Републикански кандидати за претседател на САД

Член од
16 декември 2009
Мислења
1.330
Поени од реакции
1.180
Нас кој ни одговара?
Нас ни одговара таков што ќе ја стисне за м..а на Грција многу силно,а таков за жал нема, па според тоа кој и да е исто ќе е за нас.
Инаку за нив е сигурно поважно колкави ќе бидат загубите од снежното невреме во Минесота отколку дали Македонија ќе влезе во НАТО.
Тоа е затоа што сме ние за нив тотално неважна земја,а второ Македонија си ги исполнува обврските за праќање трупи,и тука завршуват сите приказни за САД.
Да не беше така ,тие,досега ќе извршеа таков притисок или врз нас(многу поверојатно) или врз Атина да овој проблем ќе беше одамна решен.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Тешко за предвидувајне кој ќе стане кандидат, се сеќавам дека прошлиот пат исто така на почеток други личности беа фаворизирани а не Обама или МекКејн. Динамичен процес е кампањата но искрено ја немам големи надежи дека ќе победи Републиканец иако Обама е релативно слаб претседател. Ако не се случи нешто големо Обама ќе добие втор мандат, ако ја опрај барем малку економијата не му бега победа, мо моје мислејне.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Интересно е што спрема обложувалниците предноста на Ромни во Ајова е значителна, но не и дефинитивна, (за победа на Ромни имаме коефициент околу 2.2, додека Пол има 3 а Санторум 4), додека на ниво на САД се смета за скоро сигурен кандидат на Републиканците (тука коефициентот за победа на Ромни е само 1.35, за Пол 14 а за Санторум 15.5). Големо изненадување е и метеорскиот раст на рејтингот на Санторум. Останатите кандидати полека испаѓаат од трката...

Инаку за заинтересираните за обложување на изборите во САД, би рекол дека коефициентот 3 на Пол во Ајова има вредност, со оглед на тоа дека рејтинзите на Пол и Ромни во оваа држава се скоро изедначени, а некои испитувања дури и му даваат мала предност на Пол.

Изборите во Ајова можат да бидат многу важни, затоа што ако Пол ги добие, тоа може значително да ја измени сликата. Луѓето имаат психологија да гласаат за победниците, така да евентуална победа на Пол во Ајова би можела драстично да го подигне неговиот рејтинг и во државите каде што Ромни има огромна предност.
 
А

Антоние

Гостин
Да, од онтолошка гледна точка, значи чисто идеолошка, невозможно е да бидеш либерален либертаријанец затоа што економските и личните слободи во суштина се едно исто нешто.

 
B

BooBojan

Гостин
Кој и да биде,прво ќе му биде тешко да го победи Обама,второ и да го победи Обама,тој претседател нема да диктира драстично менење на политиката на Чичко Сем.Таа политика е развивана какако национална стратегија,пред можеби 50-100години,и се знае отприлика по кој пат ќе оди и во наредните 50-100години,се со една цел САД да остане прва светска сила.Така да кој и да биде иден претседател на САД нема да смее многу да отстапува од неа.Инаку можат лесно да го симнат од тронот на САД кратко после евентуално добивање на претседателската функција.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Мислам дека ова значи крај за Рон Пол. Премногу е нерепубликанец за да биде подржан од републиканците. Санторум е како од учебник излезен републиканец. Нема да се изненадам ако на крајот го претрка Ромни...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Мислам дека ова значи крај за Рон Пол. Премногу е нерепубликанец за да биде подржан од републиканците. Санторум е како од учебник излезен републиканец. Нема да се изненадам ако на крајот го претрка Ромни...
Пол ќе притиска во следниов месец. Ако продолжи да бележи слични резултати најдобро е да се повлече. Каде ќе завршат неговите и гласовите на Гингрич ќе одлучи кој ќе биде републикански кандидат најверојатно.

Не сум убеден дека Санторум може да го победи Обама, иако може да го претрка Ромни.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 11:14 ---
Еве уште нешто интересно.
http://www.politico.com/news/stories/0112/71061.html
Особено овој дел. Rick Perry and Newt Gingrich are going to help Santorum.

Санторум очигледно е многу посреќен и покрај „поразот“.
http://bcove.me/cccep6fa
http://bcove.me/hme5l77x
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Пол ќе притиска во следниов месец. Ако продолжи да бележи слични резултати најдобро е да се повлече. Каде ќе завршат неговите и гласовите на Гингрич ќе одлучи кој ќе биде републикански кандидат најверојатно.

Не сум убеден дека Санторум може да го победи Обама, иако може да го претрка Ромни.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 11:14 ---
Еве уште нешто интересно.
http://www.politico.com/news/stories/0112/71061.html
Особено овој дел. Rick Perry and Newt Gingrich are going to help Santorum.

Санторум очигледно е многу посреќен и покрај „поразот“.
http://bcove.me/cccep6fa
http://bcove.me/hme5l77x
Се разбира дека ќе биде среќен, од тежок аутсајдер стигна да биде скоро равноправен кандидат. Гласовоте на Гингрич и на Пери веројатно ќе одат на контото на Санторум, а повеќето од гласовите на Пол би требало да завршат кај Ромни. Дали тоа ќе биде доволно за победа, ќе видиме. Мачно им е на републиканците моментално, од една страна се дават со мормонското потекло на Ромни, од друга страна и тие се свесни дека Санторум нема многу шанси против Обама.
Ќе биде весело...
 
H

HITCH

Гостин
Јас, уште од почетокот на овие избори, навивам за Санторум.
Тој е вистински десничар и човекот кој ќе успее да го победи Обама, иако многумина го сметаат за човек кој нема сила да му се спротивстави на Обама. Точно дека Ромни цел живот е во политиката, неговиот татко бил Гувернер, но поради религиското верување мислам дека нема да помине кај републиканците.
Исто како и минатите избори, Ромни ќе тера до крај и после ќе го шутнат дека е мормон.
Следен pit stop e New Hampshire, каде секогаш резултатите се спротивни од Iowa, исто беше за Реган, Буш постариот...
Воопшто не ме изненадија 25% на Санторум, вистински десничар е. Не е изненадување за мене што испадна „ѕвезда на вечерта.“

П. С. Мишел се повлече, откако заврши последна во Aјова. Народот си го кажал своето. :noze:

Rep. Michele Bachmann has suspended her presidential campaign after placing last in Tuesday’s Iowa Republican caucuses, she said today.
Извор: ABC News
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
а повеќето од гласовите на Пол би требало да завршат кај Ромни.
Доколку Пол е доволно паметен да се повлече. Се мислам дека дека луѓето на Обама ќе се потрудат Пол да остане до крај во трката, или барем до супер четвртокот. Потребно му е десничарите да се исплукаат меѓу себе, па после да има многу лесна работа, слично како со Мек Кејн.
Следен pit stop e New Hampshire, каде секогаш резултатите се спротивни од Iowa, исто беше за Реган, Буш постариот...
Сега за сега Ромни има околу 43% поддршка во Њу Хемпшир ама Ајова покажа дека се е можно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom