Спиење - вториот клучен фактор за постигнување на атлетско тело

Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Спиењето е дел од секојдневното функционирање, но многумина се во заблуда односно веруваат дека ако спијат повеќе ќе имаат повеќе енргија и ќе се чувствуваат подобро. Ова е многу неточно.

Додека спиеме, нашето тело влегува во различни нивоа на спиње. Постојат 5 нивоа и тие заедно формираат 1 круг.
Во текот на ноќта, додека спиеме, овие кругови се повторуваат се додека не се разбудиме. 1 круг трае околу 90 минути но варива од личност до личност.

Важната работа е: Постојат два начина на будење. Полни со енергија и во добро расположение, или пак изморени и во лошо расположение. Овие два начина не се поврзани со времетраењето на спиењето, туку резултираат со тоа дали ќе се разбудите по завршувањето на еден "круг" или прекинување на тој истиот "круг" од надворешни влијанија.

Тоа значи, ако завршите еден круг целосно и се разбудите, вие ќе се чувствувате добро и полни со елан. Но, доколку бидете прекинати од други влијанија (ви се оди по нужда, или пак некој ве разбуди) нема да се осеќате баш пријатно и ќе бидете "скиснати".
Кога ќе се случи да се разбудите сами по себе (односно сте го завршиле "кругот" успешно) но сепак форсирате кон повеќе спиење, постои шанса да не го завршите ново-започнатиот круг и повторно се враќате кон истата фаза на нерасположеност. И резултатот нема да биде само тоа што ќе бидете нерасположени, туку и ќе зависи од тоа како ќе ја искористите вашата енергија во текот на денот.

Заклучок: Како што спомнав погоре дека еден "круг" трае околу 90 минути, и некој ве советува дека токму вам ви треба 9 часа цврст сон, е многу неточно.
На секој му треба различно време на спиење, кој помалку а кој повеќе.
На оние кои им требаат помалку "кругови" во текот на спињето, треба да бидат посреќни со себе бидејќи ќе уживаат подолго во денот.

Забелешка: Дури и ако се случи да се разбудите по само еден "круг" односно околу 90 минути, и се осеќате свежо и одморено, тоа не значи дека на вашето тело не му требаат повеќе "кругови" потребни за мускулно растење.

Забелешка број 2: Доколку се разбудите на недовршен "круг" и веднаш се вратите на спиење, кругот нема да продолжи од каде што застанал, туку ќе започне нов круг.

Се надевам дека темава ви беше од помош.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Myers , се слагам со ова погоре , ама во просек и најпросто кажано 6-8 саата 9(индивидуално си е ) , се сосема доволно за целосна регенерација и одмор на мускулот.

Исто така препорачувам за тие шо се посериозни , пред спање одприлика 30г протеин ,пожелно казаин пошто подолго се разградува шо е таман за време на спиењето.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Јас спијам по 4-5 часа одприлика. Ама еден ден во неделата претежно недела, тие круговите што ги имаш објаснато ги вртам по 2 пати. Тоа е мојот стил на живот -активен 6 дена а 7миот кома.

Забелешка: Кога се будам за работа нон стоп сум нерасположен, а кога се будам и сум слободен расположен сум и денот го почнувам со утринско кафе, читање весник, и правење план како да го поминам
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
дали е битно да спиеш констатни 8-9 часа во било кое време пр. легнувам у 3 или 4 и спијам до 11-12 или мора да се легне порано?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
дали е битно да спиеш констатни 8-9 часа во било кое време пр. легнувам у 3 или 4 и спијам до 11-12 или мора да се легне порано?
Во текот на ноќното спиење се лачи HGH хормонот и тестостеронот.
 

TheShadow

Yeah Buddy.... Light Weight!!
Член од
1 октомври 2011
Мислења
143
Поени од реакции
21
Спиењето и тоа како помага во ББ. Треба да се спие од 8-10 часа а тие што се бават со ББ веке во 23:00 треба да се во кревет. Наутро кај 4-5 саатот во нашето тело најмногу се лачат HGH (хормон за растење) и ТСТ(тестостерон)
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
4
Јас спијам по 4-5 часа одприлика. Ама еден ден во неделата претежно недела, тие круговите што ги имаш објаснато ги вртам по 2 пати. Тоа е мојот стил на живот -активен 6 дена а 7миот кома.

Забелешка: Кога се будам за работа нон стоп сум нерасположен, а кога се будам и сум слободен расположен сум и денот го почнувам со утринско кафе, читање весник, и правење план како да го поминам
исто и јас ваков живот терав до пред еден месец но со самото тоа што еден ден си во "кома" кажува дека ти треба повеке спиење 7-8 саати пробај ке остетис голема разлика.кај мене имасе барем разлика кон подобро ....
--- надополнето: 9 мај 2012 во 03:46 ---
дали е битно да спиеш констатни 8-9 часа во било кое време пр. легнувам у 3 или 4 и спијам до 11-12 или мора да се легне порано?
имам прочитано во 2-3 книги дека природата се "рефрешира" од 22h до 5h и најубаво најздраво е тоа време за спиење....
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Jaс знам, имам разбрано дека ако го преспиеш периодот од 23:30 до 00:30 часот е за регенерирање мозочни клетки.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Jaс знам, имам разбрано дека ако го преспиеш периодот од 23:30 до 00:30 часот е за регенерирање мозочни клетки.
-Мозокот не знае колку е саат така да ова одма паѓа у вода.
ако претходното го занемариме
-Секој човек има различен биоритам така да саатот пак паѓа у вода.
ако и ова го занемариме
-Мозокот регенерира само мал дел од невроните и тоа нон-стоп.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
-Мозокот не знае колку е саат така да ова одма паѓа у вода.
ако претходното го занемариме
-Секој човек има различен биоритам така да саатот пак паѓа у вода.
ако и ова го занемариме
-Мозокот регенерира само мал дел од невроните и тоа нон-стоп.
Еднаш изгубен неврон е засекогаш изгубен неврон, друга ствар е што секојдневно губиме иљадници неверони тоа е непораветен процес
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
4
-Мозокот не знае колку е саат така да ова одма паѓа у вода.
ако претходното го занемариме
-Секој човек има различен биоритам така да саатот пак паѓа у вода.
ако и ова го занемариме
-Мозокот регенерира само мал дел од невроните и тоа нон-стоп.
другарот мислел друго најважни се првите 30 мин откако ке заспиеме од X причини исто така човекот сонува во првите 30 минути од заспивањето т.е. првите 30 мин од круговите што ги посочи myers
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
другарот мислел друго најважни се првите 30 мин откако ке заспиеме од X причини исто така човекот сонува во првите 30 минути од заспивањето т.е. првите 30 мин од круговите што ги посочи myers
Сонуваме во РЕМ фазата, не мора да значи дека е 30 минути од заспивањето. -.-
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Јас сум искрено за оваа тема добродојден , зашто имам проблемми со неспиењето, доагам од теретана , цели 10 саата до сабајле 4 саат сум на PC играм League of Legends . Всушност незнам ни јас како функционирам и како имам сила да ги дигам тие железа таму xDD
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Јас сум искрено за оваа тема добродојден , зашто имам проблемми со неспиењето, доагам од теретана , цели 10 саата до сабајле 4 саат сум на PC играм League of Legends . Всушност незнам ни јас како функционирам и како имам сила да ги дигам тие железа таму xDD
Хахаах е тоа е тоа брат коа гејмаш, и ја така праам али то е то што да се праи, не сме ние профи, може малце да забегаваме :)
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Хахаах е тоа е тоа брат коа гејмаш, и ја така праам али то е то што да се праи, не сме ние профи, може малце да забегаваме :)
така е , не сме професионални бодидилбери, дозволено ни е да забегаме малку ( малку поише) :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom