже најважните обележја:

Комунистичката партија во социјалистичките системи претставува здружение на граѓани, кое ја води и владее со целата заедница во вид на монопол.
Ваквата водечка улога партијата ја изведува од марксистичко-ленинистичката идеологија.

http://www.dadalos.org/mzd/Parteien/Grundkurs2/sozialismus.htm
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 00:10 ---
Моралните вредности на МПЦ. :pos:

Ти си бил смешен дечко, јас до сега за озбилен те рачунав. Тешко на духовноста на Македонскиот народ ако таа зависи од свињите кои лицитираат лопати и возат џипови. Кој знае од кој Плутон ти си паднал...
Моралните вредности на религијата. Моите постови ги читаш како ѓаволот библијата.

А твојата пренасилена реакција на секој пост во кој се споменува религијата многу повеќе открива за тебе отколку што ти мислиш дека успешно го криеш позади „забавните“ постови.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 00:23 ---
За жал, намерно го избегнуваш круцијалниот збор: „национал...
The party was founded out of the current of the far-right racist völkisch German nationalist movement and the violent anti-communist Freikorps paramilitary culture.
Додека многумина сакаат да го прикажаат Хитлер како десно-ориентиран, тој во својата политичка автобиографија самиот се дистанцирал и од десницата и од левицата кои подеднакво ги критикува.

Преводот треба да е:
НАРОДНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА. (National Socialist German Workers' Party)

Својата партија ја позиционира меѓу левите и десните, како несврзлива и противречна идеологија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Социјализмот-Комунизмот не признава нација, како колективен идентитет, туку народ-како класа,
каде неможат да постојат национални интереси, туку партиски интереси.

Тоа е главната заедничка карактеристика.

Социјалисти биле и Мусолини и Хитлер.

Социјализмот исто се смета и за преодна фаза кон комунизам, односно тоталитарни режими.

Како може да се определи поимот „социјалистичка партија“? Следнава дефиниција прави обид, да ги прикаже најважните обележја:

Комунистичката партија во социјалистичките системи претставува здружение на граѓани, кое ја води и владее со целата заедница во вид на монопол.
Ваквата водечка улога партијата ја изведува од марксистичко-ленинистичката идеологија.

http://www.dadalos.org/mzd/Parteien/Grundkurs2/sozialismus.htm
Поентата ми беше дека после 1933 комунистичкото движење во Германија, кое било масовно до тогаш, почнува масовно да се претопува во Нацистичкото движење на Хитлер, баш поради блискоста на двете идеологии и таргетираната група на население.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 01:05 ---
Моралните вредности на МПЦ. :pos:

Ти си бил смешен дечко, јас до сега за озбилен те рачунав. Тешко на духовноста на Македонскиот народ ако таа зависи од свињите кои лицитираат лопати и возат џипови. Кој знае од кој Плутон ти си паднал...
Абадон, види се колку омраза имаш во тоа што го кажуваш и во начинот на кој тоа го кажуваш. Незнам зошто ама ме подсетува на начинот на кој некои атеисти претходно набројани владееле со некои држави доста крваво. Тој момент на омраза кај атеизмот го кажувам како симптоматичен....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Абадон, види се колку омраза имаш во тоа што го кажуваш и во начинот на кој тоа го кажуваш. Незнам зошто ама ме подсетува на начинот на кој некои атеисти претходно набројани владееле со некои држави доста крваво. Тој момент на омраза кај атеизмот го кажувам како симптоматичен....
Не омраза, туку презир и потсмев.

Темата стана хаос. Се изначитав глупости во неа, од големи размери. Што бил Хитлер, што е левица, што е десница. Фактите се многу едноставни. Ниту еден деклариран атеист не убил верник затоа што бил верник. Можеби се потсмевал со него, можеби го презирал, но не го убил. Убиствата низ историјата кои се направени од атеисти не се мотивирани од атеист-верник спротивноста, туку најчесто се политички мотивирани. Од друга страна историјата е полна со примери како верниците убиваат атеисти, само затоа што се атеисти, или убиваат други верници затоа што се припадници на некоја друга вера. ТОЧКА. Тука приказната и фактите завршуваат. Сето друго ви е драпање колчишта.
Братот напиша дека левичарите (демек атеистите, што е безочно воопштување) не сакале урнек на исправно, односно морално однесување. А вистинскиот урнек го дава религијата. :D Тоа е лага која се граничи со глупост. Од Сократ наваму, преку неговото равенство разумно=добро, преку Кант кој тврдеше дека на другиот секогаш треба да се гледа како на цел а не како на средство, преку прагматичната моралност на Вилијам Џејмс, па преку Рорти и на крајот преку Теоријата на Праведност на Роулс, човештвото се обидува да ја постави моралноста како самоевидентна, заснована на разумот. Значи моралност која се потпира сама на себе, а не на страв од измислено другарче, кое е бескрајно добро, но кое создало свет во кој владее злото.

Секуларноста , тврдам повторно е најголемата придобивка на модерната цивилизација. Таа спречува алчни, неизбрани од народот, неквалификувани стоки да одлучуваат за животот на луѓето. Јас не сакам моето дете да учи дека постои еден ентитет, кој мистериозно има увид во целокупниот психички живот на индивидуата, и кое наградува и казнува. Тоа сакате да бидат вашите деца? Креатури кои се плашат од фантомски ентитети? Таму нека ви е, јас сакам моето дете да биде морално затоа што само ќе увиди дека моралноста е исправен начин на живот.

Историјата на христијанството оди отприлика вака. Крв, нехигиена, чума, педофилија, крв. Се работи за една организација, која е компромитирана до бескрај. Банда полуписмени идиоти кои вршеле погроми низ историјата, мачења, злосторства од невидени размери, се ви име на нивниот Бог, а се со цел богатство на овој свет. Potestas clavium, драги мои. Од нив ли ќе учиме моралност? Од посведочени арамии, педофили и масовни убици? Господ нека ни е на помош...:)

Исламот е агресивен, но секуларните општества не можат да се бранат од него со вртење кон христијанството, и напуштање на секуларноста. Постојат милион други начини да се пресече исламот. Исламот е ретардирана идеолигија, или идеологија на ретарди. Но и христијанството е истото тоа. Не можеме да се бориме против ретардирана идеологија со помош на друга ретардирана идеологија, само затоа што оваа е нашата ретардација...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Не омраза, туку презир и потсмев.
Значи не е ти како го гледаш, туку другите како го гледаат твојот пост, нели да беше наменет за тебе нема да постираше.

Темата стана хаос. Се изначитав глупости во неа, од големи размери. Што бил Хитлер, што е левица, што е десница.
Тоа беше испровоцирано од Карл во постот каде што прави карма каша со некои клишеа, па беше спомнат светскиот заговор, илуминатите , Хитлер, десница и левицата како спас од сето тоа. И така темата зема поопшт карактер, но не мислам дека е излезено надвор од поентата.

Фактите се многу едноставни. Ниту еден деклариран атеист не убил верник затоа што бил верник. Можеби се потсмевал со него, можеби го презирал, но не го убил. Убиствата низ историјата кои се направени од атеисти не се мотивирани од атеист-верник спротивноста, туку најчесто се политички мотивирани.
Ех сега ти ги идеализираш своите погледи, што не те прави ништо друго туку верник, кој слепо верува во атеизмот. Дали ставаш рака дека е така? Јас тврдам дека во комунистичките режими биле убивани луѓе само затоа што се верници и тоа од атеисти и тоа масовно. А точно е дека и тоа дека тие убиства биле политички мотивирани, од причина што религијата не е ништо друго освен идеологија и комунистите ја гледале како конкуренција, бидејќи практицирале атеизам.

Од друга страна историјата е полна со примери како верниците убиваат атеисти, само затоа што се атеисти, или убиваат други верници затоа што се припадници на некоја друга вера. ТОЧКА. Тука приказната и фактите завршуваат. Сето друго ви е драпање колчишта.
Не би направил разлика тука помеѓу конфликтот атеизам-религија, религија-религија од причина што манипулацијата е иста, а жртвите во краен случај се политички, за превласт и влијание. Ако некој Христијански крал сакал да владее со некоја земја, многу полесно би му било доколку владее со Христијани. Исто и во комунизмот, доколку некој комунистички диктатор сака да владее со некоја земја, полесно ќе му биде ако владее со атеисти. Колку и да сакаш да направиш дистинкција меѓу овие две работи, на крајот ќе се сведе пак на истото со таа разлика што сепак религијата има во своите канони силни морални нормативи, без разлика на тоа како некои ја практицираат.

Братот напиша дека левичарите (демек атеистите, што е безочно воопштување) не сакале урнек на исправно, односно морално однесување. А вистинскиот урнек го дава религијата. :D Тоа е лага која се граничи со глупост. Од Сократ наваму, преку неговото равенство разумно=добро, преку Кант кој тврдеше дека на другиот секогаш треба да се гледа како на цел а не како на средство, преку прагматичната моралност на Вилијам Џејмс, па преку Рорти и на крајот преку Теоријата на Праведност на Роулс, човештвото се обидува да ја постави моралноста како самоевидентна, заснована на разумот. Значи моралност која се потпира сама на себе, а не на страв од измислено другарче, кое е бескрајно добро, но кое создало свет во кој владее злото.
Дали мислиш дека сите луѓе се бескрајно совршени да можат да ги следат моралните нормативи во општеството без притоа да се плашат од нешто поголемо од нас самите. Ај замисли си некој тип што нема што да изгуби во животот, без никакви морални нормативи, што го спречува да почне да убива кого стигне на улица. Овие работи во последно време се повеќе и повеќе се случуваат, тоа е како последица од маргинализација на религијата и нејзините морални нормативи. Религијата му е потребна на човештвото, од причина што човештвото какво што е во моментот, без религија нема да има никаква солидарност.

Пак ќе кажам тоа што религијата е злопупотребена за манипулација на луѓето (слично како и атеизмот), не значи дека е непотребна на човештвото. Таа е ите како потребна.

Секуларноста , тврдам повторно е најголемата придобивка на модерната цивилизација. Таа спречува алчни, неизбрани од народот, неквалификувани стоки да одлучуваат за животот на луѓето. Јас не сакам моето дете да учи дека постои еден ентитет, кој мистериозно има увид во целокупниот психички живот на индивидуата, и кое наградува и казнува. Тоа сакате да бидат вашите деца? Креатури кои се плашат од фантомски ентитети? Таму нека ви е, јас сакам моето дете да биде морално затоа што само ќе увиди дека моралноста е исправен начин на живот.
Секуларноста секако дека е придобивка на модерната цивилизација и токму секуларноста ја направила онаа граница која ни кажува до каде може да се манипулира со помош на религијата. Но секуларизам не значи и целосно исфрлање на религијата и изучување на нејзините морални нормативи. Денешните закони по кои се води цел свет потекнуваат од моралните нормативи зададени од црквата. Поточно од Јустинијановите закони кои подоцна биле кодифицирани за време на Васил 1 и Лав Мудриот, денеска познати под името Римско(Византиско или Јустинијаново) право. Токму за тие христијански придобивки на модерната цивилизација се збори. Сакале, неќеле по тие закони се водат и муслиманските земји, и будистичките земји и атеистичките земји. Кога некои изолирани групи во Авганистан пробаа да ги сменат тие закони и да воведат други нормативи, во нашите очи, а верувам и во твоите, тоа се гледаше како терор. Значи сакал ти или неќел, твоето размислување е врзано со христијанските морални нормативи, но ете ти си решил дека си самосвесен да ги применуваш тие без страв. Но знаеш зошто луѓето ги крштевале(сунетисувале) своите децауште од мали и ги учеле на тие закони уште од деца? За да им ги вметнат тие морални вредности уште од мали, не дека сакаат да ги малтретираат сопствените деца, туку да ги заштитат.

Историјата на христијанството оди отприлика вака. Крв, нехигиена, чума, педофилија, крв. Се работи за една организација, која е компромитирана до бескрај. Банда полуписмени идиоти кои вршеле погроми низ историјата, мачења, злосторства од невидени размери, се ви име на нивниот Бог, а се со цел богатство на овој свет. Potestas clavium, драги мои. Од нив ли ќе учиме моралност? Од посведочени арамии, педофили и масовни убици? Господ нека ни е на помош...:)
А историјата на Атеизмот ни дава нешто поинакво, тазе се владеењата на атеистите и многу интензивирано се покравави.

Исламот е агресивен, но секуларните општества не можат да се бранат од него со вртење кон христијанството, и напуштање на секуларноста. Постојат милион други начини да се пресече исламот. Исламот е ретардирана идеолигија, или идеологија на ретарди. Но и христијанството е истото тоа. Не можеме да се бориме против ретардирана идеологија со помош на друга ретардирана идеологија, само затоа што оваа е нашата ретардација...
Не е исламот агресивен, туку практицирањето е сосема погрешно. Тоа што го направи Унгарија е далеку од напуштање на секуларноста. Или од кога стана осудата на хомосексуални бракови само работа на религијата? До вчера атеистите криминализираа хомосексуалност и за тоа се лежеше во затвор. Унгарија нема зошто да се брани од Ислам. Да беше Франција, Германија или Холандија, Белгија, ќе разберев, ама Унгарија? Тоа што се гледа како дел од Христијанската традиција која е и без тоа евидентна, не е напуштање на секуларноста.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не омраза, туку презир и потсмев.

Темата стана хаос. Се изначитав глупости во неа, од големи размери. Што бил Хитлер, што е левица, што е десница. Фактите се многу едноставни. Ниту еден деклариран атеист не убил верник затоа што бил верник. Можеби се потсмевал со него, можеби го презирал, но не го убил. Убиствата низ историјата кои се направени од атеисти не се мотивирани од атеист-верник спротивноста, туку најчесто се политички мотивирани. Од друга страна историјата е полна со примери како верниците убиваат атеисти, само затоа што се атеисти, или убиваат други верници затоа што се припадници на некоја друга вера. ТОЧКА. Тука приказната и фактите завршуваат. Сето друго ви е драпање колчишта.
Морам да се согласам со тебе. Верата не била нивниот примарен мотив за страдањата кои ги причиниле, но официјалната доктрина на комунистичката идеологија беше АТЕИЗМОТ.

Мал извадок, колку да ја нагласи твојата историско-религиозна игноранција:

The Soviet regime was ostensibly committed to the complete annihilation of religious institutions and ideas.[7] Militant atheism was central to the ideology of the Communist Party of the Soviet Union[8] and a high priority of all Soviet leaders.[3] Communism required the abolition of religion.[3] Convinced atheists were considered to be more virtuous individuals than those of religious belief.[3]
The state established atheism as the only scientific truth.[9][10][11][12][13][14][unreliable source?] Criticism of atheism or the state's anti-religious policies was forbidden and could lead to forced retirement, arrest and/or imprisonment.[15][16][17]

Прочитај си мало резиме:
  1. Persecution of Christians in the Soviet Union
    http://en.wikipedia.org/wiki/Persecution_of_Christians_in_the_Soviet_Union
  2. Soviet anti-religious legislation
    http://en.wikipedia.org/wiki/Soviet_anti-religious_legislation
Затоа во Русија меѓу 1917 година и 1987 беа донесени низа закони кои стриктно забрануваа религиозна определба и сурови казни.

Братот напиша дека левичарите (демек атеистите, што е безочно воопштување) не сакале урнек на исправно, односно морално однесување. А вистинскиот урнек го дава религијата. :D Тоа е лага која се граничи со глупост. Од Сократ наваму, преку неговото равенство разумно=добро, преку Кант кој тврдеше дека на другиот секогаш треба да се гледа како на цел а не како на средство, преку прагматичната моралност на Вилијам Џејмс, па преку Рорти и на крајот преку Теоријата на Праведност на Роулс, човештвото се обидува да ја постави моралноста како самоевидентна, заснована на разумот. Значи моралност која се потпира сама на себе, а не на страв од измислено другарче, кое е бескрајно добро, но кое создало свет во кој владее злото.
Ти дечко не си дораснат за да можеш мене да ми се потсмеваш или пак оценуваш.

Повторно од истиот линк:

The state was committed to the destruction of religion,[2][3] and to this effect it destroyed churches, mosques and temples, ridiculed, harassed and executed religious leaders, flooded the schools and media with atheistic propaganda, and generally promoted 'scientific atheism' as the truth that society should accept.[4][5]

Сега на сите им е појасно кон што се стремиш.

А за украинскиот геноцид, можеш да најдеш навистина многу информации на нетов, според тоа нема оправдување за твојата игноранција за злосторствата кои се причинети од атеистички управуваните држави.

http://en.wikipedia.org/wiki/Holodomor

http://www.holodomorthemovie.com/

Напротив, би рекол дека смислено затскриваш и агитираш во полза на атеизмот.

Секуларноста , тврдам повторно е најголемата придобивка на модерната цивилизација. Таа спречува алчни, неизбрани од народот, неквалификувани стоки да одлучуваат за животот на луѓето. Јас не сакам моето дете да учи дека постои еден ентитет, кој мистериозно има увид во целокупниот психички живот на индивидуата, и кое наградува и казнува. Тоа сакате да бидат вашите деца? Креатури кои се плашат од фантомски ентитети? Таму нека ви е, јас сакам моето дете да биде морално затоа што само ќе увиди дека моралноста е исправен начин на живот.
Не само што во претходните примери ти беше практично докажано дека не е така, туку ти упорно ја повторуваш манипулацијата од претходните постови.

Секуларизмот не забранува религија и не им налага на луѓе да се одречат од своите религиозни погледи, според тоа не ги ни спречува да размислуваат и дејствуваат согласно нивните религиозни погледи.

Според тоа, секуларизмот не наведува верски ограничувања при вработување во државните институции.

Затоа насекаде во западна Европа имаш неделни трансмисии на црковните обреди на државната телевизија, затоа државниот врв честита верски празници на сите верници и затоа имаме неработни денови на значајните религиозни празници.

Историјата на христијанството оди отприлика вака. Крв, нехигиена, чума, педофилија, крв. Се работи за една организација, која е компромитирана до бескрај. Банда полуписмени идиоти кои вршеле погроми низ историјата, мачења, злосторства од невидени размери, се ви име на нивниот Бог, а се со цел богатство на овој свет. Potestas clavium, драги мои. Од нив ли ќе учиме моралност? Од посведочени арамии, педофили и масовни убици? Господ нека ни е на помош...:)

Исламот е агресивен, но секуларните општества не можат да се бранат од него со вртење кон христијанството, и напуштање на секуларноста. Постојат милион други начини да се пресече исламот. Исламот е ретардирана идеолигија, или идеологија на ретарди. Но и христијанството е истото тоа. Не можеме да се бориме против ретардирана идеологија со помош на друга ретардирана идеологија, само затоа што оваа е нашата ретардација...
Само атеистички напоен ум може вака да резонира и да се расфрла со заклучоци базирани на индивидуални примери, се со цел да агитира против религијата во целина.

Веќе ти напоменав, дека не можеш никого веќе да прелажеш со своите искривотолчени интерпретации и твојата лична мотивација на темава.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Па ти ако ме прочиташ подобро ќе видиш дека кажувам дека атеизмот, слично како и религијата (симптоматично многу слично на инквизицијата) е користено само како орудие.
Хитлер колку се грижел за својата вера покажуваат многу факти, како и цитатот што го наведов. Без разлика на инсинуациите за припадност во разни секти, дека Алистер Кроли му бил учител и сл. Христијанството само по себе, не може да донесе толку жртви. Само некој кој ќе изманипулира такво учење може.

Што се однесува на Атеизмот како орудие на левицата, тоа се докажа дури и полесно за манипулација од било која религија. Денешната левица, слично како и пред еден век, се состои од пропаднати интелектуалци, неприфатени во средината поради своето асицијално однесување. Се собираат околу едно патетично т.н. антиглобалистичко движење, и да биде лицемерието уште потрагично, во сојуз со хомосексуалците, фашистите, плукаат по современа „Хитлеровска“ Европа и истовремено ги криват Евреите за тоа што се случува во светот (притоа мислејќи на сопствените порази).
Не е битно Јамајка, каква идеологија се користи или какво орудие.
Битното е дека НИКОЈ досега не убивал во име на атеизмот. За разлика од религиите. Тоа е целата поента.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Не е битно Јамајка, каква идеологија се користи или какво орудие.
Битното е дека НИКОЈ досега не убивал во име на атеизмот. За разлика од религиите. Тоа е целата поента.
Ај добро, значи не убивале комунистите во име на атеизмот туку, атеистите убивале во име на комунизмот.
Зборам за политичката манипулација која е користена и е еднаква. Атеизмот по таа одлика, во ништо не се разликува во религиите, почнувајќи од слепото верување, па се до агресивното и насилно делување кај фундаменталистите. Единствената разлика се само каноните кои носат морални норми кај религиите, а кои се сосема исклучени кај атеизмот, што ги прави неговите приврзаници крајно поподложни на манипулација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom